Оди во МисПантер накај Визбегово и ќе си најдеш се што ти треба по поефтини цени. Ако ти е ептен блиска , ако нема купи и блендер/миксер за смути. Тука немаш промашај. Ако е повозрасна, можеш сет коцкасти тањири од Мис Пантер или од пластичарска (таму има баш од оние коцкастите) Нема да згрешиш и пари да и дадеш , 3000 денари во плик и толку.
Разгледај на страната на Homax има многу убави украси, вазни, слики, чинии.. Можеш да им земеш огледало, имаа убави до 2-3000ден или постелнини нешто што ќе го користат сигурно
Миксер, блендер, тостер, сет филџани, убави прекривачи за гарнитура, сет навлаки за перници и постелнина, ламба, пари, ќебе + чоколадни бонбони/домашни колачи и вино/узо/виски/било каков алкохолен пијалок
Не знам дали за овде е прашањево..Наскоро ќе се вселуваме во куќа.. Дали мора да се прави ова што го викаат чувајкуќа кај нас? Викаш роднини пријатели и седиш цела вечер не требало да се спие.. па поп дали да пеел дали не знам..Стварно во ситуацијава не ми е за берење луѓе,па стари баба и дедо имам и ако нив не можам да си ги викнам ете не знам.. Дали знаете нешто повеќе или да споделите искуство би ми значело
Не е така. Треба поп да ја освети и вие (домаќините кои ќе живеете во куќата) треба да преспиете таа ноќ таму. Да спиете може, не треба да бидете будни цела ноќ.
Ti blagodaram mnogu, stvarno ne mi e do berenje na luge periodov.. normalno deka letovo zdravje da bide podobro, ama sega sigurno ne.. fala ti uste ednas
Прашањето знам дека не е баш за овде ама не најдов баш ваква тема, барем поврзано ми е со вселување Се селиме во куќа, и прашањето ми е со осветување на домот. Моментално мебелот ни е расфрлан на 100 страни, кутии, свашта, се ќе биде на место дури за две недели, е сега маж ми не сака да спие додека не се освети куќата, а мораме таму да спиеме. Јас не сум многу по тие работи ама маж ми дека така подобро се чувствува воопшто не ми е проблем. Вие што имате правено освет кога го правите, кога се ви е на место, и што треба за осветување во домот? Секако сега гости не чекаме, тоа кога ќе се среди се. Срамота ли е да викнам поп да освети се така кога е хаос? Воопшто не знам што и како треба за осветување на домот
Од мои блиски, исто вака требаа таму да спијат, беа делумно средени, викнаа поп (тој им имаше кажано што треба да имаат спремано) им го освети, не е проблем ако е хаос. Исто дента во домот се јаде посно. Некои по обичаи/верувања им кажаа дената да не го напуштаат домот и вечерта да не спијат, од која причина не знам.
За вселување во стан досега сум добила:бледнер,сечко(по моја желба),магнет за ножеви чување ,постелнина,чаши,чаршав за на мало масе.
Здраво девојки, што мислите каков поклон да му купам на дечко ми за вселување во стан? Тој секако ќе ми каже што му треба, но бидејќи планира заедно да живееме во истиот стан јас не знам дали освен што сум вклучена со споделување мои мислења и идеи да се вклучам и финансиски во цело уредување на станот, дали да му купам голем поклон на пример спална,гарнитура или да му дадам пари? Вселување е нареден месец, тогаш им ги даваат клучевите но нема веднаш нели да се пресели додека не уреди
Не знам какви планови имате, претпоставувам е на негово име и доколку би вложила, а во најлош случај дојде до прекин на врската остануваш без ништо. Ако имаш опција дали со договор на нотар или било како да се заштитиш со тоа што го вложуваш, можеби. Е сега дали некогаш и сте правеле муабет што тој очекува од тебе на таа тема? Дали очекува уште додека сте во врска, рамноправно да учествувате во сето тоа? Или планира после запросување, во брак да живеете таму заедно?
Да, он планира веднаш кога ќе се всели да почнеме заедно да живееме и понатака се разбира,ние сме 8 години во врска и он највеќе го купи станот за да се отсели од дома и да почне да живее со мене,односно заедно.На негово име е секако,он си плати сам се што требаше.Разговараме дека заедно ќе живееме и он за секој детал од мене бара мислење, каков под,каков лустер и се околу уредување. Јас во една прилика му кажав дека ќе му купам поголем поклон со што ќе му олеснам барем со нешто и тој ми рече е како не ти ќе купуваш,седи си мирна не се замарај.А од друга страна знам дека финансиски ќе се исцрпи и дека можеби ќе му биде добредојдена помош.Хм, не знам што е правилно.Ма да, секако не би вложувала илјадници евра, не мислам на ептен големи суми на пари.Туку пример, да му купам голем поклон, да му декорирам јас со слики,украси ,да купам тањири,чаши и останат прибор, да му позајмам пари ако му затребаат.Не дека не му верувам на партнерот, се што прави е само за да побрзо си створиме наш заеднички дом, ама онака барам мислења на темава од што ме интересира како размислуваат други жени и од што сум во дилема
@Lolita7 убаво е да купиш нешто, не гледам причина зошто не би кога имаш можност. Имате сериозна врска, учествуваш во уредувањето, ќе живееш таму и мислам дека е сосема океј ако сакаш да му помогнеш финансиски
@Lolita7 можеш да земеш постелнина перници бањарки некој украс некои флекери тоа што ке си го користите заедно Ако мислиш на разделби поарно ич не оди да живееш со него
Колку само ви смета туѓа среќа... Никаде не прочитав девојката да пишала дека планира разделба. Зошто воопшто спомнувате такви работи?
Ептен ни смета ептен Се извинувам на Лолита не бил нејзин коментарор за разделба Еве мисс спомнала нешто за ако уложе големи пари како да се заштите
Тулку сте саможивни значи катастрофа. Никаде членката не спомнала дека планира разделба, праша за подарок. Вие веднаш почнавте да и солите памет за разделба или пошто има можност да дојде до тоа ништо да не купува па дури и да не живеат заедно... Ужас. Колку ли врски се само уништени поради вакви како вас.