Животот ми е свртен наопаку веројатно ќе повторувам година, Направив премногу неоправдани изостаноци ајде оправданвие се нешто друго, отцените се приказна сама за себе неверувам дека ќе ги поправам, Класната вели дека ќе ја повторам годината, директорката исто ми кажа дека шансите за поминување со толку изостаноци и единици се многу мали. Што да направам животот ми е уништен не ми се живее повеќе.
Незнам што да им кажам на ваквите како тебе освен- дали претходно размислуваше на ова? Животот ради едно повторување не ти е уништен, но дали мораше да се случи за да научиш некои работи по потешкиот пат. И дали воопшто ќе ги научиш?
Размислував дека може да дојде до ова но сепак си велев ајде класната ќе ме оправда и идев со изостаноци до без крај и дојдов у ваква ситуација од која шансите да се извадам се многу мали, незнам што да правам со толку неоправдани и да не ме избркаат заради неоправдани како ќе ги исправам единиците
На свое дете би му рекла вака: Да си здрав и жив. Не си ни прв ни последен. Остави што те обвинуваат и што на свршен чин ти зборат како памет ти фали. Ако не бидува да те поминат некако - смири се и без нервоза. Се може на човек да му се случи во животот, секој има право да згреши. И сите грешат. Туку ти ќе седнеш дома на родителите да се извиниш, ама искрено. Да побараш прошка за ова што испаднало вака и да ветиш дека нема да се повтори никогаш веќе. Кога ќе си икрен, секој ќе те сфати. Не се обидувај да манипулираш со домашните и да ги нервираш дополнително. Стори нешто за себе. На пример, летото е пред тебе, дај си оддишок.Сталожи се малку. Направи си план како понатака ќе ти тече животот и школувањето. Не си повеќе мало дете, време е да превземеш одговорности. Еве грешката ќе ја ,,избришеш,, ако се однесуваш малку по совесно и по одговорно кон СЕБЕ и својот живот. Летово најди си некоја работа колку да можеш сам да се издржуваш, зашто не заслужуваш да ти даваат пари од дома за провод и излагање. Имај обзир кон твоите родители дека ги мачиш со вонредни трошоци. Од септември ќе се заложиш малку повеќе. Не ти е уништен животот, ама немој ни да дозволиш вака да ти се случи повторно.
Ќе седниш и ќе учиш, по неколку часови секој ден. Сам ќе се пријавуваш да одговараш и да ги поправиш единиците. Кога ќе покажеш напредок, можеби и наставниот совет ќе ти понуди солуција за неоправданите. Учење и присуство- единствено решение, доколку одлуката за паѓање година сеуште не им е конечна.
Искрено мислам дека е блеф за да те натераат да учиш повеќе. Во мојот клас имав деца со по 11 единици и 250 оправдани, неоправдани ни самите не знаеа колку имаа, вреѓаа професори и кршеа инвентар, цела година ова им го збореа и на крај не ги чепнаа. Четврта сме сега и цела година се немаат појавено и пак ќе матурираат и ништо нема да им биде. Средно е, уште тинтраат ако покажеш барем малку интерес и учиш. Загреј малку столчето и разговарај со класната. Мислам дека не треба толку да се потресуваш, ама создади си навика и запрашај се што сакаш од животот - ако планираш факс, нема вака лесно да ти поминува ништо.
Ова ме потсетува на едно дете во класот од средно, го немаше два месеци, баш кога беа испрашувањата и тестовите. И понекогаш не го запишуваа, ама пак имаше многу оправдани и заврши средно, без да повторува година. Гледај од наредна година да не отсуствуваш толку, освен кога стварно имаш потреба. Ако треба, на пример, за математика, хемија работи со некој друг професор. Не мора другите предмети напамет да ги учиш, а и немора буквално сите оценки да ти бидат петки.Друго незнам што да ти кажам.
