1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Повлекување од факултет

Дискусија во 'Образование' започната од SilverGirl, 11 септември 2011.

  1. SilverGirl

    SilverGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    7
    поздрав драги мои феминки, не наидов на слична тема па решив да ја отворам. Се надевам е на соодветно место убацена.

    Самиот наслов кажува, сте биле ли во ситуација да бидете приморани да се повлечете од факултет? или некои ваши блиски....

    јас оваа година за жал, морам да се испишам од факултет и премногу ми е жал.
    се запишав пред 1 месец Прва година, ме примија, летав од радост, конечно нешто да ме исполни. Си правев планови ехеееј, летав во облаци.. неможам да го опишам тоа чуство. Навистина сакав да учам...

    за жал мојата радост кратко траеше, само 3 недели, сега оваа недела во среда требаше да одам да платам партиципација, а сега..
    А сега.. јас утре ке одам да си ги земам документите... ;(

    зашто?
    за жал, често се случуваат непредвидени работи како и во овој случај.
    Се запишав во Скопје, а сум од друг град...
    моите ме пуштија да студирам во Скопје, најдов и стан и све. Све обезбедено...
    за на крај да морам да се испишам, се прашувам, зашто мораше баш мене ова да ми се случе?? :sweat:

    долго размислував дали ке постапам правилно..
    и бев измеѓу.. како и да решев ке погрешев.. Но неможев да бидам неправедна кон моето семејство. :!:

    Татко ми се разболе и мора да оде на операција која кошта доста пари.
    А, ако јас заминам на факултет тој нема да може да се лекува поради финансиски причини.. Неможев да бидам себична и го презедов тој чекор...

    Ама, од тогаш постојано плачам... Неможам да се смирам..
    во Мај оваа година, јас се разболев , бев во Градска болница у Скопје 2 недели и повеке и тогаш издаваа премногу пари и пред тоа и сега на разни испитувања... и сега не се моќни и татко ми да иде на операција и јас да заминам на факултет во СКопје...
     
    На Sweetlove_0312 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Повлакање од Факултет

    Најверојатно темава ќе оди во канта ама како и да е ...

    Ако е вистина ...
    Јесте да си во тешка ситуација ама не е крај на светов и на веков уште ништо не е готово ...
    Какво е тоа откажување бре ? ! :^)

    -Mожеш вондредно да студираш

    -Можеш да работиш во Скопје

    -Можеш да се сместиш во студентски дом

    -Зависи кај живееш може и да патуваш ...

    Како и да гледаш решение има ...
    Вондредно како што гледам е најсоодветно . Ако веќе ти е до учење .
     
    На srcekrsacka и DeepBlue им се допаѓа ова.
  3. SilverGirl

    SilverGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    7
    Повлакање од Факултет

    дали навистина има решение?

    - не е лесно да најдеш работа во денешно време. па и во Скопје, мораш да имаш врски.

    - дали има решенње кога ни двајцата од родителите не се вработени? и цел живот работат со земјоделие и така ни обезбедуваат пристојен живот?
    а сега, едниот родител не е во состојба да работи, а тоа е главата на семејството, дали може мајка ми све да постигне??

    друго, зашто да иде темата во канта??
     
  4. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    Повлакање од Факултет

    се согласувам со vendi само би дополнил дека можеш и послем 2-3 години да се запишеш на факс никогаш не е доцна :)

    silver не е баш така како што викаш ти за работата, можеби требаат врски за некоја топ работа али не и за помалку платените, иначе во ск има работа за девојчињата особено, може платата е скромна но ако ти требаат очајно пари ке работиш било што дур не си најдеш нешто подобро :)
     
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.742
    Допаѓања:
    122.188
    Повлакање од Факултет

    Ситуацијата во која си ти е таа и најверојатно нема друг избор.Тешко е да си студент,особено како што наведе ти двајца невработени родители...сепак се потрудиле и жртвувале за да ти овозможат.Ова немој да го заборавиш,бидејќи не сите родители се такви.И да цениш.Му посакувам добро здравје на татко ти,а факултетот можеш да го ставиш во мирување-распрашај се како оди тоа,или кога се ќе биде во ред,да се запишеш повторно или да продолжиш вонредно.
    Нема зошто да се нервираш,биди сконцентрирана на татко ти ,немој да му отежнуваш повеќе,и тие гледаат и им е тешко што така се десило.
    Не е лоша идејата да побараш работа додека паузираш.Било што ;)
    Девојки,убаво прочитајте дека има силна причина за да се повлече од факултетот т.е. нема финансии,а не пак вонредно да се запише -и да плаќа поскапо.
    Не мора темава да оди во канта,само нека се смени насловот,ако веќе нема слична.
     
