Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Повлечени сладоледи на „Милка“ и „Кит-Кет“ со присуство на етилен оксид

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од The Saturdays, 6 август 2021.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    И без да ставаат вакви или такви супстанци, гледаме по форумов колку појма немаат како се јаде и слабее здраво.

    Ама ќе најдат некоја супстанца и оп, сите демек загрижени за здравјето. Ахам.
     
    На mal.ecka и truffles им се допаѓа ова.
  2. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    Каква е таа природна медицина? Ми звучи ептен неакадемски, особено тоа што спомнуваш дека некој ставал антифриз во храна.
     
    На Just.do.it и Mikha4 им се допаѓа ова.
  3. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.855
    Опсесија е кога ќе почнеш да пазиш на сѐ штетно. Знам едно време тргнав и јас така, среќа се опраив на време. Па си слушнал тоа штетно, исклучуваш. Па тоа штетно, и тоа искчучуваш, па трето, па петто и на крај сфаќаш дека не треба да седнеш да јадеш во ресторан никогаш, зошто храната во ресторани скоро секаде има засилувачи на вкусови што се буквално отров.
    И сега кога веќе го знам тоа, што треба, да бидам фрик и кога ќе ме викнат некаде на вечера да одбијам зошто е нездраво?

    Едно е здраворазумно, пример нормално дека нема да го купам сладоледот сега, кога знам дека е повлечен. Нормално дека ќе гледам најголем дел од времето да се хранам со непроцесирана храна. Дали тоа значи дека ќе го поминам остатокот од животот читајќи декларации? Не. Тоа би било опсесија. Нагоре имаше наброени 100 супстанци кои се штетни, веројатно постојат уште 1100 кои реално ги внесуваме.

    Идејата за сам да си садиш сум ја видела во најблиска околина и тврдам дека ако не прскаш со некаква хемикалија, буквално 10 овошки ќе добиеш на дрво еднаш годишно или ниедна, ако ги фати некоја болест. Плус, многу луѓе потценуваат колку труд треба да вложиш за да живееш само на таква храна, значи треба да садиш пченица за цела година, да организираш механизација за жнеење, да мелеш брашно и да месиш леб секојдневно. Јас сум скрос ок ако некој го избрал тој живот, ама бара и доста откажувања од комфорот и животот на кој сме навикнати. Сите велат јас би сакал да си садам, а никој не се нафаќа да сади. Ете, место стан во Скопје и кариера, може да се купи голема нива со куќарка и така да се живее. Декларативно сите знаеме како е најдобро.

    И да се разбереме не викам јас дека треба сега да земеме сите штетни работи да ги изедеме, туку едноставно стварно не можеш да се допазиш од сѐ деновиве. Сега сите ќе се откажат од сладоледот, ама лебот што го јадеме има конзерванси кои не се наивни.

    Убаво е да се јаде здраво, само и тоа здраво не е сосема нај нај. И никој нема да умре од неколку изедени сладоледи на лето ко што се прикажа на темава дека готово сите сега рак ќе добијат. Нема потреба од толкава паника.

    Сведете ги на минимум излетите со "нездрава" храна, ама живејте го животот. И 100 години да доживееме сите дај Боже, џабе е ако цел живот сме го минале во пазење од секоја една болест.

    Има секако врска храната. Што не значи дека луѓето што се хранат здраво и исклучиво здраво не можат да развијат некој дисордер или психичка болест ко што беше пишано погоре. Не сме толку едноставни, па само на храна да се базираме. Животот има повеќе аспекти.

    Едит: И стварно фино ќе беше да тргнеше темава во насока да се споделува за повлечени продукти, информации кои обично доаѓаат од земји со построги контроли и слично. Вака не знам каде тера темава освен што набројуваме штетни состојки.
     
    Последна измена: 7 август 2021
    На Amelia, blady, jEwElRy и 11 други им се допаѓа ова.
  4. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.168
    Допаѓања:
    180.619
    Пол:
    Женски
    Не е дека се хранам нездраво, или дека не се замарам, ама јас стварно повеќе се притресувам ако сум јадела нешто спремено од некој и не измил раце после одење во вц. Или најдам влакно. Еднаш дури најдов и нокт во Цезар салата :puke: Толку сакав да кажам.
     