Не ти е животот уништен ама за ќотек си дете. Сите сме завршиле средно, еве јас лично не го паметам како нешто тешко, баш ми било уживање да одам да научам нешто ново и да се дружам со соучениците од клас. Ок, не сме сите исти ама секој може да научи барем за една двојка. Што правеше во времето кога не присуствуваше на час? Дали можеби правеше нешто паметно и корисно или пак бесполезно го трошеше времето? Искрено, мислам дека нема да повториш година туку намерно така ти зборуваат за да ти дојде паметот. Има време до крај, стегни се, знам ученици кои исто така не оделе со денови и имале по еден куп изостаноци па сепак не ја паднале годината. Опамети се и прибери се на часови, секогаш има поинтересни нешта ама верувај дека образованието и тоа како е потребно.
Фаќајте врски со време. Спремете некој кеш. За жал средното кај нас вака функционира. Завршив во многу јако средно школо во Скопје, и уште и ги памтам муабетите не школската која секоја година остануваше да полага, и ја пуштаа. Татко и ги носел посредниците на скапи ручеци и вечери во ресторани плаќал по 200 евра. И ете ја, сега по струка си работи
Да си жив и здрав дечко. Ништо страшно, ама да не ти прејде во навика само. Искрено не верувам дека ќе ја повторуваш годината, иако тебе сега ти е свртен светот наопаку поради срамот, другарите кои ги ,,загубиш,, учејќи во друг клас, но не е така. И да повторуваш, ќе си извечеш поука за понатаму. Немој само да паѓаш во депресии дека тука е крај на светот. Младо дете си, ќе си го надмине ова самата твоја младост. Но, пак ќе повторам, не верувам дека ќе ја повторуваш годината. Така ти зборат, за да те поттикнат да си го загрееш столчето. Имаш уште месец ипол, седни, научи, оправдај се пред професорите, покажи иницијатива, одговарај, биди редовен. Кажи им дома на твоите, секако ќе ти помогнат а и тебе ќе ти биде полесно ако разговараш со нив.
Можда и нема да повторуваш година.Со над 25 неоправдани те бркаат директно од школо.Не знаев дека се повторува година со изостаноци.За единици знам, дека оставаат на полагање.На мое дете ова да му се случи нема да го карам ама наредната учебна година нема акање и ќе седнам со него да учам.Од грешките се учи.А мене ова да ми се случи ќе се обесам..
Каде ти се тебе родителите? Јас да сум родител не би дозволила мое дете да дојде до тој степен. Имаше во мој клас едно кое два пати повторуваше година, две години беше постар од повеќето, од мене три. Мислам дека неговите сакале да му одржат лекција, оти имаше деца што покажаа полошо поведение, а не беа ништо пописмени од него, и не им се случи да паднат година. Ко за една од најдобрите гимназии во државава (за таква важи), чудни нешта се изнагледав богами.
Има време уште еден месец имаш овие 2 3 недели оди биди редовен и учи барем за двојка.И кај нас така се закануваа на некои деца па пак минуваа не паѓај на едно заканување.
Јас за разлика од silk, баш верувам дека не блефираат и дека навистина ќе повториш година. Значи една обврска имате на вашите години и и неа не ја исполнувате. За по кафиќи одење цел живот ќе имаш, загреј столица најмногу што можеш. И не знам што очекуваш тука на форумов, магично решение нема. Голем си, виновен си, ќе сносиш последици и тоа е тоа.
Далеку ти е животот од уништен, ама аман бе дечко како дозволи до тука да дојде Кај мене во училиште и најголемите дудуци и деца што не знаат да читаат завршија на време. А ти си далеку од глуп, те читам по форумов за твои години имаш и те како памет и зрело размислување. Те разбирам можеби си имал некоја аверзија према школото или наставниците,си се демотивирал и дошло до тука. Како што ти пишаа погоре, запни се сега овој период, јавувај се сам за одговарање макар 2ки, и пробај на убав начин, малце умилкување и така Среќно и пиши што ќе направиш
Сум се чувстувала вака, ко ти сега... знам како ти е. Едно само ќе ти кажам... години од сега нема ни да ти текне на ова - ќе се смееш дека си се замарал in the first place со толку небитна ствар, верувај Ништо страшно... луѓе студираат и по 10 години и пак не дипломираат. Не си стварај комплекс на помала вредност ако си повторил една година средно повеќе. Се во животот е релативно... образованието највеќе! Луѓе со магистратури не се снаоѓаат, други одвај завршиле средно ама ќе им тргне Многу фактори се вклучени. Ич да не ти е гајле што ќе кажат другите - најмалку битно. Смири се и потсетувај се сам себе дека не е ништо страшно или срамно, не си ни прв, ни последен! Ќе ти биде тешко на моменти, ама не се оптретувај во премногу размислување - се` ќе биде добро.