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Повлакање од Факултет

    Убаво и културно си напиша девојчето, нема потреба да се брише. Може само да се преименува. :)

    Сребрено девојче, се надевам не уплати партиципација ?? Ако си уплатила, распрашај се што, како да можеш да си ги земеш парите назад.

    Инаку, немој да се разочаруваш. Имам пример, една братучетка, се пресели од друга земја овде. Специјално за факултетот дојде, малку чудно ако ме прашуваш мене, ама ајде, нејзина одлука. Е, овде, и направија милион проблеми, не се запиша. Што направи ?! Зема, најде работа. Не една, ами три. Преку ден, работеше во супермаркет, навечер работеше во кафич, а некогаш, по потреба, одеше и во дискотека. Зборот ми е, дека си заштеди многу пари за таа една година, а годинава си се запиша таму каде што сакаше.

    Друго, кога се запишував јас сега, имаше една жена, 30тина години. Дури сега и се укажала прилика да се запише и секоја и чест, се запиша. Браво за неа.

    Немој ни случајно да се предаваш. Гледам дека си од Источна Македонија, од таму да патуваш нема шанси. Мој најдобронамерен совет ти е да најдеш било каква работа, ама во родното место. Не се лажи да идеш во Скопје, животот е скап. Ако сакаш да седиш во Скопје, треба да заработуваш минимум 250 евра месечно да можеш да се издржуваш, со најосновните потреби. Тоа ти е целодневна работа. Денес со завршен факултет не земаат толку, ме сфаќаш што сакам да кажам. Доколку можеш и знаеш, работи земјоделие. Не е ништо срамота, работа си е работа.

    Фамилијата нека ти биде приоритет моментално, не покажувај пред твоите дека ти е толку многу криво. Мислиш на татко ти лесно му е, да гледа како заради една непланирана работа, како што е болеста, ти патиш. Никој не е виновен затоа што се разболел, само надевај се што побрзо да оздрави. :hai:
     
    На Chocoholic.girl и danichap им се допаѓа ова.
  7. SilverGirl

    SilverGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    7
    Doozy и eli25 ви благодарам.
    Го напишав постот пошто немав каде, и мислев малку ке ми биде подобро.

    кога се нема доволно финансии можеш да се трескаш колку сакаш од земја
    ти нема спас.

    се надевам никој од тука што ме нападна како да убив човек нема да ја осети една ден немаштијата и да се бори од ден за ден за да преживее!!

    а сакав само да споделиме искуства....
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Повлакање од Факултет

    Силвер најпрво посакувам здравје на татко ти, ти ја пуштам сета среќа за да заврши се добро. Мила мислам дека најпаметно е да го ставиш факултетот во мирување за тоа можеш да се распрашаш одделно на факултетот на кој си запишана, има студентски прашања, откако ќе биде се во најдобар ред можеш да започнеш да одиш на факултет. Во меѓувреме работи нешто, се сложувам со Дузи да не доаѓаш во Скопје, скап е животот, можеби ќе заработуваш повеќе од твојот роден град, но верувај дека и ќе трошиш повеќе. Тоа е од мене, ако некогаш ти затреба помош или нешто слично слободно обрати се.. Ако можам секако ќе ти помогнам.. Поздрав и се најдобро! :*
     
  9. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Повлакање од Факултет

    и јас си заебав една година од факултет.. ама јас заради глупости!!
    се заљубив (под наводници) и отидов заради него да студирам во друг град против сите отидов ама го направив моето..
    и се сруши се затоа што испадна дека ништо не остана од мене и него и сега си почнав пак од почеток
    Сега планирам целосно да се посветам на факултетот затоа што ова ми е последна шанса..

    Мој совет да пробаш стипендија да си фатиш ако можеш и пола стипендија и да си работиш во исто време.. нема да биде лесно(мада што ништо не е лесно) ама ако толку сакаш верувај во себе и ке успееш!!

