Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Повлечени сладоледи на „Милка“ и „Кит-Кет“ со присуство на етилен оксид

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од The Saturdays, 6 август 2021.

  1. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    587
    Апсолутно ,но го нема тој вкус ,а па за изглед ич да не разговараме ,значи по два часа црнее... Сега веќе ми е јасно ќ. Убаво дома си правам ,веќе нема ни да купам.
     
    На cresa-jagoda и Tea678 им се допаѓа ова.
  2. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    5.180
    Пол:
    Женски
    Го заборавив најважното, за згуснување на сладоледите, се користи karagenan e407, оваа хемикалија се лепи за слузокожата на дебелото црево, при дефекација се одлепува, правејќи рани, не мора да значи, ама тоа се големи шанси за рак на дебело црево, ама важно пари нека се прават, што е важно здравје:party:
     
    На emiliana, Kanya, franca и 3 други им се допаѓа ова.
  3. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    32.562
    Пол:
    Женски
    Не знам дали нешто може да се каже дека е здраво во денешно време. За жал зависиме од сите хемикалии, конзерванси и други средства кои се користат во исхраната, посебно во индустриски прозиведената. Прекумерната побарувачка налага употреба на разни хемикалии со цел да може да се прехрани целото население. Овошјето и зеленчукот, па и житарките се прскаат со разни отрови за да имаат поголем принос, а да не зборувам што им се дава на животните :|
    Дури ни домашно одгледани растенија без прскање не можеме да сме сигурни дека се 100% здрави, самата почва и вода се загадени.

    Она што сакам да го кажам е дека секојдневно внесуваме дози од забранети или отровни материи, сакале ние или не. Тоа може да биде преку храна, пијалоци, цигари, козметички производи па и преку самиот воздух. Но, важно е колкава е таа доза, како што е напишано и во статијата. Добро е што се открило дека во сладоледите има етилен оксид над дозволените граници за да се спречи нивната почеста и поголема конзумација.
     
    На Amelia, PaLaVa, jEwElRy и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.855
    Леле аман со апокалипсата намалете. ОК е здрав живот, ок е свесност за штетноста на хемикалиите кои се користат, ама овде како сте се изнапишале за секоја можна состојка, болести, врагови, досега еден човек не ќе останеше.

    Отровот за вошки и други многу полоши супстанци се користат и во агрикултурата, и тоа на големо. Лупење не помага, отровите навлегуваат во овошките и зеленчуците. Ако барате што сѐ е штетно, психички ќе се оболите.

    Очекував темата да продолжи во насока на повлечени продукти и слично, свесност и се тоа, ама како гледам, некој депресија ќе фати од темата.

    Плус голем дел од хемикалиите кои се користат се штетни кога секојдневно и во изобилие се консумираат. Сладолед цела година да јадеш нон стоп, прво од шеќерот нешто ќе развиеш.

    П.С. @NarCis@ и @GrimTheReaper да кажат дали се ок :D
     
    На lovestoneddd, Waverly Raven, WildMk и 13 други им се допаѓа ова.
  5. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    2.846
    А „МАРС“ сладоледите, беа некаде споменати? Ја ко за беља изедов 6 мали у кутија што се, претходната недела, за да утрето прочитам нешто вакво и почнам да паничам.
    Ама, прочитав дека не е штетно во мали количини, така?
    Мислам... Кој знае што све јадеме, а не е испитано :(
     
    На Гладиоли му/ѝ се допаѓа ова.
  6. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.168
    Допаѓања:
    180.619
    Пол:
    Женски
    Само ќе кажам тоа што нема да нѐ убие, нѐ прави посилни :D
     
    На Waverly Raven, Ahoy, Oneo и 8 други им се допаѓа ова.
  7. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    909
    Пол:
    Женски
    Повлечени сладоледи на „Милка“ и „Кит-Кет“ со присуство на етилен оксид
    Ве молам кажете ми што мислите.
    Јас пред месец дена претерано јадев Кит-Кат сладолед.. можно ли е канцер да се развил во мене?????:worried::worried::worried:
     
  8. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    2.846

    Тоа е тоа што прави паника, ич не можам да ги разберам вестите и информациите што само ги копираат и споделуваат сите портали у низа.
    Сметам дека не треба да се секираш воопшто. Читав дека овие состојки може да ги има во многу други производи и не можат да се види нивната присутност во одреден производ ОСВЕН ако не се направат крајно ситничарски анализи во лабораторија. Мислиш дека во другите работи што јадеме нема канцерогени состојки? Све е полно со глупости. Веќе не е сигурно ни сам да си одгледуваш па да си јадеш.

    Без паника!

    Како и да е, имаат оставено некаде е-пошта за да им се пише и да се праша што-како, доколку некој од потрошувачите е засегнат. Имаше дури и инфо дека, ако имаш дома неотворени сладоледи од тој тип, можеш да ги вратиш со фискална на продажното место, до 31 август.
     
    На Amelia, PaLaVa, Ahoy и 4 други им се допаѓа ова.
  9. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Се уште сум во шок, тагување и неверување;(
     
    На Hortenzija, lovestoneddd, NarCis@ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    60.023
    Пол:
    Женски
    Жими милка од лешник летово ме радуваше, ама не, I can't have anything pretty.
    Една работа ќе ја сакам, канцерогена ќе испадне, пу, кур од платипус да јадам со ксметов.
     
