Толкувањето на погледот е до набљудувачот. Некој гледа закана, некој помамливост, некој само замор на гледачот. Не се плашете, имајте доверба во себеси.
Кажува. Не само погледот, туку целиот говор на тело. Ако знаеш која положба/израз на лице што значи, не е тешко. Ако знаеш и за микроекспресии пак... ќе те вработат во ФБИ
Кажува, но не треба само погледот да кажува, треба и устата. Што фајде од погледот. Тишината ли ќе ти рече ,,те сакам“? И мажите, мажи треба да бидат, а не да се срамат. Јас го разбирам стравот да не добијат корпа од некое девојче, но ако приметат дека очите на девојчето кажуваат нешто, нека ѝ пријдат.
Исто и жените. Не треба да се срамат, ако им се допаѓа некој, нека му пријдат. Па и да ти речат: “Не“ - не екрај на светот
Точно, но ние женските сме многу повеќе емотивни. Поголемиот дел од мажите не се ни замараат некоја да им рече не. Јас не би била толку емотивна некој да не ме сака, додека јас летам во облаци кога ќе помислам на него.На пример јас не ни сакам да помислам да пријдам прва. Не затоа што можам да испијам корпа, туку и заради тоа што ќе се обрукам. Ако е само за корпата проблемот, добро ќе беше. Но, после такво нешто јас не би ни можела да го погледам тој што ми рекол ,,не“. Ќе му кажувам „вљубена сум во тебе, чуствувам нешто кон тебе, бла бла...“ и на крај тој „сори, но не ми се допаѓаш“... А, да не заборавам да кажам и дека во глобала машките се едни толку големи фалбаџии што едно девојче да им се пушти, веднаш низ цело село/град ќе разгаси. Ако треба и на вести ќе каже како "многу" од девојките му се пуштаат. Не е ли така?
Искрено, и јас се глупирам некогаш, ама шо'има врска то А дали ќе зборале... пффф.. Мнооогу 'пострашни' работи сум напрајла, од пуштање на машко Иначе, навикнати се тие, оти почесто го прат од нас. И ние да го прајме редовно и ние ќе се навикниме
Не смее толкување на поглед да се земе како оправдување и заклучок. Инаку, ќе имаме силувања под изговор "така ме погледна"
Мислам дека сака да каже дека кога некој нездрав во умот (манијак) случајно ќе го погледнеш и тој си помислува дека тоа е "покана за забава". Па откога ќе си го направи ќефот, изговорот ќе му биде „ме испровоцира со очите“.
Леле во кафичи врие од такви манијаци што сами или со другар стојат на шанкот и имаат чачкалица во устата пијачка во едната рака другата на колкот, нивчаник, клуч од колата, од дома, од подрумот на шанкот тука се е поставено и бараат "мачиња". И нормално коа си излезена ќе погледнеш лево десно и ако ти се сретне погледот џекпот за милисекунда поминува од кај тебе демек оди до вцто што не е ни во тој правец, инаку има место камион да помине ама он е баце и е голем и мора кога ќе помини со раката да те закачи на половинчето.
Леле мислев изумрени се ваквите типови. Имав една ситуација со еден лик, често се разминувавме низ ходници за паузи, и типот со цел памет (не знам колку функционален) мислел дека имам некакви чувства за него како и тој за мене, па дури бил спремен и врска да ми понуди, зошто сум го "погледнувала". Јас онака наоколу гледав, ништо лично спрема него, сигурно нема во земја да гледам кога поминувам покрај некого. А мојот поглед сериозен, да не речам убиствен.
Ехее ги има. Има и од оние кога влегуваш или излегуваш од кафич и ако ти се сретне погледот за 2 секунди ти праќаат понуда за пријателство (иако претходните 50 понуди од истиот човек си ги одбила)
Тоа значи: 1. личност е силувана 2. силуваната личност пријавува 3. силувателот/ката се брани дека „така беше погледот - силувај ме“ 4. силувателот/ката се извлекува неказнето И ајде сега?
Tocno e deka pogledot kazuva mnogu, no mnogu lugje retko se zapoznaeni so toj problem. Ova najmnogu vazi za Mazite, Zenite funkcioniraat samo kako odgovor na ponasanjeto na pogledite na Mazite.
Со еден тип пред неколку дена се видовме прв пат, баш тој ден и се запознавме сабајлето и вечерта испаднавме, затоа што ми беше убав, е сега кога се видовме јас бев многу срамежлива и не можев да го погледнам во очи, па тој застана пред мене и се гледавме можеби 10тина 15мин и на крајот ми помина срамот, ајде се излапавме и типот ми вика не го сфаќај ова за озбилно, нека ти биде како сон, во тој момент малце се изнервирав и се почувствував како искористена ама на крај краеви ако не сакав немаше ни јас да се излапам со него, па ја искористив и јас приликата. Од погледот можев да заклучам дека му се допаѓам, дека сака нешто повеќе, али сепак го занемари тоа и сакаше да си остане на зборовите што ги кажа. Можеби затоа што е пресно раскинат со бивша девојка од 1ипол година и најверојатно не сака пак нешто озбилно или се уште не може да ја преболи. На крајот ми вика ги сфаќаш работите многу сериозно, а јас само му реков не ги сфаќам сериозно, али не сакам несериозни работи.