Погачи за свечености

Дискусија во 'Рецепти' започната од marija.1986, 27 јуни 2011.

  1. marija.1986

    marija.1986 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Здраво....разгледував на форумот и не неидов на вакава тема...па би ве замолила ако имате рецепти за погачи и слики од истите пишетеми...поздрав
     
  2. ane.bella

    ane.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    2.118
    Допаѓања:
    17.727
    Пол:
    Женски
    цвет погача,јас ја направив за роденденот од ќерками и навистина е убава,и бас е убаво објаснато со слики и лесно се прави
    http://www.minjina-kuhinjica.com/t-e-s- ... gaca-cvet/
     
    На NATALIJA89 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    11.253
    Пол:
    Женски
    Еве уште една интересна замисла за украсна погача:
    Potrebno je:

    * 250 ml mleka
    * 45 gr svežeg kvasca
    * 700 gr brašna
    * 1 kašičica šećera
    * 2 kašičice soli
    * 1 kašičica alkoholnog sirćeta
    * 100 ml ulja
    * 3 jajeta
    * 100 gr margarina
    * susam

    U mlako mleko stavimo šećer i kvasac da nadođe. U nadošlo mleko sipamo ulje, dodamo so, sirće, 2 jajeta i promešamo. Brašnom zamesimo testo. Pokrijemo ga čistom krpom i ostavimo 30 minuta da testo nadođe.

    Nadošlo testo premesimo i razvučemo u pravougaonik 30 x 60 cm. Premažemo sa margarinom i urolamo po široj strani. Pripremimo tepsiju veličine 28 cm, tako što dno obložimo papirom za pečenje, a bočnu stranu premažemo margarinom.Testo prebacimo u tepsiju formirajući krug i preklapajući krajeve. Pogaču premažemo sa umućenim jajetom.
    Sa oštrim i pobrašnjenim nožem zasecamo pogaču u cik-cak liniji, oko ½ cm duboko. Na latice pospemo susam i ostavimo pogaču 30 minuta da nadođe.
    Stavimo pogaču da se peče u zagrejanoj rerni na 200°C. Posle 10 minuta sa aluminijumskom folijom pokriti pogaču a temperaturu smanjiti na 180°C i peći još 20 minuta. Nakon toga skloniti foliju sa pogače i peći još 6-7 minuta. Pečenu pogaču izvaditi iz tepsije, pokriti čistom krpom i ostaviti da se malo prohladi pre služenja.

    [​IMG]
     
    На SANY4E му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anailisav

    anailisav Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    23
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.217
    Погача за слава.
     

    Прикачени фајлови:

    На simonna.a, shushu, do-re-mi и 12 други им се допаѓа ова.
  6. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    Погача - Цветна долина
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    2 Шекер лажичка/ки
    малку Сол
    300 милилитри Млеко
    100 милилитри Масло
    250 грама Маргарин
    2 Квасец
    200 милилитри Вода
    1750 грама Брашно
    500 милилитри Јогурт
    3 Јајца/це
    КРАТОК ТЕКСТ:
    Навистина прекрасна погача
    ПОДГОТОВКА:
    Брашното измешајте го со квасецот и додајте сол, шеќер, изматени јајца, јогурт, масло, вода и млеко. Замесете меко и мазно тесто. Обликувајте во топка и оставете да стасува.

    Од стасаното тесто одвојте помал дел и оставете го на работна површина посипана со брашно. Останатото тесто расукајте го во правоаголник (дебел 1 см) и намачкајте го со 1/3 од маргаринот. Преклопете го како книга и оставете го 15 минути да стои.
    Постапката повторете ја уште два пати.

    Тестото расукајте го во големина на тавата во кое ќе ја печете погачата. Од помалечкиот дел тесто расукајте кора дебела 3 mm. Исечете малечки квадрати и спојте ги по три. Пред спојувањето два квадрати намачкајте со белка, а при нанесувањето на третиот, малку притиснете со потежок предмет. Така подготвениот цвет нанесете го на површината на тестото. Местото каде што ќе го ставите цветот намачкајте го со белка. Ставајте цветови колку што има простор на основното тесто.

    Вака подготвената погача, намачкајте ја со жолчка (изматена со 3- капки вода), и ставете ја да се пече.

    Рерната загрејте ја на 220 степени, па погачата печете ја 10 минути. Намалете ја температурата на 200 степени, и печете уште 10 минути. Потоа температурата намалете ја на 180 степени, и погачата оставете ја да се пече 20-25 минути. Испечената погача извадете ја од рерната, испрскајте ја со малку вода, покријте ја со чиста крпа и оставете ја да стои 10 минути. Извадете ја погачата од тавата, завиткајте ја во чиста крпа и оставете да се олади, па послужите.
     
