За тоа што треба да е бесплатно и 10 денари се многу бидејќи бесплатно треба да е бесплатно. Дали своите пари си ги даваат за нокти или шта ти ја знам не го менува фактот за корумпираност на здравството на скоро секое можно. Истите маубети зошто овој прави свадба со 50 оној со 500 гости, зошто овој фустан од 100 оној од 1000 евра...и до бескрај. Да не треба да носат извештај од плата па да се види дали е оправдано мрчењето за тие триста денари. Демек ако зимаш повеќе ќути си и плаќај си, што се триста, а оние другине невработените, да бидат среќни што воопшто примаат некаква бесплатна здравствена заштита оти муабетуве ми идат како они само гужва да праат, па не дај боже да се пожалат.
Зошто такви муабети, многу пари им се за ехо а ставаат нокти? Да ставаш гелни нокти е луксуз кој самиот си го дозволуваш. А да ти наплаќа некој ехо кое што наводно треба да ти е бесплатно е нехумано и безобразлук. И не можете да ги мерите и споредувате овие работи. Се работи за здравје, во една држава со мизерно здравство. Па кај што врска немаат од ништо, кај платите ни се толкави какви што се, здравствените услуги се навистина скапи, ај на приватно си бираш, ама на државно не би требало да е така. Ако гледаме така ниеден ''луксуз'' не треба да си го дозволиме ради некои смешни причини. Никогаш не ја сфатив оваа споредба и нема.
Темава беше подарок за гинеколог или што ај да не филозофираме на државно, на приватно каде е подобро ко божем на овие од државно ако им понудат работно на приватно нема да ја прифатат па директор на Чаир занима во санте плус како обучен доктор а ваму беше директор
Мене матичната во бременост за земање брисеви не ми наплакаше, ама сега си наплака по 200 денари за сите 4 бриса, и плус партиципација што плакам на микробиологија. . Ехо не наплака. За пап тест ми зеде 60 денари наводно бесплатниот пап тест бил за жени над 42 години ако добро запаметив. Некои наплакаат и многу повеке, по 100 ден од брис, ехо 300-500, а зимаат секој месец пари од мене а јас еднаш годишно одам кај неа, ама ете.
Уште ова сакав да кажам Предрасудите сами си ги правиме во глава мн често.Барем мојот впечаток е таков.Ке го земам Димчев на кратко за пример.Важи за број еден кога е скриниг во прашање.Сите ми го препорачаа а и јас на други го фалев.НО за 3900 колку што го платив добив само три реченици.И толку беше.Ке рече некој битно си ја знае работата.Да направиме компарација.Да беше истиот тој Димчев сега во државна и да кажеше исто само три реченици што ке речевме тогаш?Ке речевме срам да му е не сака да ми се посвети,гледаше само да ме откачи.Така е или не е? Избегавме малце од темата.Но тоа е што цело време го објаснувам а погрешно се сваќа. Самите имаме предрасуди дека некој во државно не не сака,не не гледа,намерно погрешно не лекува,ни ги краде парите.Додека штом се спомне приватно иако се истите имиња се добива одма друга слика
Мене некој да ми побара пари, одма ќе го пријавам. Не разбирам зошто тоа се подразбира како нормална частовка за "добро завршена работа".
Ама дали ги прочита претходните постови Кукла? Во 90 посто никој не вика Дај туку Ние самите како пациенти нудиме,даваме.Ете ти го насловот на темата кој прашува дали и колку треба да се даде.Значи ние самите се ставаме во ваква позиција после Цацко ни е крив
Имаше и доста што кажаа дека доктори имаат тарифа и апла бараат. Тие па што од "благодарност" даваат не ги разбирам па ич. И тие се митаџии. Подеднакво е казниво подмитување и барање мито.
За доктор од Чаир со сигурност тврдам дека бара 500 евра за царски, сите ама буквално сите ги порага со царски, му даваш 500че и те порага. Сопруг е на колешка на мајка ми затоа тврдам дека е така си има тарифа човекот а зема огромна плата зашто не е обичен гинеколог и кога ќе видиш он зема повеке пари месечно од оние вработени по приватниве.
Ај нека ги на страна ноктите штом не се споредува. Во Систина 2200ден е ехо преглед (верувам и во другите приватни) кај матичниот 300. И кај матичниот е многу, и кражба е, и на веќе платено (со придонесите наши) пак ни бараат. Ама на приватно одиш пошто многу се стручни нели, далеку постручни од другите и затоа таа цена. Тоа што се истите што претходно беа на државно нема везе, стручни се и ТОЧКА. Ако јас се прашувам супер е, јас за здравствена услуга никогаш никаде не сум платила, ни кај општи, ни кај гинеколог, ни кај стоматолог.. ама сите тие се ,,мои,, луѓе, роднини и семејни пријатели,и нормално за мене законот важи.
