1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Повраќање без симптоми

Дискусија во 'Дете' започната од Elka93, 9 октомври 2022.

  1. Elka93

    Elka93 Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2021
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Dobro vecer,majki imam sin 2 godini i 8 meseci, pred 3 nedeli se razboli t.e mu tecese nosot i kaslase. Normalno go odnesov na lekar mu dadoa sirup i kapki go ispi sirupot ali eve vekje 3ti den kako povrakja navecer a nema nesto simptomi da go boli grloto ili stomakot sekako ke posetam doktor no dali e ova normalno da povrakja i toa navecer a preku den si e super vesel stom legne i zaspie za 3 saati ke povrati ve molam za odgovor
     
  2. Leucadia

    Leucadia Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    520
    За вечера нека биди полесна храната и посува да видиш дали е тоа што е прејаден или нешто му ствара киселини пошто кај нас се случува киселини баш кога организмот одмара или ја вари храната. Благо на вечер не му давај. Дури му се смири стомачето.
     
    На Elka93 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.994
    Допаѓања:
    14.393
    Пол:
    Женски
    Јас можам да и кажам од искуство за мене (мада мислам дека твоето е ептен мало) истиот проблем го имав може некаде на 12-13 год. Една вечер се прејадов и се исповрарив. Од тогаш буквално секоја вечер ако вечерав повраќа, едно време од страв престанав да јадам навечер но тоа не помина. Како минеше времето повраќањето се намали ама имав некое чудно чуство на лошење. Пиев секоја вечер некои си Бимерал капки со текот на времето станав зависна од нив и дури ако не се напиев мислев дека пак ќе ми е лошо и ќе повраќам. Сета голгота заврши кога тие капки престанаа да се произведуваат за на крај да сватам дека уствари ми делувале на психичка база (да мислам дека ако не се напијам ќе ми е лошо) и дека и самото повраќање ми е на нервна база.

    За вас искрено верувам дека е далеку од ова. Мора да посетите лекар и детални испитувања на желудничето.
     
    На Elka93 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Навечер обично им се гади од шлајмови.
     
    На Осе и Elka93 им се допаѓа ова.
  5. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Погледни ја повраќаницата ( гадно е знам ама мора да ја изанализираш) ако е такво густо како шлајм значи се чисти и тоа е добро да не речам супер ,знам психички е малку убиствено плус и мачно за детето. Ама полошо е да му остани шлајмот залепен.
     
  6. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    3.791
    Пол:
    Женски
    Повраќа навечер, или повраќа кога ќе си легне?
    Оти во втората ситуација повраќа оти во лежечка позиција се слеваат надоле шлајмовите, бидејќи рече сируп пиел.
    Ставај го на повисока перница да не биде во скроз лежачка позиција.
    И мојата ќерка навечер повраќаше ама кога ќе легнеше, почнав да ја ставам тие денови на повисоко и престана кога се исчисти од шлајмови.
     
    На Осе и Elka93 им се допаѓа ова.