1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подарок за гинекологот после пораѓај

Дискусија во 'Бременост' започната од Duomna, 19 април 2017.

  1. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    А да не се споредуваме со други држави. Таму докторите, сестрите се исти кон сите пациенти. А ние толку сме бедни во здравствово. И @An-na нели ти кажуваше на форумот дека си се породила со врски на ГАК? Искрено, не даде ни едно кафе? А и да не си дала, да ти побараа немаше да дадеш? Евентуално ако си имала таква врска што не побарала ништо и тоа е ретко. Си правиме муабет, немој да мислиш дека се расправам
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.592
    Пол:
    Женски
    Мито е да му дадам на докторот 300 евра за пораѓај, или злато, тв, клима или било што што ќе си побара. А да му дадам 2 мекици, парче сирење и чаша сок ( како што знам сите прават мекици кога се роде бебе во куќа) за мене не е мито. И смешно е да се споредува едното со друго.
     
    На ana-banana, mira.mira, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.845
    Допаѓања:
    19.550
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам немам попаметна работа и сега низ нет ке го барам законот за тебе да те задоволам |(
    Кој учел учел , кој не учел нека цапа ;) Вие терајте си како сакате јас не ве присилив на нешто .
    Јас сериозно ке пријавам ако видам вакво нешто !
    Даст и тие што ја снимаја дадилката што го тепаше бебето гледам одговараја за тоа казниво дело

    Јас ви се чудам што болницата ја правите кафана , па сте сакале да частите таму ова она , добро што и свирачи не викате таму од радост или викате ? :^)
     
    На Βικτωρία му/ѝ се допаѓа ова.
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.592
    Пол:
    Женски
    Еј колку ти е паметен коментарот :clap:
     
    На fana и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Да, со врски се пораѓав. И не се гордеам со тоа. Сакаш верувај, сакаш не, не сум дала ништо, ниту пак ми побарале. А да ми побараа, ќе ги пријавев! Иако ми беа врски.
    А знаеш зошто барав врска, е од овие ситуации за кои делумно придонесуваат сите што делат подароци. Ако не дадеш не те гледаат. Од чистачка, до доктор. Не се они криви, ние сме.
    Исто е и за запад. Таму се платени и не ни помислуваат да бараат нешто плус. Законите им се ригорозни и се спроведуваат, ама и свеста на луѓето е на многу повисоко ниво. Не размислуваат краткорочно како нас, туку долгорочно. Па така, додека ние тука гледаме ние да заршиме работа и не размислуваме за последиците од нашиот чин, таму сосема поинаку се гледаат работите.
     
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.218
    Пол:
    Женски
    Имаш дипломирано? Колкава си? Сите што дипломираат, после частат на факултетот сок, па и нешто за јадење, мезе. Или така ке дипломираш и чао пријатно :) нема кој од моиве колеги да дипломирал, а да не почастил отпосле.. :)
    Да им дадам пред да дипломирам нешто (подарок, пари), е поткуп :)
     
    На oblace1, AURUA, SuperGirl24 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    Снимање во сопствен дом и снимање во јавна институција немаат врска едно со друго.
    Како што рече, кој учел право - учел. Кој не...
     
    На oblace1, YoungandBeautiful, Rebecca_R и 4 други им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    А не може и вака? Срамота е или што?
    Како ги вртите работиве, на човек срам да му падне што не подмитува, искрено? На момент се засрамив и се запрашав дали сум се радувала на детево штом не сум частела од чистачка, до доктор :^) Што знам, може до мене е проблемот :^)
     
    На Annath и Justicija им се допаѓа ова.
  9. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Поткупот во КЗ на РМ прво и основно е дефиниран како подарок кој што службеното лице не смее да го прими. И затвор се лежи. Сега, секако дека за мекици и сок нема да лежи, но е противзаконито. Не знам точно кој член е, но мислам дека беше 357 или 375, така нешто.
    Немам закон при рака, но ќе го постирам членот кога ќе бидам во можност.
     