    На mal.ecka, mode-kristina, Oneo и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.001
    Допаѓања:
    4.470
    Пол:
    Машки
    Којзнае што се има во тие глупости и со што се храниме.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  6. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.091
    Допаѓања:
    26.927
    Воздухот е ѓубре, водата е полна метали, се живо е ГМО. И на крај вакви работи не загрижуваат, во секојдневниот леб што го јадеме какви глупости нема, не па за друго...
    Во 21ви век да се храниш здраво и органско во Македонија е скоро па невозможна мисија, за жал.
     
    На Amelia, темјанушка, f.girl и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Сѐ што мислам си напишала.

    Најважен е балансот, т.е да не се претерува со ништо, ниту со опседнување околу штетноста на сѐ што нѐ опкружува, ниту со претерано јадење преработена храна. Ако се исфрлуваат токсините преку редовно вежбање, движење или било каква рекреација, еден сладолед или едно ќесе чипс на недела-две нема инстантно да те отруе, тоа е сигурно.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.815
    Допаѓања:
    23.384
    Пол:
    Женски
    Ова, јас можам да се кладам дека во секој залак што го јадеме и пиеме има нешто што не треба да има во храна. Исто така пластика.
     
    На GirlRose, KateKane, Celltica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    32.562
    Пол:
    Женски
    Не мислев буквално целото население, би живееле во утопија тогаш. Ќе ги тргнам на страна големиве компании тоа што го кажа ти е факт, профитот е најважен. Како пример ќе земам обично семејство кое се занимава со земјоделство, познавам неколку такви. Ако не се испрскаат овошките нема да дадат плод поради секакви бубачки кои ги напаѓаат. Дополнително влијаат и климатските промени, има доста невремиња и се прават големи штети посебно од градот. Она овошје што ќе остане е послабо, па за да опстои треба и дополнително прскање. Затоа ако сака земјоделецот да го прехрани прво своето семејство, па после и другите мора да користи пестициди. Веќе под знак прашалник се става опстанокот на едно семејство кое живее на село, а што останува за оние во градот кои зависат од земјоделците.

    Одамна не се замарам до степен да читам декларации за составот на храната. Немам намера да учам милион хемиски соединенија и која е нивната употреба. Свесна сум што јадам и знам дека внесувам канцерогени состојки. Да живеевме во поднебје каде што фекалиите од фабриките и домовите немаше да се слеваат во реките и езерата, каде што ќе се правеше контрола какви горива влегуваат и се горат во државава, каде што ќе се дишеше чист воздух можеби и ќе паничев за храната што ја јадам. Пре ќе умрам од загадениот воздух отколку од некоја состојка.
     
    На Amelia, Јаневски, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Сум размислувала на оваа тема и точно е тоа што го кажа не само ти, буквално сите внесуваме канцерогени материи преку исхраната и тоа секојдневно, па колку и да се трудиме да јадеме чисто. Дури мислам дека сме една од земјите што се храниме барем малце поздраво ако може да се рече, за разлика од земјите во странство, каде што се е спаковано и го ставаш директно во релна да се пече, се е генетски модифицирано. За жал тоа ни се одразува на здравјето и после се прашуваме од каде некој добил рак и зошто се повеќе и повеќе зема замав особено и кај помладата популација.
     