Многу почна да се дискутира за тоа дека докториве што се сега приватно порано работеле на клиника и слично. Абе што ме интересира мене каде работеле порано и какви биле таму. Јас гледам како е во денешно време и каква неуслуга добив на клиника. Дехидрирана чекав два саата зашто немаше доктор,па една специјализантка ме прими и не знаеше што терапија да ми препише. Некој е задоволен од таму, некој не. А таа што беше со мене во соба самата си кажа дека главната сестра и е блиска роднина и и се врткаа повеќе. А дали докторот што работи приватно сега и дали порано бил на клиника љубезен или нељубезен не ме интересира.
Е да во право си . Што би ми сметало мене како пациент, ако докторот иде во "моето" купатило . Си има една хигиеничарка на 3 одделенија, па способна е да одржува доволно чисто. Па затоа е платена . А во нашата болница директорот нема "дозвола" да довработува екстра кадар. И за жал за општина од скоро 30.000 ж останавме без гинеколог,без педијатар , без уролог, итд итд. Да не должам, тоа со барањето мито мора да се реши, но реално ние немаме ни З од здравство.
ајде го знаеме сите кој е тој понекогаш потрага и природно ама јас мислам дека и директор знае за тоа
Не пријавуваат. Ги мрзи. Им е страв. Им е гајле. Не знам. Јас сакам да го пријавам Димчев. Ама пишал во извештајот дека не е 100% точен и се покрил, тоа е. Исто и на државно, само него за 7м му дадов 3900 и добив само една реченица. На државно ич не ми земаа. Матичната ми зема само ако сакам на приватно брис. Пап е бесплатен 1 годишно за сите. Ама немаме култура за лично здравје. Видете у дали сум трудна, се плескаат кај стасаат на 20 години ама на гинеколог не одат мајките да не разберат. Оти мајките одат на гинеколог од пораѓај на пораѓај. У такво општество сме. Да пишат гратис турска серија оди папот сите ќе одат.
Јас во потполност се согласувам со џој! Е сега , кога спомнавме бесплатно здравство, вакво/такво, да не се лажеме и да не гледаме многу Сител телевизија! Последниве години е бесплатно, но гинеколозите упорно го наплатуваат секој преглед, каде е тука министерството за здравство да реагира, иако тоа е јавна тајна? Медицинскиот персонал во Гак се луѓе? Теешко може да се каже, освен на интензивна нега, од нив бев навистина позитивно изненадена. Да им давам пари, парфеми, виски за да ме тетираат како човек? Секој пациент има право на достоинство пред се, а не од чистачка до доктор да смее да се испонаша како што сака со мене! Јас кога се породив во Гак на еден "човек" не налетав, ти културно им се обеаќаш, тие како со стока, еее нечеш свртев и јас лист па полнав да се однесувам како нив. Замислете луѓе една сестра ги емитираше пациентките што викаа по нив за да им исклучат инфузија, јас цело време слушав бидејќи собата беше веднаш до нивната. Цела ноќ се кикотат, една дури кантер играше памет ми извадија. Никој не ти покажувс покажувакако се дои, како се држи правилно бебето, цели раце инфузии ти го оставаат бебето и што сакаш прави! Сум ги молела да примам инфузија седната за да можам да ги држам бебето. Доле на патолошка, една гнида, дрска, безобразна на врат ќе не носеше и мене и бебето, зошто цело време и кажувам дека имам напон, прејаки болки дека ќе раѓам таа не се дери вика! Нејќеше доктор да викне, па кога дојде до крајно викна и право на хитен царски, да ја видам ќе ја задавам што се вели, камоли поклон! На овие поклон да им давам, мало сутра! Кажав погоре, дека мм само на една даде за да ми помогне, инаку без поклони и и пари третманот е различен и да не се лажеме дека државното здравство ни е одлично.
А што има врска културата за личното здравје и плескањето со тоа што здравствово ни е крш и не е бесплатно?
Кога почнавме за матичните, јас кај матична плаќам 500 ден ехо, 300 пап, брисеви пи 200 носење во микробиолигија 150, така пред некоја недела се "фукнав" 1500,оо денари. КАЈ МАТИЧЕН ГИНЕКОЛОГ. Ништо не искоментирав и си платив. Не сум единствена шо така прави т.е. си ќути, сами сме криви сите до еден, зашто знаеме да збориме а никој ништо не превзема
Не сум имала такво искуство никогаш до сега. Не сум купила скап подарок, а пари не ми барале, не сум ми понудила. Што е за право ни врски не сум фаќала, два пати лежев во болница, за две операции. Сега можеби на колегијално ниво сум "врскаџија", ама зборувам за периодот пред да работам во здравство. Не сум била во таква ситуација, можеби сум среќлика, што да кажам.