Мекиците и благото било поткуп. Хахаха. Глупости. Друго што ми влезе во очи е тоа дека болницата не била кафана, чекајте малку зарем докторите и целиот мед.персонал не смеат да јадат на работа? Што ако однесам мекици и сок, благо. Они нема да ги јадат во родилна сала за да речеш дека е болница тоа, а не кафана. Си имаат тие посебно место за јадење. Ако ова е поткуп тогаш давањето пари пред пораѓај за да ве гледат поубаво што е?
Сте ги измешале штипките. Сѐ што му се нуди на вработениот за сработената работа се вика мито, без разлика колку и да си благодарен и да е од ќеиф, вработениот не смее да го прими! Ни мекици, ни 100г кафе! Како што важи за сите институции, така и за болниците. Во други институции вработениот може и да биде казнет ако е виден дека од странки прима "поклончиња".
Јас на докторите и сестрите ништо не им однесов, со оглед дека пола бременост и пораѓајот ми беа во Систина сметав дека доста сум им дала. Скоро една година после пораѓајот бев кај мојата докторка што многу ми помогна да останам бремена (и со знаење и со позитивен пристап) и ми ја водеше бременоста на почетокот и онака од мерак и однесов нешто на неа и на сестрата. И сега за второ ако останам трудна сета благодарност и ја должам на неа и повторно би и однела нешто.
Сите вие што ги частите докторите со кафиња и слични подароци од благодарност или за подобро да ве гледаат придонесувате кон уште подлабоко тонење на здравствениов систем. Немојте утре збор да чујам од вас како не ви чинат болниците или докторите! Сами ги правите такви!
Мито и корупција да ја наречеме темава. Баш би сакала да ме почасти мене некоја странка да му завршам работа зошто да не кога докторите земаат зошто и администрација да не зема. Да не имаат докторите златни раце, па баш ќе ми завршат работа едно 100 евриќи. Доктор никогаш директно нема да ти каже дај ми пари ќе те породам. Ние сме криви ние сами се нудиме не само за пороѓај и за операции да речеме. На кумата моја мажот на Кировски во лифт му ги даде парите ај оди докажи ќе го пријави што мислите Е тоа е нашето здравство кое никогаш нема да се оправи
Ме интересира вие што сте се породиле со врски државно (зашто сум читала по форумов дека има и такви) не сте дале баш ништо? Аха, или можеби сте дале надвор од клиника. Тоа не се смета како поткуп тогаш
Тоа не се рачуна е замисли го мојов случај уште да го почастев докторот дека се нафатил а не ја завршил работава
Некако сте испомешале се... да дадеш нешто после завршена работа е поткуп? Како го поткупуваш и за што докторот така? Он не ни знае дека може ке го почастиш отпосле.. Он ја завршил својата работа пред да му дадеш сок, кафе, бомбоњера. Да дадеш после породување, веќе со бебе во рацете (еве на излагање најчесто е тоа), според мене е чисто за да го почастиш тој доктор, како е ова поткупување? Кога после може нема ни дa го видиш пак, за што си го поткупил? и да го видиш после години, може и ке му текне која си и дали пред 3-4год си му дала кафе Поткуп според мене е пред раѓање да се даде нешто на докторот (поскапи подароци, пари)... зашто тогаш баш и со таа мисла е тоа.. да му дадам да ме гледа поубаво. А после раѓање му давам од кеиф за почастување за бебето благо, сок, кафе, вино.
Мито е @mariz и тоа. Ако дадеш фино мито после завршена работа а си редовен пациент, ќе имаш привилегии нареден пат. Надвор од темата за доктори, мајка ми како бивши банкарски работник, често ѝ носеле поклончиња ради завршената работа но никогаш не сакала да ги прими, па често странките знаеле и да се навредат. Значи било какви поклончичи поврзани со завршување работа, а услуга која е бесплатна за странката/муштеријата, е само по себе мито! Како сакате гледајте го.
Читај те го законот , според законот е поткуп и мито !!! И апелирам доколку вакво нешто сретнете да пријавите во полиција , и доколку можете снимајте за доказ !
чек чек онда и учителките треба да се пријават што на 8 ми март примаат букети,накит,вазни.Мислам мито е мито ,сеедно во која професија си и каков дар ти даваат нели?
Репрезентација. А за волја на вистината,сите очекуваат чаши,тефтери и пенкала со логоа на фирмите.Подароци се. Внимание,ама има и такви кои не ретко се задоволни од покажаното ,,внимание”.И не ретко им завидуваат на колешките кои добиле поголем подарок.
Postiraj za koj zakon se raboti.Ne zbori na pamet. I prijavi ti vo policija i raskazi ni kako pominalo.
Не само на 8ми март, туку и за (полу)матура обавезно секој учител/професор добива поклон.А си почастил персоналот за дете, а си дадел поклон на учител за матура исто е.
Според закон нели се до вредност од 100 евра не е мито?! Што се силите за џабе кога е со закон регулирано, а докторите си го користат тоа Снимање без дозвола е исто така казниво дело ..
Точно така. Секој е платен за работата што ја извршува и немора дополнително да го наградуваме. Баш ме интересира вие што сакате да делите подароци од благодарност и среќа, дали истото ќе го правите ако живеете некаде во некоја нормална држава. Таму може и ќе ве пријават за истото па ќе треба казни да плаќате Вистина ли е ова? Тогаш законот треба да се менува. Срамота е митото да се озаконува. Така се почнува, прво кафе, па жесток пијалак, па мобилен, компјутер итн....
Врз основа на што подарок? Не ми е јасно? Ако е така, тогаш треба да се пријави подарокот некаде, нели? Хмммм....
Jas ostavam i kafe, blago, cveke, pari (5%od usluga vo kafana) kniga, kaj frizerka kozmeticarka, kelner, lekar, ucitelka vo gradinka ako sum zadovolna.Ne sum se osiromashila nitu sum gi zbogatila no sum gi nasmeala.Ako ne davash od srce nemoj da davash voopsto. Nikoj ne te tera.