Ехее погледот не да зборува, писка! Друго беше муабетот, преку погледот се кажува многу, повеќе од зборовите.
Понекогаш е доволен поглед а не збор за да се каже што се чуствува Тој сака да чути ама погледот гласот телото го издаваат !
Како велат очите се огледало на душата ,многу е полесно да се каже лага од типот те сакам или сл.колку да биде задоволена другата страна ,но не верувам дека некој би можел да одглуми поглед онака топол како да му е мило што си покрај него,мислам дека погледот е тој што ги издава чувствата на една личност
Добро зошто по ѓаволите не ми признава дека му се свиѓам кога гледам како ме гледа. Ахх со тој погледот негов, цело време се држи на некоја дистанца од мене демек само другари а приметувам каков поглед ми мава. Смачено ми е да го чекам да превземе нешто, а јас да му кажам дека ми се свиѓа не сакам, ипак е тој машко и тој треба да го направи првиот чекор. Ќе полудам жими се, секоја вечер мора да го сонувам.
понекогаш погледот заменува милиони зборови.. многу скриени тајни и желби се отркиваат со него.. доколку еден човек го познаваш доста добро со него не ти треба муабет доволно е да го погледнеш во очи за се да ти биде јасно..
Се согласувам, да, така е...кратко и јасно...пустимо очи да говоре Шала на страна. Понекогаш сама себе се фаќам како буљам :geek: во буквална смисла на зборот во мм и се смешкам...ќе ме види и одма ме прашува-што се смееш ...одговорот-онака..така ми дојде[/i..]знам зошто се смешкам, знам ама не му кажувам..си знае, не требаат зборови. И обратно...тој се ѕвери, а јас прашувам...онака од навика. И сега да не биде ептен само романтики- погледот многу кажува и др. работи..пр. кажувам со очи да дојде, да молчи, кажувам да седне до мене и да не мрчи прво со очи му зборувам, а ако не ме разбере или послуша следи газење стапало под маса...
Секако дека зборува. Понекогаш зборовите едноставно не се доволни. Не мора да значи дека секој кој ќе рече Tе сакам, го мисли тоа навистина. Но погледот никогаш не греши. Веднаш се познава дали си заљубен
Сметам дека зборува. Можеш да глумиш среќен, да се смееш и покрај тоа што чувствуваш тага и ти доаѓа да плачеш и викаш за да се слушнеш до небо, но ако некој ти ги види очите веднаш се забележува како си
Погледот кажува многу! Ке ви дадам еден пример. Со бившиот учиме во ист клас.Раскинавме пред 8 месеци и немаме којзнае каква комуникација.Но,со погледи многу си кажуваме.Кога ке ме погледне знааам знам и знам дека сеуште ме сака.Во неговиот поглед гледам дека се плаши да ме погледне.Но,ме гледааа и ме гледа
Да погледотзборува, ама додека не се направи чекор џабе од зборењето на погледот... Све ке пропадне во вода .
ЕЕ зборува зборува и тоа како!На пр.некој не го трга погледот од тебе и сл.тогаш значи дека е заинтересиран за тебе
или е манијак хахахахахаххаха Шала! Секако дека зборува само треба правилно да го протумачиме тој поглед.
Зборува многу, се приметува некој кога е искрен, некој кога глуми лудило, или на сила праи уметнички гримаси или нешто се труди да привлече вауу внимание, а се познава кога нешто е искрено и чисто.
Точно е дека погледот зборува... Имам еден другар (кој на некој начин ми се свиѓа) и еднаш се договоривме да се најдеме (онака да позборуваме). Се најдовме, си праевме муабети и требеше да си одиме, го гушнав, и го бакнав во образ (бидејќи победив во кладба ) и вечерта кога разговаравме преку телефон ми призна дека кога сме седеле еден до друг сакал да ме бакне (да ме смува најточно ) и и јас му го признав тоа... И сношти кога разговаравме ме потсети на тој ден и ми кажа дека пред да си одиме (кога сакав да го бакнам во образ) мојот поглед ме издал. Чудно сум го гледала, како да сакам да направам нешто... И ме фати во тесно!
Па најверојатно се страми. Мене вака ми се случи и дента не се запознавме, беа двајца другари и ние две другарки .. И седнаа до нас ова она, ама ни беше страм.. После неколку дена повторно се сретнавме и се запознавме. Затоа мислам дека се страмат
Навистина погледот зборува.Но,треба да умеете да го откриете тоа.Погледот праќа сигнали и во позитивна и во негативна смисла.Понекогаш интуицијата ни дава знак дека треба да бидеме внимателни во постапките и блискоста со другите додека не ги запознаеме подобро. Времето што ќе си го дадеме за да размислиме ќе ни донесе одговор на многу прашања.
Зборува, да ама и само од гледање фајде нема. Си симпатизирав јас едно типче и после некое време оп ми прати пијачка, се запознавме и толку само на тоа си остана. И од тогаш до сега ништо и само си се погледнуваме и здраво си кажуваме. Што да се прави мн е секси, мислам мн ми е секси, не можам да опишам колку