1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Повикување на духови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Responsible, 9 јуни 2011.

  1. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    805
    Пол:
    Женски
    и јас имам викано духови, т.е ангели, како мала, во основно школо и стварно успеваше, цртавме срце големо, околу него ги пишувавме буквите и бројките и во средината стававме кругце и со конец и игла држевме и иглата се двиѓи по буквите. Во средината на срцето од едната страна пишувавме не, од другата да за ако е краток одговорот иглата ке се наведнеше накај не или накај да и да, на мене ми е успеало, викас трипати ангелу чувару мој те молам дојди и после ке прашаш ако си тука напиши да и иглата ке се наведне накаде да после ке го прашуваш било што и одговара, буква по буква иглата се наведнува накај соодветната буква и читаш, буква по буква се составува збор. сега дали погодува незнам, мали бевме, но составува реални реченици, мислам дека го пишува она што сакаме да го прочитаме, некако како да ни ја чита потсвеста, и тоа што сака да го прочита тој што го поставува прашанјето излегува... важно е на крајот кога сакаме да си оди треба да кажеш ти благодарам што дојде, за крај ни напиши чао, за да си оди ангелот и да не остане во куката и мислам дека тоа не е класичен дух и до сега ми нема наштетено... така да ако некој има храброст нека испроба и нека пиши ...аа и кога ке дојде можете да го прашате како се вика, дава вистинско име... интересно е :)
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    64
    Блуди Мери.. или Крвава Марија.. хоохох.. богами, страшно!! :)
     
  3. simon4etooo

    simon4etooo Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    186
    Никогаш не сум повикувала духови. Страв ми е, не си играм со вакви работи. :worried:
     
    На maca cvet му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Ништо ;) :)
     
  5. PunchMarmelade

    PunchMarmelade Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    31
    :D
    Па не верувам дека толку лесно може да се повика дух... :D А и да се повика,сигурно не би си играл бушава азбука :D
    Аман луѓе духовите не се налик човек,немаат благе везе со нас...Просто енергија си се :D
    Не се замарајте со такви работи...Не за друуго....Сите сме сензитивни,такада некогаш несакајќи може да си привлечеме х работи... ;)
    А тој што не е доволно искусен и силен не би можел да ја поднесе сиот тој напор.
    Нема играчки со такви ствари :)
     
    На Bitter-Sweet и Agrona им се допаѓа ова.
  6. Bellatrix

    Bellatrix Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    26
    Кога бев мала со другарките често "повикувавме духови" и иако ништо не се случи се испоисплашивме и од тогаш не помислуваме на такво нешто. :rofl:
     
  7. My.Cloud

    My.Cloud Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    59
    Девојки јас како што знам за Блоди Мери дека треба со свеќа во раката застанате во темна соба пред огледало, и ќе ја повикувате: Bloody Mary, Bloody Mary, Bloody Mary, Bloody Mary, Bloody Mary... на тринаесеттиот пат таа ќе се појави, ќе ви ги ископа очите, ќе ве доведе до лудило или ќе ве повлече во огледалото и никогаш повеќе нема назад.

    Не знам сега дали е вистина не сум пробала..Имам страв од такви работи :geek:
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  8. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    Леле што ми требаше да читам сеа. Сега се вртам на сите страни и гледам. Страв ми е некој дух сам да не си дојде, без јас да го повикам :lol:
     
    На Bitter-Sweet и My.Cloud им се допаѓа ова.
  9. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Никогаш не сум пробала. :|
     
  10. selma...selma

    selma...selma Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    22
    На сличен начин и ние повикувавме,и нели треба ритуал за да го избркаш, во спротивно ќе крши по станот.И еднаш додека ние другарки прашуваме така сконцентирано :D , дојде братот на другарката домаќинка и влезе во соба,ние сите букви и тие глупости ги сместивме под кревет и неуспеавме да го избркаме духот.Но чудно нашиот дух си отиде самиот,немаше потреба од ритуал за да го избркаме :rofl: Не верувам во вакви глупости, ми изгледаат како глупости на тинеџерки кои немаат друга забава.
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Имаат врска со нас луѓето, бидејки духот е она што останало од човекот кога умрел.И секако дека е енергија.

    Не е до психата и нема никаква врска со неа, има но во друга конотација, односно од духовен аспект кај човекот, ако душата по смртта на човекот, ја задржала целата карактеристика на неговиот карактер.Но, дека се е до психата кај човекот, не е така.

