Повторувачки спонтани абортуси

Дискусија во 'Бременост' започната од Momina solza, 25 април 2020.

  1. Momina solza

    Momina solza Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Многу членки сме поминале низ ова, да ни се сруши светот, радоста да ни трае многу кратко. Откако ќе ги видиш || секогаш се охрабруваш, овојпат се ќе биде во ред...
    И покрај толку папки со резултати од испитувања и покрај терапии, се случува повторно она најнепосакуваното. Ниту еден доктор од многу ппсетени не дава точна дијагноза, зошто? Што може да биде причина? Само претпоставки и да пробаме вака.
    Би сакала да пишат членки кои ботбата после повторувачки спонтани им успеала, на кој начин? Што превземале. Дајте ни надежд дека има такви, кои успеале дека можеме да се надеваме.
    Ја отворам темава во момент на очај, споделете пријателски утешителен збор
     
    На Mari* и lovely12 им се допаѓа ова.
  2. Babyiscomming

    Babyiscomming Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    439
    Пол:
    Женски
    Јас имав еден спонтан во 7 недела, само што ми потврдија бременост заврши...После точно година останав пак бремена но без плод со дијагноза што прв пат ја слушнав blighted ovum, чекавме до трети месец да се појави плод но само постелка растеше и бета хцг, тоа се заврши со киретажа. Од испитувања правев хормони, торч и фактори на хемостаза, се океј со сите резултати а објаснување зошто така ми се случува беше избор на природата дека тоа што не чини самото тело го отфрла. После 8 месеци останав бремена и еве сега фала му на Бога чекам да си се породам за некој ден. Единствено што променив беше што пиев чај од вирак и мацина трева по препорака на гинеколог и тоа само месецот пред да останам бремена. Не губете надеж, јас си викав чим сум останала бремена ќе останам повторно. Си ја вратив самодовербата си викав дека се ќе биде добро и така и излезе. Нека тоа што се случило остане зад нас и да мислиме на позитивни работи за само такви да ни се случуваат. Не е лесно, секој што го поминал тоа знае колку боли душата но да гледаме напред, сигурна сум дека ако си упорна и не се откажуваш ќе си дочекаш да си го земеш во раце твоето сонценце.
     
    На Momina solza, Dust, thelittle17 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. lovely12

    lovely12 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    1.089
    Пол:
    Женски
    Голема е тагата по спонтантан и предвреме раѓање кога ќе почине. Почнуваат прво испитувања од брис па се по ред Torch... јас си го знаев проблемот имав синдром на полицистични јајници кој ми предизвикуваше намален прогестерон, тироидната ја намалува функцијата и плус удира на панкреас лачи вишок инсулин и прави дар мар со шеќер...и во круг... Ги средив тие работи и забременив спонтано без помош никаква... ама имам спонтан, и предвреме родено во 26недела....
     
  4. Zuza28

    Zuza28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    363
    Пол:
    Женски
    Оххх болната тема. Знаеш, сме зборувале и сме се советувале. Се уште не сум победила, за жал, но не сум веќе во ризик за спонтан, бидејќи сум бремена 24та недела, со скратено грло на матка. Ризикот сега ми е предвремено породување. Со бебето за среќа е се во ред.
    Мојата ситуација отприлика ја знаеш.
    Две биохемиски и еден миссед. Среќа во несреќа со биохемиските, сепак полесно се поминуваат а и докторите не обрнуваат толку внимание на нив.
    Исто, папки и папки со испитувања, конкретен одговор никогаш не добив. Плодот со киретажата имаше хромозомска абнормалност - природна селекција.
    За биохемиските ми рекоа дека можно е матката да е кривецот, направив и хистероскопија.
    Почнав со метилирана фолна и б12, овунорм, цинк, селен, витамин д.. и се што ми препорачаа и што најдов за можно подобрување на јајце клетките.
    Останав бремена кога најмалку се надевав, иако забременувањето кај мене лесно одеше но сепак тогаш имав мн стресен период и бев спремна на најлошото. Но прв пат тоа не се случи. Почнав и со клексани превентивно и не ми се веруваше дека имав прекрасен прв скрининг. Направив и пренатален тест. Бебето живо, здраво.
    Е сега, можеби и со оперциите а од и самата моја матка, се соочувам со друг страв и не мрдам од кревет. Имам скратен цервикс и со тоа ризик за предвремено породување. Тешко ми е, но се надевам дека конечно ќе излезам победник во оваа борба.
    Се уште не сум позитивен пример, ама ете можеби ќе послужи ма некој искуствово. Се надевам за некој месец ќе можам да пишам дека стварно победив.
    Ти посакувам се најдобро и тука сум за муабет и во приватна поракс за испитувања, интервенции и искуства. (fingers):hug:
     
