Форумџика на годината

Повлечени сладоледи на „Милка“ и „Кит-Кет“ со присуство на етилен оксид

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од The Saturdays, 6 август 2021.

  1. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.263
    Допаѓања:
    12.238
    Пол:
    Машки
    И мене ми е многу сооминтелно напишаново од членката. Ако одиме по таа логика, секоја втора состојка во производите шо ги купуваме од маркет е потенцијално смртоносна? :^)
     
    На Guns N` Roses, asdas и mode-kristina им се допаѓа ова.
  2. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Млекото и млечните производи кога ќе им помине рокот се враќаат во фабриката и се прераборуваат за урда, кашкавал и други млечни производи. Чоколадите и наполитанките се враќаат во фабриката чололадото се претопува, вафлите се мелат повторно и се препакуваат. Се што нема да се продаде од продавниците се враќа на дистрибутерите и тие ги враќаат во фабриката каде одат на преработка и повторно на полиците. Ова со свои очи видено.
     
    На blady, Celltica и mal.ecka им се допаѓа ова.
  3. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.855
    Да, така е.
    За тоа си сосема во право.
    Ама колку е реалистично да не се користат млечни продукти воопшто? Колку луѓе реално имаат пристап до свежо млеко и домашни сирење и кашкавал цело време? Еве јас купувам сирење од бачило голема количина и вадам по потреба, ама млеко свежо секој ден прво не би ни земала од било кој, зошто многу од луѓето што одгледуваат сами прво не го вакцинира добитокот и ризик ми е.

    Во право си за се, сите знаеме дека е така, ама едноставно не е реалистично да живееме 100% природно. И јас сакам да имам сѐ домашно од проверени луѓе, ама немам.
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    2.439
    Има ли некој што знае точен состав на сладоледите? Од друга страна јас се согласувам со членкава бидејќи над 50год сите имаме или ќе имаме по една болест, тоа се си се собира, ако знае некој состав нека пише барем имаме право да знаеме што јадеме:(
     
  5. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.855
    Составот точен го пишува секаде по закон. Е сега на тебе е да си истражиш што точно значат супстанците, или кои се штетни со долгорочна употреба и слично.
     
    На cresa-jagoda и asdas им се допаѓа ова.
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    @asdas Не е далеку од вистината членката. Изгуглај за антифриз. Propylene Glycol е состојка во антифризот и исто така состојка во многу еден куп видови на храна само затоа што има сладок вкус. Наводно, 'генерално е безбедна по здравјето'. Далеку од правење паника ама не е лошо да се информираме барем и секој да одлучи за себе како ќе се храни.
    А не е во ред што толку си се потрудила да ја дискредитираш кога таа само го напишала тоа што го знае, твое е да го провериш.
     
    На mal.ecka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Тоа да сите немаат пристап до свежо млеко и органски производи зошто се и реално дупло поскапи од обичните. За тоа и ми беше постот ако гледаме на се како е произведено треба од воздух да живееме.
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Натриум бензоат причитајте каде се може да се најде, во кои производи( како антифриз, бои, лакови и т.н). Се користи и во производите што ги користиме како здрави, во алое вера геловите за пиење како конзерванс и многу други производи во прехранбената индустрија, па верувам дека никој не земал да гугла, каде се се користи натриум бензоатот иако на шишето јасно пипушува дека го има во составот. Карциноген е но сепак е одобрен за употреба.
     
  9. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.855
    Еве и нешто друго.
    https://www.novamakedonija.com.mk/ekonomija/канцероген-индиски-сусам-бил-увезен-и
    Ова го зборував цело време по темите зошто јас сум голем љубител на сусам :D

    Еве и да си проиведуваш сам храна, можеш да произведеш сусам во Македонија? Еве се работи за исклучително здрава намирница, ама од хемикалииве повторно нема бегање.

    Инаку бил во оптег и во индустрија, значи многу веројатно и сме го консумирале на пецива, продукти што содржат сусам и слично.

    И пред да речете е овој е од Индија се знае што се очекува од таму, всушност Индија е една од земјите која најмногу сусам произведува во светски рамки.
     
    На KateKane му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.263
    Допаѓања:
    12.238
    Пол:
    Машки
    На некој начин, "физиолошки" e со стареењето да се јавуваат заболувања, се исцрпуваат клетките, ткивата, не функционира се баш како подмачкано. Стареењето е физиолошки и неизбежен процес, а тоа со себе си носи низа на последици кои до некаде и се очекувани. Не можи секоја болест апсолутно да се препише на храната или околинските фактори исто како шо не можи болеста да се должи на исклучиво генетски фактори. Доста беше со оф-топиков.

    Јас не би рекол дека се согласувам со членката шо пишуваше за состојките бидејќи многу е важна КОНЦЕНТРАЦИЈАТА на супстанцата. Секој лек може да биде отров! Ете конкретно се дискутираше за пропилен гликол, да тој се користи во течноста - антифриз, но во многу поголеми концентрации отколку во прехрамбените продукти, плус секако не е пропилен гликол единствена состојка во антифризот, има и други кои се апсолутно токсични и ете ги нема во храната, па нормално нема да земиш да пиеш антифриз.
    Постојат многу регулативи за тоа која супстанција како и каде може да се користи, врз основа на многу истражувања.