    Инаку, немам повикувано никогаш духови, но дека постојат, верувам во тоа.
     
  12. Rna

    Rna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    63
    Лелее кај најдов сега да го читам ова. :( :/
     
  13. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Со викање духови не си играјте, можи опасно да стани :)
     
  14. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    Аман те бре луѓе. Зарем уште ли верувате во духови ? о.О
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Верувам во духови,но никогаш не сум повикувала и никогаш нема да повикам.
     
  16. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    820
    Пол:
    Женски
    Би сакала да повикам, ама не сум пробала ајде тоа што ми е страв..
    Ама имам слушнато дека ако повикаш дух после тешко дека ќе го избркаш..

    Еднаш само како помала со мој тетин, братучед и брат ми викавме..
    Ама ништо не се деси, ама не го сметам како повикување, само зборувавме..
    Нема ни крв, ни стакла, ни свеќи :D
     
  17. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Не повикувам - Сами си доаѓаат :D :D :rofl: |(
    Шала на страна пашлива сум во врска со овие работи и кога со другарките гледаме хорори секогаш се кријам со уште 2 такви како мене со слабо срце :!: Ми се чини интересно но не сакам да се задевам со духови бидејќи може да стане опасно и + на некој места читам дека тешко е да се избркаат, луѓе споулавуваат или по дома прават неред :?:
    Сепак би сакала да пробам :D
     
  18. Taylor97

    Taylor97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    643
    Девојкии еве неколку недели со дригарките планираме, но неможеме да најдеме соодветно место затоа што никоја од нас не се осмелува тоа да го направи дома. :o
    Но, читајќи ги вашите искуства во врска со ова ќе ви признам дека ме исплашивте и се откажувам од таа идеја.
     
  19. Te.Ic

    Te.Ic Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    21

    МАЈКА МИ МИ ИМА КАЖУВАНО НЕШТО МНОГУ СЛИЧНО!
    Средношколка со цимерките, во истата оваа постапка. Дошле кај мајка ми дома на гости, им било интересно бидејќи во тоа време за тоа баш се зборувало и ајде да пробат. Кога го повикале и прашале кој е тоа бил комшијата што починал пред 2,3 години од пиење. Побарал од мајка ми да му стави една чаша ракија и да излезат од собата држајќи се за ракаљ без да се пуштат. Утредента ракијата ја немало а чашата била таму. Тие биле избезумени.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LudaDevojka

    LudaDevojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    62
    Како се повикуваат духови?Искуства на оние кои им успеало

    Како се повикуваат духови? Искуства на оние на кои им успеало.

    Крици, звуци, придушени гласови, гребење по ѕид, ладен воздух, кршење предмети, кошмари... вака на накратко, оние го пробале, го опишуваат повикувањето духови...во едно сите се согласни НИКОГАШ ПОВЕЌЕ. Дали е моќта на психата, дали е стравот во коски, бујната фантазија или вистината која не сакаме да признаеме, многумина велат, почувстував нешто тогаш, нешто што не можам да го објаснам, велат, тоа мора да се доживее!
    Иако, ќе си речете, повикувањето духови е само детска игра, многумина го тврдат спротивното.
    Не секој успеава да стапи во контак со оние од другиот свет или души кои најчесто се заробени меѓу два света, иако ретко...еве дел од нивните приказни, а Вие споделете ја вашата со нас.

    Постојат повеќе начини да се повикуваат духови, со игла и конец, со свеќи, со кристални топки, лажици, чаши. Еве дел од нив:

    На кружна маса држејќи се за раце

    Како: Еден комуницира со духот додека другите се држат за раце
    Потребно: Кружна маса, леб и свеќи
    Раскажува: Девојка која ја повикала починатата другарка

