Пред десетина години се собравме повеќе другарки и решивме да повикуваме духови и да правиме магии. И застануваме сите околу кола, се фаќаме за раце, јас како единствена што знам англиски ја читам магијава што треба да ја отклучи колата. Сите мртви сериозни, свеќи околу нас, темница, ме слушаат како читам некои глупости што сум нашла на интернет. Ја кажувам магијата, ја фаќам кваката и вратата сериозно се отвора. И тука паника, општ хаос, сите вриштат, некои добри десетина минути мислиме дека имаме натприродни моќи, ние сме новите Фиби, Пајпер и Пејџ. Се до моментот кога не ми текна: абе, а проверивме на почетокот дали беше заклучена колата?
Дечки страв ми е на интернет да видам каква е крвава марија леле сакавме д пробаме со другарите ама се откажавме
Немам искуство, но би сакала да имам. Сум читала многу за ова, знам не е игра, туку е нешто опасно кое може да заврши со последици.
Сигурно имате слушнато за Ouija board (табла за повикување духови) дали знаете каде може да се купи ја има ли во Македонија?
Како да го повикам духот на баба ми? Би сакала да пробам, ако некој пробувал да повика дух од семејството и дали воопшто успева или слабо?
Еден другар ми кажуваше се собрале друштво и ајде ќе повикувале духови.. Тој бил со сестраму и другарите (полнолетни се сите) и ајде као демек на зфрканција .. не успеало ..па се решиле да ја повикуваат Блади Мери или крвава Марија и сестрата на другарчево била пред огледало се било ок додека 3 пат не изговорила те повикуваме крвава Марија и таа не забележала ништо чудно но сите останати да..Очите и беа цели црни ама ни белка ни зеница не и се познавало.Се прелашиле и братот нејзин и удрил шамар па се вратила во нормала ..е са незнам колку е за верување,јас донекаде и верувам се постои во светот..
Ние повикувавме духови кога бевме на екскурзија, но ништо не се случи..Дури на крајот целото тоа се претвори во голема смеа
Што убаво си читам и читам...Немам страв од вакви работи, но не би повикувала, не сакам да си играм со вакви работи, како што постојат добри и лоши луѓе така верувам дека постојат добри и лоши духови.Ние не можеме со живите да се справиме, а не па со мртвите. Инаку многу ми е и интересно да читам и гледам видеа и да слушам приказни.Мојата најверна другарка неколку пати го има сретнато духот на нејзиниот дедо, јас и верувам, не знам зошто...
znachi ke vi upadnam vo temava ne ni sakav da ja otvoram ama ete chisto da predupredam nekoi koi imaat zelba za povikuvanje. imam povikuvano ushte pred 5 godini so drugarki i mani shto ne ni beshe pogodeno na niedno prashanje tuku i duhot ne znael kako da se vrati nazad mu chitavme i molitvi odevme po lugje koi shto gledaat se rasprashuvavme i nikako ne uspeavme da go vratime duhot od kaj shto doshol. i den denes e so nas. ne go gledame nitu go chuvstvuvame tuku znam deka koga i da dignam igla sekogash pochuva so nekoi negovi razgovori. imaat mokj duhovite da vladeat so vas da vi diktira shto i kako da pravite so zivotot da ve manipulira nesvesno da go prifatite seto toa.ova e moeto iskustvo samo sakav da go spodelam so tie shto sakaat da probaat chisto da znaat deka ima moznost na sekogo da mu se sluchi ova. a ponataka vie si znaete..
Јас го имам правено со иглата и уште го чувам листот.Имаше опција буквите да ги напишишеш во круг(општи прашања за семејство така нешто беше или другарство роднини) или срце(за љубов) и као демек кога ќе заврши тоа не смееш да го фрлиш листот туку духот кога сакал тогаш тој ќе си заминел,требало да го прашаш.А исро иам слушнато за една случка со едни девојчиња кои го правела ова со иглата.Исто повикувалњ духови во нечија куќа, но на едно од тие девојчиња и било срав и седело во друга соба.Пи извњсно време девојчето си отишло зашто неможело веќњ са издржи и по патот накај дома ја удрило кола.Незнам колку е точно ова.
Kako дете ја гледав мајка ми со комшивката повикуваа дух и поставуваа прашања.Книга врзана со коноп и вметнат клуч кој од страна со показалците го допираат двајца.Потоа јас им кажав на другарките и прашувавме за школо оцени ,покасно и симпатии,еднаш знам погоди и бројки на лото ама не уплативме.Но после тоа живототми стана пекол,буквално секоја работа успева сомногу труд и туркање,и најлесната....не си играјте,тоа се стварно лоши сили,и не се духови ами демони кои, се претставуваат како починатите,идур читам морници ме лазат
Јас пробав, не постои Крвавата Мери, тоа се само измислени приказни. Не можам неа 3 саати да ја чекам да се појави на огледало, а неа никаде ја нема. Штета што не постојат и духови, ахх животот ќе ми беше топ да ми се појавеше некој дух, ма одма правам зделка со него да ми биде шпион, не мора да ми збори може и само со ДА, НЕ да ми одговара , а јас да го праќам да шпионира ако некој ме лажи или да си бидам сигурна дека тие што ги сакам се добри. Пошто дух ко дух да би постоел би можел да прелета и одма да ме информира дали е се во ред , за да не губам јас време. Штета што не постојат духови
Ајде штом ме праша за ДУХОВИ, кога си слободна да се договореме, ти ќе снимаш со камера , јас ке повикувам и ке ставиме доказ. Оти вака духовите не се предмети , па ми треба сведок, еве ти за да ставиме доказ.
Дека во темата за магии бараше доказ дека не постојат магии. И магијата не е предмет и може само да зборуваме дали постои или не. Ако сакаш истиот експеримент да го направиме и со магија и со повикување духови и да видиме дали постојат, дали ке ги видиме на камера т.е.
Ние со една пријателка ќе повикувавме и тоа сериозна магија. Запаливме свеќи две едната за мене другата за неа, ги држевме во едната рака со другата се држевме ние, таа ја читаше магијата оти знаеше латински, откако заврши сеансата, почнавме да слушаме како нешто зуе т.е шум. Пресреќни бевме, готово ние ќе владееме со светот. Се додека не си ги видовме кока колите отворени покрај глави.
Предметите кои се користат за правење магии постојат, коса, животни, конци, можеш со голо око да ги видеш затоа и реков правењето магии постојат. Е сега колку има ефект од тоа откако ќе се направи целиот процес, тоа треба да се испита. Магии постојат, но уште не сум завршила со испитувањето за да кажам дали треба да верувам или не....тука се чека А за духови ниту се појавија, ниту глас да им слушнам, значи се правев како што пишуваше на интернет и пак ги нема . Битно испитав сама дека духови не постојат и затоа и не верувам во духови.