1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Повторувачки спонтани абортуси

Дискусија во 'Бременост' започната од Momina solza, 25 април 2020.

  1. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.073
    Допаѓања:
    17.216
    Пол:
    Женски
    и јас сум со два абортуси претходно, испитавме скоро се, кај мене кариотипот не е добар, робертсонова транслокација на 13 и 14 хромозом. сега сум бремена со здраво бебче по 3 пат, здравје за наредна бременост тоест 2 дете никој не може да ми гарантира дека нема да имам пак абортус. таков ми е проблемот за жал, битно го откривме. да се надевам дека нема да имам проблеми за наредните бремености, сакам да имам повеќе дечиња барем 3 .
     
    На myau, happygirl, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. S.o.F.i

    S.o.F.i Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    3.868
    И јас го доживеав третиот спонтан пред два месеци. Првиот и сега посленииот пат тамн видевме срцева акција, на наредната контрола веќе беше престаната. А вториот пат немаше ни ембрион развиено.
    После вториот спонтан почнавме со испитување, испадна дека имам генетски мутации. Примав терапија и пак ништо не бидна.
    Сега плодот го пративме на испитување и се беше во ред со него.
    Искрено веќе незнам што да мислам и ми е страв од следна бременост веќе ми е траума. Незнам дали ќе можам некогаш да си родам здраво детенце, ме мачи таа мисла многу.
    Докторката од Њу Борн ми предложи одма Ин витро, а во Систина докторот кај што бев на кирртажа ми рече после 2 месеци пак да се обидеме природно.
    Го прашав пак природно, зарем нема сега по вештачки пат.
    Рече многу давање пари, а сигурност нема дека тогаш ќе биде се во ред.
    Да помине малку оваа ситуација и ќе бараме и други мислења.
    Страв ми е.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Momina solza

    Momina solza Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Пред се мило ми е за сите што сте успеале...би сакала и јас да успеам што е можно поскоро, копнежот ме убива.
    @Veki4kaa јас уште сонувам да имам барем 3 дечиња, не знам зошто баш тие што сакаат големо семејство тешко го добиваат.
    @S.o.F.i стравот душата ми ја гризи дури и во сон немам мир.
    Софи каде беше пратен плодот на испитување? Како може да престане срцевата акција а се да е во ред, друго ништо не ви кажаа? Ако се охрабриш да пробајте уште еднаш, така ни беше и нас речено.
    Немате поим колку само си се охрабрив, првиот месец кога се обидовме, како никогаш да сум немала проблем, не знам од каде ми дојде таа храброст и сигурност...лажна... човек си го лажи мозокот, сака да верува дека се ќе биде во ред ама никој не знаеме што не очекува. Останав бремена кога воопшто не се надевав, си реков почвам да собирам док за ин витро и толку. Дури можам да кажам дека не беше ни обид за зачнување ако се земе во предвид претходниот месец. Си реков тоа е ова е од Бога знак, готово маките можеби завршија. Ама не завршиле...уште се борам и ќе се борам... таму ќе имам големо семејство, ама сакам и тука да успеам да добијам барем едно чедо. Да се израдуваме и ние со мојот сопруг.
     
    На eli25, SummerGirl, lovely12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    @Momina solza јас ги имам истите мутации,кај мене беше успешна бременоста со таа терапија,ја пиев неколку месеци пред бременост.
    Дали имаш правено хистероскопија? Кај мене покрај мутациите и тоа беше причината.
     
  5. Momina solza

    Momina solza Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Не немам хистероскопија правено, бидејќи 4 доктори кажаа дека матката е во одлична состојба, нема шанси да има септум, може да ми кажеш како беше причина кај тебе? Како се ослучи да одиш на хиатероскопија или како откривте дека нешто во матката е проблем?
     
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Па тоа е едно од испитувањата при спонтани.
    Не се гледа на обично ехо,така да нема шанси да виделе дали имаш или не .
    Мојата докторка сумњаше. Она ми рече се прави ако имаш спонтан во поодмината недела. Ама не ја послушав направив, излезе дека имам голем септум , па два пати ме оперираа за да го исечат.
    Јас би го направила и оваз.
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Momina solza

    Momina solza Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Да во право си ако се случуваат во поодмината бременост. Инаку на 3д се гледа, ако има септум матката не изгледа како триаголник. Нема врска до толку ми е дојдено шо ќе напрам се шо ќе слушнам и разберам, вака со нагодување не се може повеќе.
     
  8. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.616
    Пол:
    Женски
    Јас имав вкупно 5 спонтани
    После четвртиот спонтан почнавме со испитувања
    Се беше во ред освен тромбоцити благо покачени али ништо страшно ми рекоа(ова Мк)
    Кога дојдовме Германија ми ги повторија испитувањата и со истиот резултат (благо покачени тромбоцити) видов на листот дијагноза тромбофилија
    Пред бременост некои 6 месеци земав асс 100 и во бременост се боцкав и го родив првото дете
    После првото дете се случи непланирано да останам бремена и се заврши со спонтан, 5ти по ред
    7ма бременост успешна и сега си имам 2 дечиња :inlove:
    Некогаш трнлив е патот ама не се откажувајте :hug:
     