    На lovestoneddd, bicycle, Waverly Raven и 14 други им се допаѓа ова.
  11. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    5.180
    Пол:
    Женски
    Следен пат можеш да ме цитираш кога ќе ме спомнеш, јас живеам на село и јадам здрава храна, не јадам прскана храна, можам да ти набројам 300 здрави рецепти од природни палачинки и сладоледи и чоколади, и да никој не умре ама гледаме дека денес не постои здрав човек, ама очигледно сакате да ве лажат па ајде што има врска отрови има во се, и уште ова, не може психички да се оболам ако живеам здраво и се занимавам со паметни работи, толку од мене на оваа тема, немам намера да се објаснувам понатака.
     
    На темјанушка, deskarada, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.855
    Општо мислев на темата, не ни гледам многу никови и аватари.

    Убаво за тебе што живееш на село, 99% од луѓето ја немаат таа привилегија. Друго, јаболкница што не е прскана воопшто, раѓа 5 јаболки годишно. Трето, кој како сака нека живее, немам против. Четврто не е точно дека човек што јаде само органско нема да има психичка болест. Пазење на сѐ и опсесивно барање причинители на болести е дијагноза.
     
    На MeowMeow, lovestoneddd, f.girl и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.855
    Blissful ignorance Кејти :D
     
    На IRBBB и KateKane им се допаѓа ова.
  14. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    1.478
    Се согласувам со поголем дел од работите кои ги напиша во претходните коментари. И се согласувам дека јадеш поздрава храна со оглед дека живееш на село, за разлика од оние кои живеат во градот. Истражувањата кажуваат дека и во руралните средини почвата е загадена само во помала мера, некогаш од водата со која ја наводнуваат или пак со пестицидите. И не постои земјоделска култура која не е барем еднаш прскана со пестициди или други препарати. Затоа што со текот на годините се појавуваат нови видови на штетници кои ги напаѓаат земјоделските култури или пак садниците со овошки. Ако не се прскаат воопшто нема да има никаков род бидејќи штетниците се немилосрдни. Дури и на некои од нив не делуваат веќе препаратите од порано, па мораат земјоделците да набавуваат нови кои се далеку поефикасни. Дополнителен плус за земјоделците е тоа што користат и природни препарати против штетниците и на таков начин во помала мера се намалува квалитетот на земјоделскиот производ. Оваа моја реплика е само за да го надополнам твоето мислење. Не е никаков вид на провокација или одење контра твоето мислење.
     
    На темјанушка, Waverly Raven, Mikha4 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Јас пак отсекогаш ги избегнував тие сладоледи, т.е. тие замрзнати познати чоколади, чисто поради неоригиналноста во вкусот, ама не верувам дека другите сладоледи кои ги јадам се нешто "поздрави".

    Пред неколку години имаше сличен муабет за Сникерс чоколатцата, беа повлечени од заборавив која ЕУ држава, па почнав ретко да ги купувам производите на таа фирма.
     
  16. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Истото мислење го делам. Како почвата, водата и воздухот да не се загадени.
     
    На f.girl и IRBBB им се допаѓа ова.
  17. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Целта на конзумеризмот е моќните да станат уште помоќни.
    Не е да се прехрани населението, на никој не му е гајле за тоа.

    Ако им носи профит и отров би продавале.
    И продаваат.
    Еве на пример, цигари (никотинот е природен пестицид), сосема легално, се додека е оданочено.
    Кафе, кофеинот е најголем нерегулиран стимулант, па децана се пукаат со „енергетски пијалоци“ и ги стегнува срце...
     
    На темјанушка, Mikha4, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.091
    Допаѓања:
    26.927
    Среќа шо пола од нас не јадат толку скапи сладоледи оти немаме толку буџет :( ... Сепак за полуксузните сладоледи станува збор... Конечно оваа сиромаштија добро да донесе.
     
    На Ahoy, Oneo, cooll и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Се прашувам во тие за сиромашни што има :worried:.
     
    На Albertos, mal.ecka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.932
    Пол:
    Женски
    Па и е за апокалиптични сценарија само што вакви работи не излегуваат на површина и често се скриени па не сме ни свесни што реално конзумираме.Денес секој втор човек има хронични болести, канцерот исто е во подем, па тие работи и не се за занемарување.Членката што пиша како да прочитав дека работела на некаков институт за природна медицина, не знам што е тоа и колку е релевантно ама дека полека полека се труеме преку милион адитиви кои не ни знаеме дека постојат е точно.Не е опсесија туку нормално резонирање да се внимава што се одбира место да се јаде првото што ќе дојде во рака.Јас искрено не би мислела да отидам да живеам во предградие или некое село во близина па да си садам и да си одгледувам само за лични потреби ама тоа е што е, немам можност.
    Хмм па не е дека е целосно неточно.Треба да се спомне дека тоа што го јадеме има огромно влијание врз менталните процеси а со тоа долгорочно сигурно влијае на влошување или подобрување на психичките болести како анксиозност и депресија.
     
    На темјанушка, franca, deskarada и 1 друга личност им се допаѓа ова.