Во секое средно ако покажеш интерес и малку знаење ќе поминеш. Имаш уште месец, згреј ја столицата пред да почнеш посилно да си ја чукаш главата од ѕид. И професорите се луѓе, ќе ти пружат помош ако навистина сакаш. Искрено, без манипулации.
Кога класната праша кои ученици сакаат да повторуваат година, јас намерно не се пријавив. Сметав дека е подобро да продолжам во повисоката година и да го завршам средното на време. Шега на страна... но животот никако не ти е уништен. Не размислувај така!!! Клучно е да разбереш дека твојата среќа лежи во твои раце! Но среќата не е во тоа постојано да им се попушта на сите моментални мали и големи желби. Некогаш треба понекое задоволство да се одложи во интерес на тоа да се добие уште поголемо и подолготрајно задоволство. На пр. да можеш веќе во месец мај до почетокот на септември да си мирен, бидејќи немаш премногу изостаноци а оценките ти се во ред. Постави си го прашањето: како дојде до оваа ситуација? Да речеме ако си го вратиш филмот во септември минатата година, и размислиш што правеше од ден во ден, од месец за месец, каде дозволуваше да се вртат твоите мисли? Кои обврски ги одбегнуваше? На кои желби им попушташе и им даваше поголема важност отколку на учењето? Каква корист имаш од тоа денес што си ги исполнил себе си тие желби? Од сето тоа извлечи си поука и задади си поинаков дневен план за во иднина. Учениците имаат распоред на часови. Ако знаеш дека утре имате физика или македонски, тогаш знаеш дека постои можност да те испрашаат или целиот клас да има тест. За да поминеш најмалку со преодна оценка, треба да покажеш некакво знаење а тоа ќе го имаш ако ги прочиташ лекциите - некому е доволно читање 1-2 пати, некој 3-4 пати, некому е можеби потребен приватно професор (телефони има во огласник) да му објасни на поразбрлив начин. Во случајов приоритет се подготовките за следниот школски ден, дури потоа (доколку остане време) мислиш на искачање, ракомет, утакмици, филмови гледање, играње игри... ионака цело лето ќе можеш тоа да го правиш. Во ракометот е слично, играчот кој не се подготвува а во текот на натпреварот дозволува да го деконцентрира секоја можна мисла и желба наместо да ја прати топката, лесно може да го загуби натпреварот. За крај, твојот натпревар (школската година) сè уште трае - седни учи, поправи ги оценките - ти си знаеш кај кои предмети и кај кои професори ќе оди побрзо и полесно, а ако ти останат 2 предмета за полагање во јуни, ништо страшно, подговтувај се учејќи и за нив. Во случај да повторуваш, сфати го тоа како загубен натпревар но не и сезона. Неуспешен натпревар во Хелсинки, не мора да значи и неуспешен натпревар во Мадрид! Главата горе, навиваме за тебе шампионче!
Еве јас ќе одам контра сите коментари и можеби ќе ме нападнат,ама некој треба да ти ја плесне вистината Секој додека учел во средно имало по некој што забушавал со учење и изостаноци. Од мое искуство најчести беа оние кои глумеа фраери и ги исмеваа оние "бубалиците" кои си учеа на време Моето прашање е: Зошто си бегал од часови и каде за одел за тоа време??? За тоа што си се надевал дека класната ќе ти ги оправда изостаноците кажува многу за тебе. Дека воопшто не ти било гајле за школото додека не ти дошло жешко под газот Се надевам дека ова ќе ти биде паметна лекција за другпат ДЕЧКО, со 94 неоправдани и 360 оправдани изостаноци, не година да повторуваш, туку треба од школо да те избркаат И дај земи учи ако толку си загрижен, не отварај теми на форуми да бараш совети