    На happygirl, Dust, 24.07 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Momina solza

    Momina solza Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Ви посакувам се најдобро и со лесно да си ги пречекате во преградка.
    @Zuza28 и јас останав кога најмалку очекував, 6 недела срценцето чукаше, наредниот преглед 7,4 престанал развиток и срцева акција. Истото по 4ти пат, посакував да не се разбудам од анестезијата, да застане и моето срце, и уште посакувам.
    Се плашам дали воопшто ќе успеам
     
  6. Zuza28

    Zuza28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    363
    Пол:
    Женски
    Охххх жал ми е. А го испративте ли на испитувања?
    Мила, знам како ти е, претешко е, ама ќе успееш. Знам дека ќе успееш. Дали некој доктор ви посочи опција ин витро или?
     
  7. Zuza28

    Zuza28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    363
    Пол:
    Женски
    Бидејќи сум преисплашена, морам да те прашам ако не ти е тешко. Која беше причината за предвременото породување, доколку се знае?
     
  8. Momina solza

    Momina solza Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Да пратено е, чекаме резултат. И да наредна битка ин витро иако не е гаранција, што дополнително ме плаши и очајува, на се сум спремна и согласна само да добијам чедо и никогаш ама никогаш повеќе ова да не го преживеам
     
  9. Zuza28

    Zuza28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    363
    Пол:
    Женски
    Знам дека не е. Ги испитував јас сите опции тогаш. Имаше смисла само ако неколку пати генетски лош плод излезе, па со ин витро да се одберат добри ембриони.
    Све ќе се прави и ќе се проба само да дојдеме до дете, јасно е.
    И ќе се успее :l:
     
  10. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    5.403
    Допаѓања:
    47.276
    Пол:
    Женски
    Провери ли генски мутации?
    Сопругот спермограм?
    Чим остануваш бремена, не ќе да е уште за ин-витро.
    Ви праќам сила и поддршка и ви кажувам дека сите ќе успеете.
     
    На Momina solza му/ѝ се допаѓа ова.
  11. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    5.722
    Допаѓања:
    21.375
    Пол:
    Женски
    Да додадам на ова...
    @Momina solza Дали се направени следниве испитувања: кариотип, тироидна, инсулин, тест за скриен шеќер, имунолошки и генетски испитувања на Имунологија, пролактин?
     
  12. lovely12

    lovely12 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    1.089
    Пол:
    Женски
    Па не добив објаснување, не знаеја што се случило.прво мислеа инфекција, но... На испис 0ми рекоа дека инфекцијстс не е причина. Сепак хормоните нешто се измешале...
     
  13. Momina solza

    Momina solza Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    @TeddyGrey @Оли
    -Кариотип во ред
    -Хетерозиготна мутација на мтхфр и паи - пијам метилирана фолна, б12 метилиран, б6, бкомплекс, аспирин секој ден наутро, плус клексани во бременост и кринон гел 8%
    -Витамин д3 пошо ми беше низок.
    Хормони, брис, торч се во ред.
    Ана, афа во ред
    Инсулин немам проверено, и скриен шеќер, но доктор ми препиша да пијам метформин по една на ден, дека не се штетни и во бременост

    Сопругот
    Плодност Бт
    Спермограм, оксидативен тест и дна фрагментација- резултати вадат за 2 часа, спермограм - ок, оксидат - ок, дна фрагментација лошо мислам беше 27%
    Совет: не знам шо да ви речам да пробаме ин витро.

    Систина
    Истите испитувања, спермограм -ок, оксидативен и дна резултати после 2 дена и двата ок.
    Совет: да пробате уште еднаш природно, ако успејме супер, ако не ојме на ин витро.

    Не успеавме, значи ојме на ин витро, само што изгубив надежд уште појќе, очајна сум, се мразам самата пошо во моето тело ми умираат, немам сила за понатаму
     
  14. Meckicja

    Meckicja Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    6.458
    Пол:
    Женски
    Jas imav mila w
    jas imav blighted ovum I biohemiska bremenost I edna uspesna bremenost od ispituvanja pravev imunoloski ispituvanja vitamin d vrodena trombofilija I steknata trombofilija ogtt test so insulinemija I histeroskopija i kariotip
     
  15. BabyDust12

    BabyDust12 Нов член

    Се зачлени на:
    22 април 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    29
    Jas pred nekoj den pisav za ova vo druga tema, no eve malku poopsirno.