    Ова е еден ос постарите начини на повикување духови, според некои и успешен. Најчесто се практикувал кога семејството ќе изгубело член, па се обидувало да стапи во контакт со него.
    Понекогаш, клучна личност во ритуалот на поврзување со мртвиот е јасновитка, но не мора да значи.
    Според ритуалот, околу кружна масата, држејќи се за раце, стојат личностите од едно семејство или група која сака да повика дух. Бројот на учесници во ритуалот мора да е делив со три, а исто така на средина на масата се поставуваат свеќи, бројот на свеќи мора да е делив со три. До нив се поставува и леб. Се верува дека лебот и огнот ги привлекуваат душите.
    За време на повикувањето на духот само една личност зборува, бидејќи духовите полесно стапуваат во контакт со живите сако ако слушаат ист глас.
    Оние го се обиделе велаат ова е доста напорен начин на повикување на духови и дека многумина се откажуваат, затоа и оттаму се вели дека повикувањето духови е само игра. Но, велат тие го имаат познавање од оваа област, е потребно време и трпение.
    Потоа, личност која е медиум ги изговара следниве зборови:
    „Наш сакан/а (име на духот), ти носиме подароци од животот за смртта. Комуницирај со нас, ( име на духот) и движи се меѓу нас“.
    Доколку духот кој го бараат не се јавува, тогаш, собраните преку медиумот пробуваат да повикаат друг.
    „Ги повикуваме духовите кои се меѓу нас и кои сакаат да комуницираат со нас. Ве моли покажете се или дајте ни знак дека сте тука“.
    Зборовите се повторуваат додека некој дух не им даде знак.
    Млада девојка од Скопје ни раскажа дека таа и нејзините пријателки, откако читале на Интернет за повикувањето духови, го испробале овој ритуал, бидејќи очајно им недостигала другата која им починала. Таа вели дека се собрале повеќе другарки во нејзината соба, и откако запалиле свеќи почнале да го довикуваат името на прерано починатата другарка. Најпрво немало никакви знаци, а потоа почнала да се мрда завесата, иако било зима, и прозорецот и вратата биле затворени. Одеднаш, кога рекле дади ни знак, се изгаснала една свеќа. Тогаш, една од девојките, тогаш имале по 16-17 години се исплашила и избегала од собата. Таа вели да не го прекинеше кругот, можеби ќе го видевме нејзиниот лик.
    По таа вечер, таа неколку пати ја сонувала својата другарка, но вели дека не се плашала зошто знаела дека и таа е тука зошто и недостига.

    Викале дух со конец и игла – и се сменил животот

    Како: Со игла и конец на лист со напиша азбука
    Потребно: Игла и конец, лист со азбуката и бројки, свеќи
    Раскажува: Дарко, кој вели дека љубопитството скапо ги чинело, заборавиле да го избркаат духот, се вратил по нив
    Постарите знаат да кажат, не се будалете, со мртвите не си играјте, но љубопитството е толку големо, што често се заборава на опасноста, што навидум, обична игра може да ја донесе.

    Дарко, сега 27 години, се сеќава на своите средношколски години поминати во неговиот дом во Струга. Се’ почнало од пуста досада, а завршило, според неговите зборови, прилично лошо.
    Саботна вечер, се собрале кај него дома повеќе деца од улица бидејќи тој и сестра му биле сами, а имале и гости, братучеди од Скопје. Играле карти, се зезале, и сосема случајно братучетка му предложила да повикуваат духови.
    Собрале се’ што и е потребно, лист, игла, конец, кибрит и неколку свеќи.
    На еден лист прво во круг ја напишале азбука, а потоа броевите од еден до девет. Во центарот ја наместиле иглата со конец. Запалиле свеќи, Дарко вели, најверојтно непарен број.
    Потоа, бидејќи биле сите деца биле од иста улица решиле да го повикаат духот на сосетката која починала пред само неколку месеци.Неа, вели тој, сите ја сакаа, немаше свои внуци, па секогаш беше со нас, ни даваше колачиња со ореви и ни раскажуваше приказни.
    Според ритуалот, кој им го кажал братучетката почнале.
    Го напишале нејзиното име на три мали ливчиња и ги изгореле.
    „Го повикуваме духот на...Го повикувам духот на...и почнуваме да чувствуваме некој студен бран, а прозорците беа затворени. Го повикуваме духот на... почнале да се мрдаат завесите“, иако од никаде немаше промаја раскажува тој. Вели дека сите викнале од страв, но никој не сакал да се откаже.