    На Amelia и f.girl им се допаѓа ова.
  11. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    32.562
    Пол:
    Женски
    Ќе сум оф сега, но морам да се надоврзам за канцерот. Зголемениот број на заболени од рак, проблеми со тироидната жлезда и сл. се должи и на бомбардирањето со осиромашен ураниум, почвата и водата се контаминирани, а со тоа и храната која ја јадеме. Последиците уште долго ќе ги чувствуваме. Зборот здрава исхрана не постои во Македонија за жал :|
     
    На Amelia, темјанушка и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  12. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.635
    Допаѓања:
    18.964
    Пол:
    Машки
    Читам ова и размислувам што ли ќе ми се случи во анредниве 24 часа ( не сум појден во вц, ваљда уште се вари) од паштета што ја каснав. И то ме лажеа на слика дека е од чајна. :D
     
  13. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    10.525
    Пол:
    Женски
    Јас 5 пати размислувам кога одам во продавница дали да дадам толку пари за еден сладолед. :lol:
     
  14. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.773
    Допаѓања:
    17.579
    Пол:
    Женски
    Колку пати сладоледите се топени,па препакувани ехее..Изгубени се штетните состојки (facepalm)
     
    На The Saturdays му/ѝ се допаѓа ова.
  15. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    909
    Пол:
    Женски
    Леле после ова што читам на темава... Од вчера наназад јадев по повеќе од два сладоледа, а сега изгледа....
    Ај бе трева сите да јадеме... Кога ништо не е здраво зошто да не јадеме трева. Но и таа не е баш безбедна, сигурно и нејзе ја прскат за да нема апсолутно ништо здраво.
     
  16. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Се согласувам во целост со @Celltica. Ништо од ова што го јадеме денес не е сигурно. Вистина е дека треба да се храниме здраво и да не претеруваме со преработената храна. Но треба да се има рамнотежа. Не е страшно ако некогаш се касне сладолед, чоколадо или нешто друго. Убаво е секој ден да се јаде зеленчук и овошје. Убаво е сам да си одгледуваш растенија. Убаво е да подготвуваш здрави јадења. И здравата храна може да биде вкусна. Но, за жал, ни тоа не е сигурно. Водата, почвата и воздухот се загадени. Една членка го спомена и ураниумот што е присутен во нашата почва.

    Што се однесува до нарушувањата, односно психичките болести, секој може да се разболи психички. Да, начинот на исхрана влијае на тоа, но влијаат и многу други фактори.
     
    На Celltica и The Saturdays им се допаѓа ова.
  17. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    2.439
    Може линекој хемичар да го потврди ова, луѓе ова се страшни состојки и јас веќе не јадам сладолед:o
     
    На Waverly Raven му/ѝ се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Морам да се согласам дека храната директно од бавча е поздрава од вакумираната. Многу ми недостасува храната што ја садеше и одгледуваше дедо ми.

    Јас овде што јадам од месо,бифтек,пилешко,јагнешко,телешко се е одвратно. Буквално како пластика да џвакам.

    Конкретно за сладоледиве не ги јадам често,доста ретко. Дм купува од неговиот вегански па од тој јадам јас.

    Чоколади на Милка слабо,на КитКет исто слабо.
     
    На bicycle, Guns N` Roses и mal.ecka им се допаѓа ова.
  19. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    Не верувајте на вакви глупости. Членката покрај ова тврди дека и антифриз има во храната и дека месото не се вари во стомакот. Покрај тоа е и антиваксер и "работи во институт за природна медицина", шарлатанска институција на Мирољуб Петровиќ која нуди неакредитирани докторски дипломи, а за да се стекнеш со таа диплома потребно е да " положиш" и основи на религија.
    https://www.institutpm.com/ipm.php?...odne-medicine-3&Institut-za-prirodnu-medicinu



    А за наводните отрови кои ги наброја, изгуглајте и прочитајте некои вистински научни списи, не верувајте на се што некој ќе напише.
     
    На Guns N` Roses, Waverly Raven, Oneo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    5.180
    Пол:
    Женски
    Така е, вакцините ги лечат дури и најтешките болести како леукемија, рак, хемороиди и сл, затоа јас нема да се вакцинирам, да не го ускратам правото на некој, не гледам што има лошо во тоа. Во однос на месото, можам да ти препорачам рецепт за глава од свиња како да направиш, завчера сретнав таков рецепт и уште нешто, глупости се да, јадете сладоледи воедно ќе можете некои од состојките да ги искористите за други намени како што веќе ги споменав освен за јадење. Секое добро