во мојот случај неможам да проценам за каков поглед се работи, многу е чудна работава.. сега ќе го пробам советот од Hardsex, па ќе пробам нешто и со пријателките па ќе пишам што се случило... чекам уште некој совет..
Фала женски за решенијава а иначе он не ме гледа од страна како да ме манјачи туку ме гледа право во очи !!!! а решенијето на Hardsex да му ја стегнам раката е многу добро и така сигурно ќе дознаам дали ме свиѓа ама многу ми е срам да го направам тоа !!!! НЕМА ШАНСИ!!!
Еееех колку ме нервираат вакви погледи....ја едноставно зјапачи си ги викам или манијаци... Не можат да ти пријдат и да ти напраат нормален муабет туку само зјапаат Долго време ако ти праќа погледи..претпоставувам дека те свиѓа
Веројатно те свиѓа, најмногу ме асоцира на тоа ова со погледиве. Но нешто го спречува да ти пријде, па не е лошо ти да го направиш првиот чекор, не е ништо страшно, а барем ќе знаеш на што си и дали треба да се надеваш.
Најди некој кој ќе ве запознае...види какви му се реакциите(на запознавањето,забележи му ја фацата,дали се смешка,заитересиран е за тебе,она како радиреда се запознава итн)....потоа ќе видиш што понатаму гуд лак
Гледај од погледи аир нема значи постојат луѓе кои сите ги гледат и тоа не им пречи ,но може и навистина те свига детето искрено обиди се да дознаеш за што се работи бидејки погледите можат да бидат од различен вид
sigurno te sviga tipot e izgleda sramezliv i nesaka da ti prijde no ako i ti nego go svigas prijdi mu prva : pozdrav
Ме свиѓа или? имам проблем.. Ме зјапа цело време..Кога поминам покрај него се праи неутрален.. Значи ме свиѓа или ПОМОШ!
Анели ако не знаеш да и одговориш не се занимавај со нејзините години, прашање се поставило, занимавај се со одговорот ако воопшто сакаш да одговориш, ова ти го кажувам најдобронамерно, можеби на твити и треба некаков одговор, а таков како твојот ич не и требаше .
можеби нема да биде од некаква корист ова..али ајде,мислам дека мене ќе ми биде полесно ако си кажам,па може ќе добијам некој совет што ќе ми помогне. значи вака..скоро го забележав дечкото,и тоа многу случајно..а тоа што ме натера да го забележам е тоа што гледаше без прекин во мене.Потоа го додав на фб и почнавме да си лајкираме но само линкови и статуси,т.е он прв почна.И оттаму се среќававме почесто,и се гледавме почесто.И знам дека звучи глупаво но мене ми се појавија некои чувства,кои можеби се и без основа и заради што мислам дека ми се случува нешто посебно,но еве што да правам неможам да си помогнам.И предходната недела си шетав низ град и го сретнав ко по обичај 3-4 пати..И потоа седеше со друштво,а ја поминав откај него и овој ми викна чаоо,дури и со раката мавна.И сега ја у тој момент се збркав,и одма најлошото ми удри у глава си помислив се зеза,иронично беше,ме фати нервоза и не му кажав ништо.И знам дека згрешив ,не ме осудувајте за тоа.сега поинаку гледам на работите..Сите ми викаат ТРЕБАШЕ да му викнеш и ти, требаше..е требаше свесна сум и сама,ама помина и неможам да го вратам времето сега.сакам да го поправам тоа,па сите си заслужуваат втора шанса.Али штознам дали навистина ме свиѓа или само умислувам,дека од кога не му викнав чао се понаша налутено кон мене.али повторно ме погледува,успевам да му го уловам погледот кон мене..Ај кажете ми нешто како да почнам што да направам,сакам некој знак да му дадам,али не бих да му пишам или боцкање никако(лоши искуства имам со тоа ) п.с и другарите дали се со него или сами,нон стоп буљат у мене,и обавезно ќе ми се насмеат или некој коментар ќе дадат! ( и овде го пишам ова,пошто се започна од погледи)
