Ова исто ко на факултет, едни го поминаа без денар да дадат на професор за испит, ниту некој им побарал ниту помислиле сами да дадат, други со потплатување го завршија, оти поинаку не можело да се заврши.
Па да, нормално не е исто, како и милион други професии. Може цел ден да не кренеш глава од странки може и жив човек да нема па да дремеш на фемина. Ама поврзаноста со барање мито не ја сфаќам. Докторите нека почнат да даваат париче на пациентите за дома да си одат, гужви во ходници да не им прават, по на раат да се. Да се поднамалат пациентите и на танане да си работат. Или ако се 20 се знае ред а кај повеќе важи правилото кој повеќе ќе наддаде тој прв?
И на приватно има итни случаеви, колку пати јас на незакажано сум отишла, колку пати додека сум имала закажано докторот имал итна операција, итен порагај , не им се броени пациентите толку и толку денес ке прегледа и крај. А, ниту викендите им се потполно слободни, кога имаат неодложни интервенции поврзани со ивф доагаат, мене лично мојов доктор ме оперираше во сабота. Понекогаш и по 12 часа останува на работа.
Поклон за докторот кој ме породи-виски и Бајадера,а за акушерките исто така,цвеќе,тоа беше моја желба,беа во текот на породувањата со мене и многу бев задоволна.Се уште ги памтам,Маги ми беше со првото,а Светле со второто. Знам дека кога се породив со првото,маж ми секој што го сретнал,го частел.Докторот и на мекици доаѓаше. Породена сум во старата Систина,пред 13 и 11 години, која според мене беше многу подобра од новава. Никој не ни побарал ништо,од среќа и задоволство била нашата желба да ги почастиш оние кои се грижеле за мене. Такви сме си како народ,сакаш да почастиш некој кој добро си ја завршил работата,на било кое поле, иако тој некој за таа работа е соодветно платен.Не велам дека тоа е добро и не барам оправдување,но за да се искоренат овие работи,треба многу време да помине,треба промени во целокупниот ментален склоп на народот.
Каква врска има муабетов со митото, подароците и остало? Можеби, реков, до сега не сум имала такво искуство. Ако имам, ама онака сигурно нема да му дадам мито. Можеби обележано, па нека објаснува после во станица
@CameliaMiller јас само знам дека на петти кат во систина е лудница, бетер од државно, а сум била и таму и таму. Со ваучерите за ивф е исто ко државните станато. За останатите оддели не зборам бидејки не сум била често таму. Ама ваму сум чекала за термин и по месец понекогаш. Дури ми се чини повеке ред има со мој термин по државниве ( не секаде , на некои клиники само)
Мене сакаа да ми наплатат пап-тест кој ми е бесплатен еднаш годишно - реков дека ако ми наплатат сега, уште утре одам кај друг доктор. Погодувате дека не ми наплатија? Од мене пари не би виделе. Прво ќе барам фискална, ако не ми дадат - фаќам магла кај друг доктор. Сега барем е лесно да смениш доктор. Едноставно одиш кај нов доктор: Здраво, сакам да сум ваш пациент, останатото го решаваат тие. Преплашена сум од одредени пропусти на докторите, па секако планирам да одам кај двајца доктори, матичен и приватно. Ама здравје до тогаш. Земаат и за пап-тест и за ехо од трудници. Зошто? Јер на најголем дел од жените не им се дискутира за 300 денари. Незаинтересираноста ја е*е работата.
Не знам за гинекологија, така што таму не можам да коментирам. Без оглед каде работиме, постои еден термин - burnout синдром, кој влијае и те како и на персоналот, и на клиентите. Спојлер: Офтопик :) Во случајот во медицината е посебно изразен и е најштетен, бидејќи тука се луѓе кои се жртви - и вработение и клиентите. За жал, кај нас барем, е и преизразен, зошто работиме дааалеку под нормата за нормално функционирање. Ако, да речеме, јас денес треба да услужам 30 луѓе, за да добијат услуга по сите стандарди итн, не може да ја надмине бројката од 40. Но ако дојдат 100+ (ние немаме на ден помалку од 100), сите ќе бидат услужени, но квалитетот на мојата услуга ќе се намали. Не знам како е на гинекологија, можам да зборувам за себе и луѓето со кои работам. Јас не знам како изгледа да седам и да пијам кафе, да седам и да јадам, да одам во ВЦ кога имам потреба, да комуницирам човечки со луѓето околу мене. Тоа е просто невозможно Затоа кога имаме 50-60 пациенти (што е пак повеќе од предвиденото), луѓето се услужени како што треба, им се објаснува во детали итн. Ама кога се 120+ објаснувањето е оскудно, најосновно што може. Затоа малце ме нервира моментот на „лоши“ сестри, болничари, администратори, чистачки - не сме ние криви што еден човек работи работа за тројца. Докторите не се ни 20% оптоварени со грижа околу пациенти, нивната работа е друга (на пример, оперира или врши други