Ваши сознанија и мислења во врска со оваа тема. Еве ги мојте. Вирусот е лабараториски создаден со цел да се одвлече вниманието на нешто поголемо а тоа е 5G мрежата и поставувањето на 5G антените. Првите 5Г антени прво биле поставени во Кина Италија и Шпанија. Можеби е само случајност а можеби и не. Ќе ве замолам да не пишувате мислења од типот ова е глупост колку само за да пишете нешто. Пишете нешто што ги потврдува или негира ова но со факти и аргументи.
Добро, чим одиме со факти, каде се твоите факти дека овие две работи се поврзани? Ако одиме само на мислење, си имам право да кажам дека ова е глупост и нема никаква врска. Ама јас немам како да докажам нешто што не е така, секогаш тој товар паѓа на тие што сакаат да докажат дека е така.
Јас не сфаќам зошто мислиш дека мора да се "одвлече вниманието на народот" за да се постава мрежите, т.е антените? Демек никој нема да сфати дека ги поставиле зашо има вирус?
Освен рекла казала јас не прочитав некоја издржана и со факти поткрепена теорија дека е штетна 5г мрежата. Ама за секоја нова технологија ваква фама се крева, луѓето порано мислеле дека бандерите со струја се штетни па ги бутале така да и оваа хистерија ќе помине.
Можеби бидејќи се штетни. Дали ги гледаше видеото како животни паѓаат на земја и умираат неколку минути по поставување на првите 5Г антени?
Мислам дека ваквите членови што отвараат вакви теми, треба да бидат пријавени кај властите, заради утврдување дали постои кривично дело, ширење на лажни вести, преку злоупотреба на актуелната кризна ситуација... Зошто покрај шпекулативниот наслов, не се нуди никаква поткрепеност на фактите кои се прикажуваат како вистините... Еве Јас, ќе си земам право да пријавам кај модератор, па понатаму они си знаат..
Ако се штетни, ќе најдат начин да ги постават и да те убедат и мене и тебе и секој друг дека не се штетни преку различни пропаганди и суптилни манипулации, нема да им треба вирус кој ќе го колабира цел свет. А за видеото, не можам да вадам заклучоци од настан за кој постојат и други објаснувања и нормално дека едно рандом видео на интернет не може да биде доказ за претпоставката дека 5г мрежата е "смртоносна".
Зашто да е забрането да се постави ваква тема? Нема ли секој право на свое мислење врз основа на она што го чита? Имаш еден куп статии на интернет за ова и сите ли ќе ги пријавиш само затоа што сметаш дека нешто не е така како што мислиш ти?
епа стави некој линк или натпис како основа за темата... дека короната и 5г се поврзани..и дека првите антени се ставени во Кина, Италија и Шпанија, што е измислица од теба само за да излезеш интересна или дека нешто знаеш...затоа и не ставаш линк.
Ако првите 5г антени се поставени во Кина, Италија и Шпанија нели на оваа листа треба и сад да се најде на листата сепак таа е најпогодена земја, па некако логички е ако теоријата ти е точна барем според мене. А да и уште нешто ако е точно, што мислам дека не е, но еве да претпоставиме дека е тогаш зошто со вирус би ни одвлекувале вниманието?
Еве јас ќе се надоврзам да ти кажам поточно во Кина во Вухан беа комплетно наместени антени уште во 2018та е сега мораа да ги тестираат тоа е нормално ама излезе дека се многу штетни затоа употребија план Б за да го покријат ова и во меѓувреме вирусот се наоѓа во лабараторија на 500 км од Вухан мораше тоа да се случи,глобалистите не се будали на Американско тло да се тестира 5Г и да се пуштаат вируси. Е сега најобичните апарати што ги имаме работат на 2 и нешто GHz neli како тел таблет итн. е сега нели од ВИФИ и тие апарати некои луѓе фаќаат тумори на мозокот ова она прати сега,АНТЕНИТЕ РАБОТАТ НА 60GHz значи висока фреквенција тоа е како радио бранови и шо се случува сите овие години наназад кемтраилс пуштаат ненормално со микро нано честички алуминиумски кои ги вдишуваме секојдневно и зрачиме како антени е сега замисли тебе да те удира бран од 60 GHz кој упива ненормална колечина на кислород нормално ќе паѓаш на улица пошто ти го зема кислородот од плуќата крвта главата итн.значи девојката е во право за темата што ја отвори истражи ако не ти се верува НИНА е во потполно право вирусот беше пуштен само да се одвлечи внимание од друго зошто тука се руши агендата на ИЛУМИНАТИТЕ..ИСТРАЖИ РАЗБУДЕТЕ СЕ после вирусот следува војна овде во Европа по наредба на ЕЛИТАТА СОРОСОИДИТЕ тие ги контролираат ИСЛАМИСТИТЕ ТЕРОРИСТИТЕ И ЌЕ БИДЕ ВЕРСКА ТРЕТА СВЕТСКА!!
Мислев дека оние што го Сакаат Кам у поштенско сандаче, се врвот на општеството... сум бил у страшна заблуда...
Девојче,токму ти отвори тема за потеклото на вирусов на 15 март и оваа теорија иако е најглупа,веќе се дискутира таму. @RainBow Темава е вишок,претерано многу теми се отворија!
Го сакам смалјито со кандило во поштенското сандаче Ќе ни треба во деновите што идат Се можам да доведам во корелација со се, ама никакво логично објаснување немам околу оваа теорија. Значи, антените се поставени сегде и сега ќе паѓаме по улици ако не седиме дома? Вирусов е за дома да седиме? Или уствари не постои вирус
А не. Таа тема не е моја. Модернаторите отворија тема и моето мислење од друга тема прво го ставија. Јас таа тема не ја отворив.
5G работи на 60GHz, А таа фрекфенција од 60GHz познато е може да се апсорбира во воздухот. А ние дишеме воздух, исто така познато е дека од вирусов откажуваат белите дробови и се предизвикани други проблеми со белите дробови. Која случајност а? Исто така познато е дека Вухан е првиот град со 5G мрежа. Уште една случајност.
Не постојат случајности пријателе. Барем не во овој универзум во кој ние живееме. Се е со цел поставено. А таа цел е да се контролира човештвото и се што човештвото може да направи и создаде.