    Следно прашање, дали си тука.
    Тогаш иглата со конецот која ја држела неговата братучека, бидејќи таа до знаела ритуалот, почнала да се мрда, Д...А... Сите помислиле дека таа го мрда конецот, за да ги заплаши.
    Следно прашање за духот , која година си роден. Конецот пак почнал да се мрда...1-9-4-1.
    Тогаш, раскажува Дарко, ние, соседите се погледнавме бледо. Тоа беше точната година кога таа била роденден. Секогаш ни раскажувала и убаво се сеќавале.
    „Стануваше се пострашно, а кога им кажавме и на моите братучеди и тие се исплашија“.
    Следно прашање, која година умре...
    Прво, тропање од другата соба, а потоа мрдање на конецот, 2-0-0-0, и тогаш почнале да врескаат.
    Како тие паничеле и врескале, тропањето од соседните соби станувало појако, пострашно, а во куќата била само тие. Одеднаш чашата која била на масата се скршила и тогаш решиле дека е време да прекинат.
    Братучетка му рекла да оди надвор и да ги изгори листовите и конецот и свеќата да ја закопа во земја. Така и сторил. Потоа пуштиле телевизија за да заборават на страшниот инцидент и да се смират пред спиење.Поминале два-три часа, соседите си заминале, а тие четворица почнале да се подготвуваат за спиење. Братучеката останала во дневната, а тие тројцата во нивната соба.
    Сред ноќ ги разбудило силно тропање од дневната соба. Потоа и женски глас, како вреска, како да бара помош, проследен со звуци на болка. Брзо сите тројца истрчале во дневната соба и запалиле светло, а таму братучетката лежела, мислиш во транс и се дере, а со рацете како да се бори, како да сака да тргне нешто од вратот.
    Почнале да ја будат, да викаат, по кратко ги отврила очите, бледа, исплашена. Тогаш низ солзи им раскажала дека сонувала старица, на околу шеесетина години, куцала на едната нога, и рекла ме заборавивте овде, и почнала да ја дави. Таа, се обидувала, но не можела да се спаси, иако старицата изгледала беспомошно и кревко.
    Тогаш таа им рекла, го заборавивме последниот дел од ритуалот, заборавивме да му речеме на духот да си оди, затоа тој остана меѓу нас.
    Затоа го повториле ритуалот, и три пати рекле, Духу на.....оди си. И повторно ги запалиле листовите и конецот.
    Но, иако се’ завршило, девојчето, се сменило, Често имало кошмари, малку спиела и се плашела ноќе да остане сама. Потоа, почнала редовно да оди во црква, да пости и да се причестува. Дарко вели од тоа се смири, но и по толку години, иако е мажена и има свои деца, ни забранува да збориме за таа ноќ.
    Дарко вели дека се’ уште не верува дека таа ноќ имале дух, дека се било коинциденција и дека братучетка му имала само кошмар, но... тоа со годините најмногу го тера да помисли дека можеби и постојат духови.

    Фатете дух на камера

    Како: Во темна соба поставете свеќи и чекајте знак
    Потребно: Камера, свеќи и темна соба
    Раскажува: Еден од најпознатите начини на повикување духови, применет во страшниот Паранормална активност
    Еден од начините да стапите во контакт со нешто натприродно, а при тоа да не си наштетите многу на себеси е преку камера.

    Појдете во соба и со себе понесете свеќи. Бидејќи белата боја е боја на невиност, на среќа, земете бели свеќи за да привлечете добар, пријателски насторен дух. Наредете ги свеќи на неколку места низ собата и запалете ги. Во агол поставете ја камерата и почнете да поставувате прашања,
    -Дали има некој тука?
    -Ако си тука дај знак?
    - Изгасни ги свеќите ако си во собата?
    А потоа излезете,зошто, и духовите се плашат од луѓе, а ако има некој или нешто во собата камерата ќе го сними, а вие ќе имате доказ.
    Се сеќавате на филмот „Паранормална активност“, кој е прогласен за еден од најстрашните хорори според вистинска приказна...тие на камера го снимија својот невидлив непријател.
    Има уште многу начини, со чаша, со лажици и брашно, со познатата окултна табла...што и да пробате, НЕ ЗАБОРАВЈТЕ да го избракате духот, бидејќи најстрашните работи се случуваат кога духот останува во домот, а ретко духовите се добри!!!

    Девојки знам дека има тема за духови но ова е друга, да се повикуваат се надевам ме разбирате :D ...
    Инаку текстот е преземен од мотика
     

    Прикачени фајлови:

    На Bitter-Sweet и QueenElena им се допаѓа ова.