  7. ane.bella

    ane.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    2.118
    Допаѓања:
    17.727
    Пол:
    Женски
    Серафима погачата прекрасно изгледа,дали имаш рецепт да пишиш,и како да се украси,стварно е убава за око а верувам и вкусна е
     
  8. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.217
    Рецепт
    Потребно: 1 кг. брашно, околу 500 мл. топла вода (може и малку повеќе во зависност од брашното колку прима вода), 100мл. масло, 1 коцка квасец, 2 лаж.(мали) сол, 2 лаж.(мали) шеќер, 1 лаж. панко (адитив за тесто).

    Се меси и потоа се остава да нарасни. Најдобро е да стои околу 15 минути, па да се премеси, така неколку пати (на овој начин ќе биде поглатко тестото и поизработено). Потоа се дели тестото на 15 еднакви парчиња (онака како што е направено на сликата, а и ги мерам на вага да бидат исти). Дванаесет за кругот, а три за во средината. Секое парче се измесува и се сучи малку и се редат едно до друго, но како скалило( За еден килограм брашно, потребен е калап со дијаметар 28 за да има добра големина погачата и важно е да биде калапот премачкан со маргарин- така нема да се залепи погачата за калапот). Додека трите парчиња или се измесуваат сите заедно или се редат едно врз друго. Потоа се остава да нарасни повторно. Пред печењето се премачкува или со масло или со вода во која има шеќер (шербет). Последното важи ако погачата е блага (ако биде блага може да се стави рендана кора од портокал или лимон и плус да се стави една чаша шеќер).

    Во друг сад се меси само брашно и вода. Но тоа тесто треба убаво да се измеси и да биде многу тврдо (за да останат постојани фигурите). Потоа се сучи кора и се прават фигурите (цветовите ги правам со штампа за цвет и ставам топче насредина, крстот може да се направи прво од хартија и потоа да се копира на тестото, додека за грозјето се прават малечки топчиња и се редат како грозд- многу лесно :) ).
    Важно: Фигурите не се ставаат веднаш кога се прави погачата, туку подоцна. Прво се става погачата да се пече и кога ќе биде на половина или некаде 10 минути пред да се извади, фигурите се премачкуваат со вода (на долниот дел за да се залепат) и се редат. (ова го кажувам од искуство :$ , зашто ако се стават на почеток како што нараснува погачата во текот на печењето, сите фугури ќе ги внеси во внатрешноста и ќе ги покрие)
     
    На shushu, do-re-mi, Abeja и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.996
    Допаѓања:
    2.276
    Пол:
    Женски
    Еве ја погачата на мајка ми.Едноставна е но многу вкусна :*
    *250гр благо млеко
    *250гр јогурт
    *150гр масло
    *2 јајца
    *1 квасец
    *2 лажички сол и 2 шеќер.
    *1 кг брашно.
    Се замесува и се остава тестото да кисни.Потоа се расукува кора и се сечи со чаша (како крофните што се прават),секое кругче се се става во растопен маргарин па се става в тепсија (скалесто),се премачкува со јајце и сусам и се печи :)
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG3159A.jpg
      IMG3159A.jpg
      Големина на фајлот:
      131,3 KB
      Прегледи:
      7.773
  10. SANY4E

    SANY4E Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    6
    Велигденска погча-пармак

    Здраво женски сакам да прашам дали некоја од вас знае дали вапцаното јајце се става врз погачата пред да се пече и се печат заедно или отпосле,прва година ќе одам кај кумовите на велигден и кај нас обичај е да се носи погача со јајца,рецапт имам ама за обична погача ке и ги додадам јајцата и ете ми ама дилемата е околу печењето.... :D :D :D
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.155
    Велигденска погча-пармак

    Претходно сварено и исфарбано јајце се става на печена погача
     
  12. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.076
    Допаѓања:
    1.624
    нормално дека јајцето ќе го ставиш отпосле, зар јајцето, варено па печено
     
  13. Anonnimna

    Anonnimna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    76
    Ако може да ми кажете рецепт за свадбарска погача??
     
  14. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.217
    Погачата може да се направи по кој било рецепт. Најважна е декорацијата.
    На претходната страна имаш рецепти, можеш да одбереш кој сакаш. Разгледај го и мојот рецепт, таму имаш и детален опис на подготовката на декорациите, кој ќе ти биде од голема полза :) .