Сега не верувам во духови. Ама како малечка, прцул, со една другарка пробавме да повикаме. Тогаш се погоди и врнеше грмеше, и откога ни шушна нешто од под кревет не ни падна на памет друг пат да пробуваме
Никогаш не сум повикувала, а ни па ќе повикувам. Многу ми се патетични ваквите работи. Па уште деца кога го прават ова. Незнаејќи ни како да пристапат кон нив, ни ништо, седнале ќе повикуваат духови Повеќето од духовите не се баш добронамерни и само си наоѓаат домаќин од којшто ќе можат да црпат енергија и да го вознемируваат. Епа ќе си имате после маки, кога си ја барате бељата!
Верувам во духови, и сакав да повикувам со другарка,но ми рекоа дека тоа не требало да се прави дома . :/ не знам зашто..
Уфф страв ми е од такви работи.. После нема да излегувам надвор Баш сакам да видам дали е вистина и дали постојат ноо..... Ќе умрам ако ми се појави нешто или ако ми тропни
Сум пробувала неколку пати, ама било безуспешно а и јас не сум одела до крај.. Сум пробала само колку да видам како изгледа фамозното повикување на духови.. Верувам во овие ствари има многуууууу докази, снимки, раскажувања.. верувам дека сето тоа не е залудно.. Секако дека има и многу лажни изјави и приказни, меѓутоа добар дел од нив се и вистинити. Ме фати страв сама сум во соба
Повикувавме порано на шала знам ќе се собревме во друштво и ајде Али искрено не би го правела пак тоа и до некаде верувам дека постојат такви работи имам читано и гледано такви снимки. Само што страв ми е од тие работи, посебно сега кога сум сама дома
да ти кажам респонсибле од ова второто што го прочитав не сум се исплашила повеќе ниту од хорор филм така да ќе видиме како вечер ќе спијам иако не верувам во вакви работи
А јас да си прашам нешто. Видов дека има неколку девојки кои повикувале духови со чаша, нели ќе ја напишеш азбуката и потоа ти се движи чашата.. Јас уште кога бев помалечка, од внатре чувствував некоја длабока врска со мојот починат дедо кој не го ни паметам, умрел кога јас сум имала неполни 2 години. И дури еднаш додека се туширав, во потсвеста барав совет од него за нешто и како од внатре некој да ми проговори, незнам, не можам да го опишам мигот.. Е сега, сакам него да го повикам, сакам да исконтактирам баш со него, би било можно тоа? Ако воопшто знае некој..
Знаци стварно ако некој знае нека каже,па и јас да испробам,па после ке ви пишам дали верувам,дали не!
Морам да цитарам Сериозно викам дека ако некој знае да ми каже бидејки навистина во брзо време треба да дознаам!?
Јас знам еден начин што мајка ми ми го кажуваше Вака. Се зема еден лист и во круг се пишува азбуката. После се зема една игла се врзува на конец и се става во средината на кругот. Се повикува нечиј дух и се прашува. Тој ти одговара со тоа што иглата ке почне да шета по буквите А да и има уште еден што како мали сме го правеле! Се зема свеќа и ја ставаш. Повикуваш некој дух и ако е тука ке речеш = Ако си тука нека се изгаси свеќата (*на пример) Ама првиот начин е боље на мајка ми секогаш и успевало ! Сум повикувала 2-3 пати и еднаш ми се деси со другарка нешо толку морбидно што сеа за жива глава не би повикувала! Седевме навечер сами на 8 кат кај другарка ми (да идиоти невидени тоа 12 саат вечер ние духови ке викаме) и викавме како првиот начин и на тарасата (балконот) видовме бела силуета!!!!!!После и било страв да спие па отишла кај братучедка и
Па само еднаш иам повикувано духови и луге се ми погоди..Ама за БЛОДИ МЕРИ една другарка ми кажуваше точно е..
Ја, комшикава и братучедка ми како помали повикувавме духови седнавме у круг раце подадовме и нешто земавме да мрчиме, имавме свеќи запалено и некој листови од цветови, некој книги (ццц кој филмови сме ги гледале ) и наеднаш прозорецот ни се отвори, ние ко спискавме хаос настана, за малце ќе се запалевме од тоа свеќите.. После мајка ми ни призна дека го слушнала нашиот договор го подотворила прозорецот и кога ние бевме најмногу занесени на го тушнала, за да не исплаши, повеќе да не ни текне такво нешто ИНаку не верувам јас во ова повикување духови што знам језиво ми е некако
Сме повикувале како мали, со другарки,со братучедка ми. Има еден начин со правење крукчиња од хартија и на секое од нив испишување по една буква од азбуката, и ја редиш азбуката во круг и канче пластично од јогурт се става во средина и еден како херој ќе застане во средина на кругот и ќе повикува оџа (свашта, од кај е ова поима немам). Требало да биде темница и тој во кругот да вика-оџа ако си тука подигни го канчето, се додека не се подигне. Паметам дека бевме мали, до второ-трето оделение највеќе, и со постарите батковци и дадички од маало кај една другарка дома повикуваа оџа. Ние мали бевме и ни беше страв па дури не гледавме. И таман почнаа да викаат крцкало нешто како демек одел оџата по камења и демек почнало да се подигнува канчето у вис, влезе мајка им и почна да ни вика што сме правеле, запали светло, сеансата пропадна и веќе не ни текна на такво нешто, иако имаше уште по некој обид. Паметам едно повикување духови со лажици, не знам како беше точно, мислам дека беа 9 лажици, не сум сигурна и ги замотувавме во преклопена хартија па откако ќе го повикавме духот ги одмотувавме и некои беа обратно замотани. Исто знам и со азбука во круг на хартија и игла на конец да држиш на средина и да повикаш дух па да го прашаш и да ти одговара буква по буква. После дознавме дека ако повикуваш дух дома, дома и ќе ти останел, наводно тешко било да го истераш и никој не сакаше кај него да се повикува, па таа традиција со повикување на духови полека се искорени од нашето детство Кога си мал гориш од љубопитност за авантури, чудни работи, па мислиш дека ќе ја дознаеш иднината ако прашаш некој дух. Мислам дека секој што повикувал духови, го правел тоа како мал. И тоа воглавно беше за повикување на духови, Благодарам на вниманието p.s. Elensuskaa ме потсети уште на еден начин, тој со држење за раце и демек кој го повикал духот, преку него ќе зборувал, така нешто беше Е свашта сме се глупирале значи и ниту еднаш не ни успеа, само си замислувавме и фантазиравме дека има нешто необично.
Лелеле се изначитав се што сте пишувале така да не ни сакам сега да пробам А иначе мислам дека ова стварно се дешава а и башка доста гледам такви работи за духови па и за демони а и многу језиво ми е . Иначе ако ја имате програмата ID на кабловска пуштете ја секој ден дават за духови и такви работи како луѓето не можат да ги протерат од дома и слично а башка базирани се на вистински работи само што се разбира има реконстуркција на настанот.