    Imav eden missed vo 4 ti mesec, sledno spontan vo 8ma nedela, spontan vo 9ta nedela, (se somnevam na edna hemiska - mislev deka e evaporation line). Posle seto ova kompletno normalna bremenost do kraj so zivo i zdravo rodeno bebe sto sega momentalno vadi zapcinja i place po cela nok :)

    Moeto iskustvo ne bese porazlicno nisto od vaseto. Ve citam i solzi mi doagaat. Beskrajni Lavirinti na ispituvanja, patologija na prvoto (genetska pricina), ispituvanja na site mozni hormoni, test za trombofilija,pa cista na jajnikot najdovme,pa ova, ona e.. uzas! Maz mi go vleckav po bolnici i na nego zivotot mu se odmili. Ne sakase da cue da imame odnosi. Nieden doktor ne znae sto e rabota samo nagoduvanja i se nekoi novi i novi ispituvanja.

    Posle tri neuspesni bremenosti konecno psihicki se izmoriv. Prodolziv sekoe utro da pijam aspirin i prenatalni vitamini 4-5 meseci posle posledniot spontan. Vo ovoj period veke krenav race. Gi otkazav site ispituvanja sto ni bea zakazani, mi trebase mir. Edna postara doktorka na posledniot spontan mi kaza nesto sto mi pomogna mnogu. Mi vika sto places? I vikam kako da ne palcam moeto telo mi gi ubiva bebinjata vnatre mi umiraat.
    -Taa mi vika e od sega natamu ke zamislis vaka: toa e istoto bebe sto probuva da dojde kaj tebe, i ke dojde. Sreka sto mozes da zabremenis i ostanuvas trudna. Koga togas ke se iznosi bremenosta, samo smiri gi nervite. Jas ne znaev dali da se smeam ili da placam od razgovorot. Doktorkata bese vo pravo. Sekoj pat koga ke mi padnese tesko, mu se obrakav na moeto idno detence deka vo red e sto ne uspea minatiot pat da mi dojde i deka go cekam. Mozebi zvuci smesno no bolkata e golema i mene ova mi pomogna. Isto taka i se molev za uspesna bremenost sto dopolnitelno me smiri. Ne napraviv nsito porazlicno osven sto se smiriv psihicki i ne odev po doktori poveke.

    Ostanav bremena 4ti pat, sekoj moment ocekuvav da se sluci nesto. Duri pocna da mi se pricinuva rozevo (sveza krv) na toaletnata mnogu pati dodeka vo realnosta nemase nisto. Isterav do kraj so sekojdnevni stravovi i stresovi. Nisto ne vlijaese na bremenosta, duri ni szonski grip so 39 temperatura i 3 nedeli kaslica potoa.
    Posle se ova sto se sluci samo edno imam da kazam: Gospod e golem!
    Toa sto e vashe ke si dojde ❤️ Pozdrav za site hrabri i uporni idni mamicki. Ne se otkazuvajte stom ostanuvate bremeni!
     
    На ***Troja, Spiritus, happygirl и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Среќичка

    Среќичка Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.464
    Допаѓања:
    3.543
    Пол:
    Женски
    И јас сум пионир во оваа тема. Еден мисед во 8 недела, биохемиска, губење на бебе во 21 недела и уште еден мисед во 12 недела. Кај мене проблемот беше тромбофилијата, генетски мутации. Тука во тоа време 2014 та ниту еден доктор не ми кажа да пијам метилирана фолна. Дознав сама од странски форуми. Сега имам жив и здрав син и сум 26та недела бремена. Ти посакувам наредната бременост да ти биде успешна и си родиш живо и здраво бебенце.
     
    На mamaJana, Mari*, Veki4kaa и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Среќичка

    Среќичка Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.464
    Допаѓања:
    3.543
    Пол:
    Женски
    Дали имате испитано хла типизација?И дали метилирана пиеш неколку месеци пред бременост?
     
  18. Momina solza

    Momina solza Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Не, баш ги прашав и во систина и во плпдност други испитвења што би помогнале...ни рекоја ништо се е испитано.
    Каде се прави хла типизаци и како мпже да помогни?
     
  19. Zuza28

    Zuza28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    363
    Пол:
    Женски
    Јас имам правено хла типизација. На имунологија се прави со упат.
    Се испитува колку алели, гени ви се совпаѓаат со сопругот. Имам тука пишувано за тоа. Што помалку совпаѓање толку подобро.
    Сепак, мислеањата на докторите околу ова се многу поделени. Баш Петличковски така ми објасни, а и читав. И да има совпаѓање, не мора да значи дека ќе прави проблем.
    Кога прашав во Систина за чаре доколку би имало проблем, ми рече се дава имуно терапија. Може да испитате ете за секој случај.
    Кај нас немаше проблем.
     
  20. medena147

    medena147 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    281
    Пол:
    Женски
    И јас сум со еден спонтан во 9 недела,направив секакви идпитувања немаше ништо,еве пола година пробуваме не бидува,планирам после ова со коронава повторно да одам на испитувања ако не биде до тогаш.