    Пред брзо, се имаше кренато фама за употребата на етилен оксид во стерилизација на брисовите(ете конкретно и за коронавирусот) по нивната изработка пред да се употребат. Квази научници преку тик-ток видеа ширеа дезинформации дека населението масовно се труе и сл. Стерилизацијата со етилен оксид долго време се употребува онаму каде шо не може да се искористи висока температура, пареа под притисок и сл за стерилизација. Значи со завршувањето на процесот етилен оксидот е наложено да се отстрани речиси целосно од брисот, односно го има во траги и е безопасен во таква концентрација.
     
    На mode-kristina, Mikha4, KateKane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.897
    Допаѓања:
    179.107
    Ај да се надоврзам во твојата очекувана насока.
    Пред некој ден прочитав дека во Хрватска ги повлекуваат од истите причини, некои од ,,овошните,, јогурти на Дукат. https://danica.hr/zbog-kancerogenog-pesticida-dukatovi-jogurti-hitno-povuceni-s-trzista/
    Малку ми потскокна срцето ко видов дукат, ама белиот јогурт не е на листата:whew:.
    Туку, нели и овие сладоледи идат од Хрватска или јас нешто грешно разбрав? :?: Дали случајно имаат ист извор на контаминација?
     
    На Celltica и KateKane им се допаѓа ова.
  12. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    393
    Не се целосно повлечени сладоледите. На пример сладоледите кои ги увезува Цермат и АЛМА- М како Сникерс, Марс, Твикс слободно си се продаваат на пазарот


    Па така од вчера сладоледите кои ги повлекува цела Европа кај нас се на попуст.

    Сникерс, Марс и слич. од 50 ден намалени на 37 денари.

    Предлагам насловот на темата да се смени во отровни сладоледи на пазарот од Сникерс, Твикс, и натаму се продаваат или ќе отворам тема посебно, бидејќи треба да биде инфорирано населението, кога институциите ни се масовно корумпирани.
     
    На blady, mal.ecka и Mikha4 им се допаѓа ова.
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    60.023
    Пол:
    Женски
    Сладоледот ми го ебавте, сусамот ми го ебавте, овошниот јогурт ми го ебавте, уште да испадне дека дилдото ми е од некој канцероген силикон и има сите да ве тепам.

    Една работа што ми носи задоволство во животов да не ме убиваше, еве не барам многу.

    :devil::envy::punch:
     
    На blady, jEwElRy, VDT2906 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    393
    Сладоледи кои се повлечени од Европскиот пазар како Сникерс, твикс и останати и натаму се продаваат во нашиве маркети. Реакција од институции нема, а колку што знам воопшто и не биле повлечени овие производи.

    Па така од вчера, сладоледите кои ги повлекува цела Европа кај нас се на попуст.

    Сникерс, Марс и слич. од 50 ден намалени на 37 денари.
    Гратис отров. (facepalm)


    Мангупска финта на нашиве фирми. Увозници се Алма-М и Цермат и незнам дали и од двете компании продаваат, ама Цермат мислам дека ги нема повлечено.

    Реално верував во Цермат како компанија, и гледав да набавувам од нив бидејќи се македонска компанија и знам колку е важно да се купуваат од наши фирми и парите да останат тука, ама по ова што го прават реално ми се грози од Цермат и веќе ништо нема да купам од нив.
    Ниту замрзнато овошје ниту било што друго.

    Институциите пак ни се пример за корупција како никогаш досега.
     
    Последна измена: 7 август 2021
    На blady, martovsko cveke, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Исто видов сега објавиле од жито маркети намалени намази на Tvix, Mars, Bounty, MilkyWay. Дали е случајност баш сега да се намалени од овие фирми :^).
     
  16. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Сникерс уште има во Стокомак, баш вчера сакав да купам, среќа сите сладоледи беа растопени па се откажав.:x

    Оваа воопшто не е чудно бидејќи најголемото ѓубре секогаш се продава кај нас.

    Се сеќавам пред некоја година кога нашите одбија да дозволат увоз на неквалитетно брашно од Србија, Србите беа многу лути, па после неколку дена беше дозволено истото да се увезе. Сигурно добро си имаат наплатено нашиве.

    Колку пати само имаше случаеви на неквалитетно месо од Бразил, Аргентина и слични земји.

    Сешто дозволуваат нашиве да се увезе, ги заболе увото за нашето здравје, за нив битни се парите. :)
     
    На cresa-jagoda, deskarada и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.897
    Допаѓања:
    179.107
    Ако не си била во Словачка бања, не си се капела во радиоактивна вода.
    Ќе поживееш.
    Сепак препорачувам силиконот со природен да го замениш:tmi:
     
    На KateKane му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    :wasntme:
     
    На KateKane му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.419
    Fun fact: Алое верата е канцерогена.
     
  20. redhead

    redhead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    398
    Дали и другите сладоледи ги контролираат или само сега овие бидејќи во други земји ги повлекоа? Пред неколку недели јадев од цермат и се накапив, па не знам што се не пробав од прашоци, средства за флеки...и никако не се вади флеката, и баш си помислив кој знае што хемикалија има :)
     
    На blady му/ѝ се допаѓа ова.