ве молам за ваше мислење, совет ми се свиѓа едно дете.. и вчера кога искочив јас си идам накај дома со сестра ми и он поминува и само он ме погледна и коа помина со другарите негови они почнаа да му викаат ко демек нешо ааа.. и сестра ми ги видела дека само тие двајца на него му викале така.. дали тој нешо као да ме свиѓа или.. :// ве молам за ваш совет и мислење
Значи кога си се гледате, мора да има некоја хемија. Поздрави го нареден пат кога ќе го видиш, и така се имате на фб си лајкувате.. Дури и он те поздравил но ти си се збунила. Ништо страшно, при наредна средба (или разминување) кажи му Здраво, како си? И подзастани, не како што си имаме сите обичај уз одење да одговориме и веднаш да не снема.. Направи муабет доколку не ти е срам. А ако се срамиш, пиши му на фб, направи му некој бош муабет и можеби ќе ви тргне и понатака Па ако често му ги уловуваш погледите, мора да те симпатизира
MissSpark мила фала за советот значи многу често кога ќе побарам совет од некој и кога ќе ја објаснам ситуацијата ми викаат дека погледите кажуваат доволно..сепак јас бидејќи се работи за мене, на моменти си мислам дека нема ништо и дека си правам филмови напразно..инаку бидејќи сум многу страмежлива,не би го застанала,едноставно се плашам од неговата реакција.Не сум дотолку храбра,се плашам да почнам прва..Имам размислувано да му пишам,дури го имам отворено и четот кај него за да му пишам,али сум се откажувала и тоа многу пати се има случено..Не мислите дека би било добро да започнам со една насмевка?!Бидејќи сега сигурно он мисли дека ја не осеќам ништо за него,го сфаќам и него,сепак се глупаво излезе заради тоа ЧАО..Ама би била доволна ли насмевката за да промени некои работи?! А ако тргне од таму би можела после и да му пишам ,ако веќе он не пишува прв...едноставно сакам да ги пуштам работите да си течат нормално,не сакам да планирам бидејќи плановите никогаш не испаѓаат како што сме ги испланирале.Секогаш нешто оди лошо.Што мислите за ова?
леле луѓееееее ве молам за помош се смирил со бифшата и помина откај мене..и тоа шо најмногу ме повреди беше фактот што до сега кога и да се сретневме гледаше во мене(пр. саботата кога излегував и ме виде,немаше ме видено така дотерана,и не го тргна погледот од мене цело време гледаше,ја се сретнав со една другарка зборев а он спроти мене стои,на 1 метар и гледа и гледа и гледа..и ја го погледнувам он на др. страна се врти право)а вчера поминува со неа откај мене,и се смее и главата нагоре крената....Ја брфнав да плачам неможев да се контролирам,тоа беше откога помина он,незнам дали ме виде бидејќи си тргнавме накај дома неможев да издржам..може и да ме виде,али и небитно. ВЕ МОЛАМ за совет!Проблемот ми е што нешто длабоко во мене ми вика дека има уште надеж и да не се откажувам,а свесна сум дека треба да продолжам со животот.И ќе продолжам,ќе си правам забава,само онака..Неможам бе луѓе да го заборавам,нешто е посилно од се.Другарка ми ми вика дека она во мене што ме тера да имам надеж е глас кој ми збори во мене и кој ретко греши, и според неа би требала да го послушам.Дај дајте ми советче,плачам неутешно 2 дена Што да правам?Грозно ми е ! овде ја продолжив темата дека овде ми беше напишана целата приказна да не ја пишувам од ново.
ааааа маче штом имало таква дешавка има нешто кај што има чад има и оган мн среќа (може следниот пат ке собере храброст да ти каже здраво )
знам дека звучи лесно за зборување но тешко за правење но мислам дека би требало да разговараш со него бидејќи од свиѓање не се плаќе толку 2 дена неутешно мислам дека има љубов тука ако така го гледаш само повеќе се повредуваш самата себе мила ти кажувам од искуство со среќа