1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подари цвет - прати порака

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Val-Dim, 7 март 2015.

  1. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    [​IMG]Цвеќе... Убаво, нежно, колоритно, миризливо...
    Се користи во различни пригоди - тажни, стресни, неизвесни, весели... Кога незнаеме што да кажеме или пак кога имаме толку многу да кажеме - подаруваме цвеќе!!!
    Цвеќето е дел од нашата култура и најчесто со најголемо внимание го избираме за некој повод. Но, дали доволно го познаваме неговиот јазик, дали знаеме каква скриена порака испраќаме со избраната боја или пак со избраната комбинација??? Дали знаеме што сакал да ни каже пријателот, саканиот, детето... со подарениот цвет? Дали сме се почувствувале непријатно поради незнаењето на симболиката на цвеќињата и незнаењето каква порака сме пренеле при честитањето на некој празник, јубилеј, прослава, свадба???
    За да не ни се случи да бидеме во незнаење каква порака сме пратиле со подарениот цвет треба да се запознаеме со „јазикот“ на цвеќињата...
    Грчкиот бог на западниот ветер кој носи пролетни дождови и топло време - Зефир, на својата сакана, убавата нимфа Флора како свадбен подарок и ја дал власта над сите цвеќиња на овој свет!!!
    Науката за јазикот на цвеќињата или флориологија потекнува од времето на Отоманската империја, а била многу користена во Викторијанското време во Англија... Флориологијата е комуникација преку аранжирање на внимателно одбрани цветови. Со правилно избирање на цвет или цел аранжман од различни цветови можеме да кажеме не една порака, туку цели реченици...
    Пораки од бојата на цвеќето
    Бела - невиност, скромност, елеганција и почитување; сина - верност, фантазија; зелена - младост, здравје, разбирање и сочувство; жолта - пријателство, среќа, но и љубомора; порокалова - енергија и гордост; розева - младост, невиност и радост; виолетова - достоинство и успех, црвена - љубов, убавина и храброст...
    Пораки од цветовите
    Орхидеја - префинета убавина, љубов, сила; Гербер - невиност, веселба; Лале - љубовна изјава; Крин - величественост, Крин портокалов - кокетирање; Лаванда - недоверба; Липа - брачна љубов; Мимоза - чувствителност; Зумбул бел - убавина; Зумбул син - те молам, прости ми; Јаглика - детство; Јасмин бел - љубеаност; Јасмин жолт - разделеност; Јоргован - први љубовни чувства; Камилица - сила во тешки времиња; Каранфил жолт - презир; Каранфил бел - прекрасно и мило; Каранфил розев - нема да те заборавам; Кокиче - утеха и надеж; Папрат - искреност; Хризантема - вистина;Роза жолта - неверство; Роза портокалова - фасцинација; Роза розева - грациозност; Роза црвена - љубов...

    Каков цвет подарувате Вие? Каква порака испраќате?
    Доколку темата е дупла - канта!!!
     
    На Sky-butterfly, angelche16, atala и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Па најчесто на мајка ми и блиски за осми март црвен или розев каранфил како подарок, сепак уште не заработувам, ама штедам. :)
     
    На Val-Dim му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Најчесто кала или ружа...
    Знае некој која е "пораката" на калата?!
     
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Пораката на калата е солза.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    Според мојата книга за значењето на цвеќињата калата значи - СКРОМНОСТ!!!
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Ружа и крин ми се најубави.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.