    ти држам среќа
     
  10. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Повлакање од Факултет

    Девојче според мене имаш решение ти кажаа и другите, ама сепак и јас моето да си го кажам, можеш да паузираш а можеш и подоцна да си се запишеш на факс никад не е доцна веруј ми, од кај знаеш можеби покасно ке ти дојдат подобри шанси за студирање, сега заврти се дома без гајле ке и помагаш на мајка ти околу татко ти и домашните обврски, не очајувај за факулететот има време и за него, и ја сум во слична работа да го оставам факултетот иако фрлив две години ама ете решив да заминам од овде тоа и ке го сторам и не ми е мака зашто знам дека не е никад доцна , Сепак битното е што ти имаш воља за факс и продужи да си ја раниш ке дојде ден кога ке имаш поголеми можности за истата воља да си ја реализираш.
    Посакувам татко ти да оздраве, и ти смири се им требаш на твоите смирена ;) Се ке си дојде на место без гајле :*
     
  11. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.602
    Допаѓања:
    23.142
    Пол:
    Женски
    Повлакање од Факултет

    За факултет барем никогаш не е касно, а татко ти е еден, посвети се на него и колку и да ти е тешко не покажувај, нему му е дупло потешко.
    Сакам да кажам ти ќе имаш уште многу шанси во животот и за факултет и за се, затоа не се нервирај.. Сфати ја целата ситуација дека едноставно така требало да биде,се се случува со причина..размислувај позитивно. Што е твое ке си дојде и факултет ќе завршиш и се..
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    111
    Повлакање од Факултет

    Silver на домашните сега им треба голема поддршка факултетот во твојот случај може да почека.Се сложувам со останатите дека можеш да поработиш во твојот регион за да заработиш некоја пара затоа што студентскиот живот не е баш ефтин.се надевам дека татко ти ќе оздрави.нормално и да се запишеш на саканиот факултето .со среќа и биди храбра. :)
     
  13. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Ехее колку души познавам што пропуштиле не една ами и две и три години за на факултет и тоа од брлив ум, не заради нешто друго.. Има и некои што не се пронашле во првиот, па се запишале на друг следната година. Па сите тие еве сега студираат, браво за нив што сепак продолжиле. :) А ова твоево повлекување има сосема оправдани причини. Воопшто нека не ти е тешко, ќе си се запишеш кога ќе имаш можност. Млада си и ништо нема да ти сменат тие една или две години (дали ќе завршиш на 23 или 24-25 пфф ;) ). Дајте сега сите се од себе и помогнете му на таткото, па и тој да не се чувствува виновен и да те гледа тажна. Само позитивна и се ќе биде во ред.
     
    На srcekrsacka и eli25 им се допаѓа ова.
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    те свакам како ти е , мене студиите ми се во пауза
    мораше така да биде од финансиски причини
    имам 2 години(што полека истекуваат) да ги обновам, ако не се што имам полозено до сега ми пропага во вода :sweat: :worried:
    за студирање не е никогаш доцна-ако навистина сакаш да учиш :!:
    постојат вонредни студии
    така да не се нервирај , и не плачи
    највазно е на татко ти да му е подобро, се ке дојде на ред :)
     
  15. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    За студии не е касно никогаш. Јас не се најдов себе си во првиот факултет,се повлеков.После пауза од 4 години се запишав на тој што сакав.И еве ме,супер ми оди! Немој да се нервираш за тоа.Знам дека сега ти е многу тешко,ама ако навистина финасиски не можеш да издржиш,тогаш подобро паузирај го,па продолжи покасно. Пак ќе ти кажам,ако сакаш никогаш не е касно! Ајде со среќа и без нервирање :)
     
  16. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    јас останав бремена и морав да се повлечам од факултетот одев до 4 месеци бременост и после престанав да одам без да кажам дека сум се откажала :sweat: ќе има ли некој проблем ? на пауза сум 4 години и документите ми се таму се наплаќа ли нешто што ми седат таму документите?на пример и ако сакам да ги вратам назад ? зошто може и ќе се префрлам на друг факултет
     
  17. Cija-si

    Cija-si Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    50
    се плаќа 1000 денари од секој паузиран семестар, како стојат работиве, сега ако сакаш да се вратиш би платила 8 000 денари. но сепак прашај, наједноставно јави се на факултет ќе ти кажат сигурно
     
  18. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Зависи на кој факултет си , на ФЕИТ за пауза се плаќа по 500ден од семестар. А доколку сакаш да си ги земеш документите, за да се запишеш на друг факултет околу 2000ден мислам дека е.
     
  19. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    филолошки факултет ама ме мачи тоа што не кажав дека сум на пауза ,да не знаеш колку се плаќа на филолошки за 4 години што ми ги држеле документите/ 4000 како што сватив или повеќе? за да си ги земам назад
     
  20. Untamed

    Untamed Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Сакам да се откажам од факултет

    Само ми треба помош околу тоа што е потребно лошо е тоа што веќе уплатив за втор семестар 1ва година од лични причини сакам да се откажам и што е потребно да направам да однесам за да расчистам
    На Филолошки сум англиски и книжевност

    Тенкс ин адванс