    На Kitten, makedonkamak и Justicija им се допаѓа ова.
  10. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.845
    Допаѓања:
    19.550
    Пол:
    Женски
    Па ти немаш право учено , а за овој случај знаеш им се закануваа на семејството со тужба бидејки ја снимале без да знае ;)

    Дипломирав одамна , платив за тоа што ја бранев дипломската 4000 денари на факултетот на уплатница , и толку !
    Ако некој е толку мизерен за една кока кола да го почастам а зема 50000 денари плата , шта речи ..:o

    Значи на сите да ви кажам , бидејки е глупо што сакате вашето мислење да ми го наметнете , Не ! Не подржувам вакви работи ! Да видам ако можам ке снимам , ако не сепак пак ке ги пријавам во полиција двете страни , вие правете си што сакате , јас си кажувам за мене !
     
    На EarthFire му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    Јас имав врска исто,ама сепак поминав тешко таму. Пред тоа не дадов ништо. Е откако се породив мм и татко ми ги почестија сок и благо зашто врската ми дојде два саата пред да се породам и да не дојдеше јас сама на бокс ќе се породев зашто бев оставена така. И и бев благодарна и за толку. И иако почастија моите, после тоа не бев третирана супер туку немаше никој да ми покаже ништо за доење и слично. За следен пат си знам, приватно. Никој нема да ме разубеди за да одам на државно.
     
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    Ох мила, јас ако немам право учено, ти немаш ни П од право(facepalm)

    Како одма со земате за право да кажете што некој има или нема учено, а врска немате со приватниот живот на личноста:rofl:
     
    На AURUA, wannaBeMomma, Bebulleee и 4 други им се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.218
    Пол:
    Женски
    Оди на некој факултет, често се бранат дипломски и снимај :) а зашто ке се чувствува мизерно професорот за чашата кока кола? :^) Ако било толку казниво и ова, немаше секој да го применува и ке беше потенцирано дека не смее да се чaсти ништо после дипломирањето.
     
    На AURUA му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.845
    Допаѓања:
    19.550
    Пол:
    Женски
    Бидејки на форумов се имаш изјаснато дека имаш безбедност завршено ! Тоа ти го имаш напишано , никој не си зел право да говори во твое име :D
     
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    А за да стигнеш до магистер по безбедност знаеш колку правни предмети треба да положиш? Околу 15 тина..
    Како инаку ќе биде човек детектив ако не го знае правото, баш ме интересира...

    Плус средно правен смер, цел законик поминат..

    Ох бе Јустиција..
     
    На AURUA, wannaBeMomma, Bebulleee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.845
    Допаѓања:
    19.550
    Пол:
    Женски
    Сега специјално ке одам на некој факултет и ке снимам само за да те задоволам тебе , бидејки немам попаметна работа !
    Но доколку низ мојот живот сретнам такво нешто со големо задоволство ке пријавам во полиција!
     
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.592
    Пол:
    Женски
    А полицијата ќе оде и ќе им пуште пријава за само тебе да те задоволе, оти немат попаметна работа. Оф бре.
     
    На ana-banana и AURUA им се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Какви граѓани, таква држава. Какви пациенти, такво здравство.
    Немојте утре да се жалите дека не ви чини. Сами си го правите такво! И уште бесрамно се фалите!
     
    На YoungandBeautiful, Kitten, makedonkamak и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.845
    Допаѓања:
    19.550
    Пол:
    Женски
    Ке му пренесам на проф Лабовић дека ништо не си научила а те пуштил

    Аххх даст ...
     
  20. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.845
    Допаѓања:
    19.550
    Пол:
    Женски
    Работата е тоа што со задоволство го прават , и се трудат да ти го променат мислењето , и да ти наметнат дека сето тоа било во ред !!!
    А влези во темите за здраство први се жалат од нашето здраство...
    Секој си има право на свое мислење и кога греши , но недозволиво е наметнувањето на туго мислење !
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.