Повторно родени (Çarpışma) [СителТв]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Tinkerbell11, 15 февруари 2021.

  1. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    424
    Пол:
    Женски
    Турска серија која што започна вчера и ќе игра само за викенд. Премиерата на филмот започнала на 22 ноември 2018 година а завршил на 30 мај 2019 година. Една сезона со 24 епизоди.
    Мене ми се виде како заплеткана и многу добра серија.

    Серијата ја има на јутуб со српски превод Sudar, кој сака може да си ја гледа.

    Кога ќе се преполни чашата на судбината и кога патот по кој тие тргнале, ќе ги натера да се вратат назад, да погледнат во себе, да се погледнат меѓу себе како маченици со стотици лузни, длабоки и видливи само за нив. Тогаш започнува соочувањето со се и со сите оние кои ја предизвикале нивната судбина. Тогаш завршува безизлезот и тогаш се раѓа пркосот.

    20210215_104245.jpg

    Кадир Адали ги загубил своите жена и дете во еден терористички напад. Се чуствува виновен за тоа и страда, па затоа решава да изврши самоубиство. Додека се обидува да му стави крај на сопствениот живот во сообраќајка, Кадир несакајќи го менува својот, но и животот на други луѓе. 4 автомобили, 4 луѓе вклучени во една сообраќајка, една темна ноќ.

    Кадир, Зејнеп, Керем и Џемре. По несреќата судбината никогаш нема да ги скрши овие луѓе, затоа што тогаш не се судрија само колите, туку се споија нивните животи.

    Зејнеп е пријателка на Кадир од детските денови минати во сиропиталиште, а сега двајцата се вљубуваат еден во друг. Кадир е оној кој ќе помогне на Зејнеп да си ја врати ќеркичката Авлин и со тоа уште повеќе да ја зближи кон себе.
    Описот на серијата е земен од тв пакет.
     
    На mama*rose му/ѝ се допаѓа ова.