како се испраќа? "завршивме до прашањата, може ли да си одиш?"? јас еднаш со другарките повикувавме духови.. но, не излезе ништо ко треба па не го пуштивме ни да си оди. често слушам некои звуци , а не сум ни единствена. синоќе татко ми слушнал крцкање на врата додека сите спиевме. можни ли е да е тоа затоа што не сме го испратиле?
Паметам кога бев 4то оделение со другар ми по цели денови гледавме повикување на духови и такви ствари и неможевме да спиеме 3 ноќи. Кога му кажавме на баба му на другар ми, таа рече дека не постојат и дека таа ќе оди пред огледало и ќе ја повика Блади Мери. Како низ сон се сеќавам дека зедовме стапови и ја чекавме пред врата ..И ништо не се деси.
Повикување на духови? Ain't nobody got time for that! Се е до потсвеста. Ако мислиш дека си видел дух, си го видел ама во твојата фантазија. Духовите можеби постојат, но сепак, не треба да си ги претставуваме во страшни личности... и тоа со Крвава Мери, тој што го измислил тоа, сака да ви каже дека чудовиштето е во вас, ние сме уствари тие чудовишта, кога ќе се погледмене во огледало се гледаме самите себе, а ние сме исплашени чудовишта.
Абе не знам што ми требаше да ја читам темава во десет за еден. Не дека ми е страв, него смешно ми е бе луѓенца. Какви духови какви врагови... Да бевме толку надарени немаше да мора да се смислуваат постапки за да се повикаат безтелесните суштества туку директно ќе разговаравме со нив, или барем телепатски. Патем, не ме сфаќајте погрешно ама викањево духови ми е на иста граница на умоболноста како и правењето магии. Бидејќи ако нешто повеќе постои од она што ние го гледаме претставува енергија која дејствува и се манифестира на одреден начин. Не мора да биде ни добра ни лоша, едноставно во себе повикуваш нешто страно и непознато кое немаш благе везе дали ќе се исклучи од нашата димензија али битно тебе ти е интересно па си го тераш ќеифот. Не знам која е поентата од тоа, ама не би ни сакала да проверам.
Јас искрено и не знам дали верувам дека духови постојат или не. Некогаш си велам се е до паметот,сами си правиме филмови,а пак некогаш мислам дека постојат,особено кога гледам нешто поврзано со нив. Знам дека порано на ID гледав Haunted Houses и навистина беше морничаво. За повикување не сум размислувала,а и не сакам дома такви чуда да правам.Од кај да знам што може да се случи.А поради сите приказни за крвава Мери,понекогаш и не можам да се погледнам во огледало, убедена сум дека не постои,ама ради филмовите што си ги правам. Јас би ви препорачала да не пробувате.
Е уште тоа фали, да пробам да повикувам духови Јас како што си сум плашливка ќе умрам на место, жолчката ќе ми пукни уфф прочитав неколку постови, ама не требаше да ди читам.. Си мислам вечер како ќе спијам Никогаш нема да повикам духови, оти во тој момент ако случајно шушне нешто ќе умрамм
Имам повикувано и чашата навистина се движеше. Ама другарка ми вика дека во Библијата пишувало дека е греф . Па ја не сум знаела,вистина е?
Никогаш немам повикувано духови а не ни планирам бегај таму и онака ми е страв да спиам навечер па уште и духовите ми фалат...
Сум имала искуство со духови и сеуште имам, на почетокот ми беше страв но сега веќе не се навикнав шо и да видам не ми е чудно... За испраќање 100% сум сигурна дека е точно баш ми има кажувано баба ми една случка, а за повикување не верувам.
Незнам во што да верувам,многу луѓе ми имаат раскажувано за вакви случки ама незнам ретко верувам во нив мислам дека ме лажат,и така во се верувам ама ова некако дека си збореле со нив не ми е за верба
Па би сакала да пробам ама нема со кого искрено и мене малку ми е страв ама не толку колку на моиве другарки
И јас сакам да повикувам, но другарка ми се плаши, па немам со кој. А сама нема шанси, треба таму за ритуали бла бла.
Одамна не бев правела ваква глупост. Летото бевме три другарки и се договоривме да повикуваве духови кај едната дома и запаливме свеќи напишавме азбука се држевме за раце и заедно зборуваве ако си овде и мегу нас дај ни знак и зедовме игла со конец и ја насочивме кон листот каде што стоеа да и не. И ако идеше на да, следно прашање ако не повторно додека не отиде на Да. Хаха потоа ни влезе една мравка во собата и велевме ајде духу на кој имаш да му соопштиш нешто нека оди мравката кај него. Абе глупости ама забавно беше
Јас лично немам повикувано духови, а и немам намера да повикувам бидејќи ми е страв. Но, имам слушано многу морничави приказни од блиски луѓе кои што повикувале. Искрено јас не би ви препорачала да повикувате бидејќи после ќе имате проблеми, односно ќе ви биде страв, а може и нешто полошо, не дај Боже.
Не можам а и не сакам да се замарам со такви работи . Ќе неможам да спијам 5 години. Неможев да спијам на раат 1 година поради тоа што бев на погребот на дедо ми, го видов мртов , иако моите родители не дозволуваа...
Исто и моите не дозволуваа да одам на погребот на дедо ми затоа што тогаш имав само 8 и пол години, и многу ми беше жал плачев цело време, а и разбирав ама тоа е од смртта не може да се побегне, а секако на блиските на човекот кој ќе почине ќе им биде премногу жал. Жално што мора еден ден сите да умреме
Како помали обично со братучедите кога ќе се собериме т.е на некои вечери или празници,демек ќе повикуваме духови бла бла пишувавме некои глупости на листот палевме свеќа и после секој посереж си бегаше кај мамичка и како потресени цела вечер. Шега настрана и покрај се јас си верувам во се,незнам таква сум и во вампири и духови демони..во се едноставно.Дури и многу често си се едуцирам себеси на интернет во врска со овие теми.