    На mamaJana, KittyAgnes, Shelea и 5 други им се допаѓа ова.
  9. myau

    myau Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2016
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Имав 2 спонтани абортуси и сега одговор и чаре ќе барам по приватните болници. Ве молам за мислење и искуства за следниве доктори (колку што разбрав, важат за едни од подобрите)
    1.Слободан Лазаревски
    2.Владимир Трајковски
    3.Зоранчо Петановски
    4.Димитров Глигор
    5.Слободан Дракулевски
     
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Јас од сиве овие би го избрала Трајковски

    Читни во темата испитувања после спонтан абортус
    Почни со сите испитувања и после само да одредат терапија
     
    На myau му/ѝ се допаѓа ова.
  11. myau

    myau Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2016
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Дали ви дадоа да пиете превентивно антибиотик после спонтан
     
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    37.575
    Пол:
    Женски
    Даваат антибиотик после ревизија
     
  13. myau

    myau Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2016
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Каква ревизија? Мене вчера ми беше 6ти ден после спонтан и ми кажаа дека имам уште малку останато од постелицата и ми дадоа метилергометрин капки во надеж да се дочистам. Откако ја прашав докторката (на приватно) дека мојата матична лани ми даде антибиотик после спонтаниот, ми кажа епа ајде ќе дадеме дека уште не си целосно исчистена... мислам дека доколку не ја прашав немаше да ми даде... а после се консултирав со матичната и ми вика ако нема киретажа не треба антибиотик... и сега сум скрос збунета, а стварно не сакам да пијам јаки антибиотици ако не се потребни зошто лани 4 или 5 пати пиев...
     
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    37.575
    Пол:
    Женски
    Мислев дека те правеле киретажа/ревизија, затоа ти пишав дека даваат антибиотик.
     
    На myau му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Momina solza

    Momina solza Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите,
    Ќе бидам кратка, јас ја отворив оваа тема во моменти на очај. Денес фала му на Бога и на еден извондренде доктор станав мајка.
    Мојата сторија ја направи среќна др.Митко Ивановски од Систина. Бев речиси сигурна дека единствениот начин ќе биде ин витро но др.Ивановски ми покажа и докажа дека грешам.
    Вистина треба да го најдете вистинскиот доктор на кој ќе се "потприте" и кој ќе ви ја води бременоста. Обидете се кај него, јас успеав по Божја волја и грижата од др.Ивановски успеав спонтаната бременост (петта по ред) да ја износам. Се породив во 39 недела и добив ќеркичка.
    Знам сите низ што поминувате но верувајте дека постои начин, само треба сами да се избориме да го најдеме. И имајте верба и молете се молитвата помага многу. ❤
     
    На Minnna, Feddy, KittyCat:) и 9 други им се допаѓа ова.
  16. myau

    myau Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2016
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    А ако не е добар кариотипот што се препорачува? Инвитро?
     
  17. anas

    anas Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    16
    Здраво, може ли да ја пишеш терапијата што ја примаше и дали откривте причина за спонтаните? Исто ме интересира дали некоја жена има примано интралипидни инфузии во бременост? Мене ми ги препорачуваат во Плодност, а сите други доктори што сум ги посетила велат дека не треба...
     
  18. Momina solza

    Momina solza Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Интралипидните беа според мене џабе фрлени пари и губење време. Плодност е болница која има свој ставови( не поддржани) и зема огромни пари, а за некои покомплицирани случаеви, (било како мојот било за ин витро) нема никакви резултати. Значи ако немаш конкретен одговор со конкретна терапија од кој било доктор таму за твојот случај, немој да го губиш времето таму.
    Јас одев кај нив и потрошив 4 години, не ме ни упатуваа на испитувања (морав сама по форуми да барам кој што испитувал)
    Сега се чудам зошто воопшто сум одела таму.
    Терапијата ми се однесуваше на мутиран МТХФР ген и се состоеше од метилитана фолна, б12 со препишана доза.
    Кај кок доктор си? И што имаш примано до сега?
     
  19. anas

    anas Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    16
    Посетени ми се многу доктори и во Плодност и Систина и New Born и ГАК и Јани на трансфузиологија и Петличковски на имунологија, направено сите испитувања и хистероскопија и кариотип и кај сопругот сите мижни испитувања што ги има во Плодност, освен мутирани гени кај мене друг проблем нема, терапија примам метилиран фолат и б12, д3 и б комплекс и препорака од Митко и од Јани ми е во бременост одма клексани. Мене ме буни што не се најде проблемот и некако терапијата ми иде како да ми ја даваат по шема како кај сите што имаат ваков проблем. Таше ми предлага интралипидни инфузии, и се фокусира на мажот ми на сперм днк тестот да се подобри, за што и тој примаше терапија и сега треба да го повториме тестот, но јас не најдов друг доктор што се согласува со него. И не знам кој да го слушам и кој пат да го фатам. Имам едно дете, бременост без проблем само со аспирин, ова ми се случува за второ дете. Понекогаш мислам и да се откажам од се, од страв и не знам натаму како...
     
  20. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.073
    Допаѓања:
    17.216
    Пол:
    Женски
    зависи што е проблемот кај вас, тоа треба да ви каже доктор. мене ми препорачаа или инвитро или природно ама и двете варијанти кај мене беа несигурни кај ивф може немаше да се погоди ниту еден ембрион здрав природно исто на среќа . мене така ми кажаа кај тебе е лотарија или или.