интервенции, не објаснува и не врши административна работа), па и нивниот порелаксиран однос оттаму произлегува. Без оглед на сѐ, здравството во државава е дно дна, ама рибата смрди од главата. Јас немам негативно искуство, сум се лекувала на Клиника и во стара градска, ме оперирале на двете места, а сум одела и за други проблеми. Условите се тие што се, не сум била секогаш презадоволна од персоналот, но никогаш не сум била ни во ситуација да се ужаснам од односот. Во однос на приватно здравство, долго време на прегледи гинеколошки одев во Систина (старата Систина) и секако дека сум била позадоволна од услугите, а и од условите, ама таму едвај 1-2 жени имаше пред мене, за разлика од сега кога одам на закажано кај матичниот, а сепак пред мене чекаат 4-5 (се погодуваат повеќе бремени со некаков проблем, сигурно нема да ги гурнам зошто сум на ред, не е човечки). Без оглед на сѐ, пак ќе кажам - мито сте криви тие што давате. Не ми побарале, да ми побараат нема да добијат, или ќе добијат мито за кое на суд ќе се објаснуваме. Секако дека е во ред да почастиш од мерак ПОСЛЕ ИНТЕРВЕНЦИЈА, НЕ ПРЕД, како што кажав - кафе, сок, благо, нешто симболично - скапи подароци, алкохоли, уметнички дела, пари, злато... итн. ми е претерано! Додека не сфатите дека частењето треба да е од ќеиф, а не од обврска, секоја будала ќе ви прави што сака. Искрено сум имала пациенти кои сакале да ми подарат според мене невкусно скапи работи затоа што сум им помогнала, едноставно ми било жал и сум им помогнала, и такви подароци не можам да прифатам затоа што сметам дека е лоша навика, и за здравствените работници и за пациентите. Испаѓа дека посиромашните кои не можат да си приуштат алкохоли, торти, парфеми од 100 евра итн. не заслужуваат еднаква здравствена услуга или пак помалку се грижат за своите блиски.
Женски ми треба мала помош од вас.Што мислите вие и како постапувате вие ?Да и се даде на докторката некој подарок пред порагај па отпосле пак нешто?Мислев нешто пред да се заложи повеќе.Па кога ќе заврши се пак како што е редот.Незнам што е исправно.
Правилно е ништо да не се даде. На докторот му е работа да се посвети максимално. Мм после пораѓај однесе само бомбоњера и тоа не кај докторот туку кај персоналот од мерак да почасти исто како што се частат и другите заради бебето, а не докторот да го части.
Мене ме породи акушерка, а докторот само ме соши. Не сум давала ништо подарок на нив, туку кога излеговме од болницата, свекрва ми од ќеф ѝ даде поклон на сестрата што го облече и ни го даде бебето за одење дома. Инаку го почастив персоналот со мекици, сирење, нешто блачко и сок/к.вода. Доволно е толку.
Зошто се почастува докторот? Дека се породи место мајката или...? Докторот само си ја врши работата за која е и платен, се друго натаму ( дајми го- нати го) е против закон и се казнува.
Прoтив зaкoн е дa ти бaрa митo тoa штo личнo јaс сaкaм пaричнo дa гo пoчaстaм (нaместo пијaлoк нa пример) не мислaм декa е кaзнивo. И секaкo тoј ќе јa зaврши рaбoтaтa бидејќи немa дa знaе декa јaс ќе гo чaстaм бидејќи имa и луѓе кoј немa дa гo пoчaстaт a сепaк жените ќе бидaт пoрoдени.
Кога се раѓа бебе се части од мерак. Ние частевме скоро се живо и диво кога ни се роди бебето после борба со неплодност, ивф... Под частење спаѓаше носење благо, мекици и слично. Едноставно така ни беше мерак. Правевме и три пати мекици за пријатели. Поклони и слични работи не купувавме.
Од тоа "почастување" ги размазивте докторчињата !!! Кога се породи сестрами докторот дојде 10 пати кај нас да ни каже дека ја породил сестрами и чекаше изгледа да му се даде нешто Самите си го затупавме здраството!!! Доктор не те ни погледнува ако не го "почастиш" !!
Треба да одам на договорен порагај таква е ситуацијата и од мерак сакам да дадам нешто.Од благодарност.Таква сум како личност значи сакам да се заблагодарам на секој од кој сум задоволна.
Прво породи се ти, па после размислувај да дадеш нешто. Од каде знаеш дали ќе бидеш задоволна од третманот?
Се породив во државна болница во странство. Огромна болница на 7 спрата само гинекологија. На 2 от спрат се раѓа потоа се лежи на 5 ти спрат со бебето. Ме породи акушерка која потоа не ја ни видов ме испрати на 5 ти спрат ми честита и замина. Потоа кај што лежев секој ден се сменуваја доктори, сестри... Бев 9 дена В болница и видов многу мајки каде што си одеја со бебињата и ниту една не почасти па ни даде нешто на сестра или доктор. Ниту ние не почастивме ништо а бев презадоволна од односот од сите и без частење. Многу сакав да ја видам пак акушерката што ме породи да и се заблагодарам ама не ја видов повеќе. Здравството во МК е нула во споредба со странство.