Погрешен избор на факултет

Дискусија во 'Образование' започната од marina.88, 3 јануари 2013.

  1. marina.88

    marina.88 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Бидејки не најдов ваква слична тема решив да отворам нова. Ако не е во ред слободно заклучете ја. Темава ја отворив со цел да го споделам мојот проблем а се надевам дека ке се најдат и други кои се или биле во иста ситуација како мене па може да споделите ваши искуства на темава. И самиот наслов кажува - Што кога ке направите погрешен избор на факултет, факултет кој не ви е по желба?? Значи се запишав на факултет за кој ги послушав моите родители иако не ми беше по желба. 4 год ми поминаа во нервози, тешкотии, и еве сега при крај сум за да дипломирам , но што понатаму не знам... Тешко ми е премногу кога ке помислам дека треба да работам нешто што не сакам. Моиве имаат доста познајници и врски за да можат да ме пикнат во некоја институција со таа професија , плус тоа имаме фамилијарен бизнис но сепак за мене не е тоа тоа. Во голема дилема сум како да продолжам понатаму, дали да се запишам на факултетот кој отсекогаш го сакав иако некои ме прават "луда", како само залудно ке си го губам времето учејки и 2 факултет , наместо да почнам со работа. ЗНам дека не треба само желбата да биде во прашање , реалноста не секогаш соодвестува на нашите желби но што е тоа е. Дали некоја од вас се нашла во ситуација како мојата , па споделете ваше искуство на темава. Поздрав
     
  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    30.063
    Пол:
    Женски
    Заврши си го овој и ако ти е толку кејф запиши и втор факултет.Ако сама си заработуваш и си ги плакаш студиите нема што некоја да те праи луда ако сакаш можеш и 10 да ги звршиш.Твое право си е . ;) :)
     
  3. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    10.850
    Пол:
    Женски
    Денес повеќето жалат за изборот на факултет бидејки нема работа со истиот :D Меѓу нив сум и јас .
    И мојот факултет не беше мојата желба , и до ден денес имам пусти желби и мисли да се запишам на факултетот кој го сакав и имав многу талент и желба за него но моите многу ми се вмешаа во изборот :(
    Но сепак да имам можност за работа не би ни помислила на друг факултет малку тапкање во место е . Ако имаш можност за работа не си ни дипломирала уште . Пробај прво може ќе ти се допадне , тоа што се учи на факултет и работното место најчесто се многу различни ;)
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.614
    Допаѓања:
    48.936
    Пол:
    Женски
    Јас сум во таква ситуација. Еве не ми оди, заглавив и со испитите, немам волја да го учам ова, но немам избор. Ќе се трудам колку што можам, но ако и тоа не е доволно, тогаш ќе морам да се отпишам.
     
  5. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    603
    Пол:
    Женски
    Еден од најголемите мои стравови, сериозно. Уште не сум во таа фаза да избирам за факултет али како што незнам што понатаму, страв ми е да не се зацапам во калта па да се каам цел живот.
     
  6. Amaris

    Amaris Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    952
    И јас сум во недоумица. Сама си одбрав што сакам да учам и мислам дека згрешив. Факултетот е доста перспективен, барем така слушам постојано, на почетокот имав многу поголема желба отколку сега.
     
  7. nadja29

    nadja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    341
    Нормално е тоа,и јас си го одбрав факултет што мислев дека е доста перспективен и дека ќе можам лесно да најдам работа но сум згрешила.еве си седам дома немам работа
     
  8. Amaris

    Amaris Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    952
    Јас само што завршив прва година, ама не сум задоволна. Обично разочарувањата се за откако ќе завршиш, ама кај мене многу рано се појавија
     
  9. nadja29

    nadja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    341
    не се разочарувај толку рано,верувај дека ќе најдиш по завршувањето,сепак сами сме си одбрале што да студираме :)
     
  10. Askopje

    Askopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    496
    Ако не ти се допаѓа нешто , смени го одма.Не стојте во место и не чекајте. Верувајте во себе.
     
  11. Amaris

    Amaris Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    952
    Не би сакала да изгубам уште една година сега, ќе го завршам овај, па после на постдипломски ќе одам на нешто што го сметам поинтересно, сепак се колку толку блиски она што го учам сега со тоа.
     
  12. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.676
    Колку нас не има што сме „жртви“ на родителските желби и соништа и сме тргнале по патот кој тие ни го избрале, навистина многу е тажно.. Многу пати помислував да се откажам од факултетот кој ми го избраа моите, потоа се случија и некои мали финансиски проблеми и се тргна наопаку понекогаш си викам дека и Господ не сака јас да студирам на овој факултет затоа се ми оди наопаку..
    Ама ете како што викате кога ќе се фатиш за оро изиграј го до крај, оние кои се откажуваат на пола пат се луѓе со слаб карактер и несериозност а јас не се сметам за таква личност..
    Не дека ми е тешко она што го учам напротив имам дарба но ете некако не се пронаоѓам во таа струка и не чувствувам особена љубов и страст замислувајќи се еден ден како професор..
    Иако родителите ми гарантираат работно место после завршувањето од самата помисла дека секое утро треба да се будат и да одам да работам нешто што несакам ме плаши, но решив откако ќе го завршам овој факултет да се запишам на струката која отсекогаш сум била вљубена..
    Првенствено кога запишував факултет не ја избрав таа струка од прости предрасуди дека е неценета струка, нема работа а сепак е толку тешко да се изучува..
    Јас мислам дека кога постои љубов ништо не е невозможно и сите оние кои имаат сомнежи во врска со насоката која ја избрале секогаш можат да си го остварат сонот, верувам дека еден ден ќе успеам да ја исправам таа грешка, а верувам дека и многуте што ги има како мене доколку се решени да ги следат соништата ќе успеат..
    Сакам да кажам дека никој не е сам во ваква ситуација и дека не има многу, но никогаш не е доцна за ништо! ;)
     
    На eloves и ceca-1 им се допаѓа ова.
  13. margarita666

    margarita666 Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2015
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Знае некој кои се услови и како оди процедурата за префрлување од еден на друг факултет? Ја запишав Правен и се покајав ,сакам да се префрлам на Економски знае некој да ми помогне ?