Еј дај девојче олабави, на сите им реплицираш немало да спиеш, си немала попаметна работа. Изгледа стварно е така
http://www.fakulteti.mk/mobile/news...nosat_doma_podarocite_poskapi_od_1_000_denari Кафе и бонбоњера не е 1000че Затоа смирете живци. Поголема казна ќе окркате ако снимате некој скришно него што мислите дека ќе постигете ако снимате некое примопредаје на кафе
Пријави се самата . Што се сметате толку битни бе? Еве сега нема да спијам цела вечер за тебе Јас сум врзана со законот , и нашата љубав е све јача и јача
@Justicija плучни болести .Демек сеа срами се сестро шо некад кафе ти дале ма немој и децата во градинка се митаџии тогаш.И полицајците и учителки и адвокати,и нотари ,и оние на шалтер у банка,пошта,администрација воопшто.Па и приватните детективи дури јас не знам да некој некогаш одбил кафе или чоколада .Не глумете светици аман не оправдувам кога даваат пари.Мито е кога ке ти рече он дај пари за да добиеш епидурал(пример) или дај пари за да дојдам јас да те породам.Или ке ти рече чистачката дај пари ако сакаш постела да ти сменам или доручек да одам да ти купам.И мене ми бараа 300 евра за епидурал.Без срам иако знаеја дека сум им колешка(Гак).Па не им дадов.Баталив епидурал се породив без него во Гв.Ама на крај пред да излезам од болница оставив бонбоњера во сестринската соба.Боже прости ми грешна сум била а јас мислев култура изразувам
Не ни сакав ова да те прашам , од каде сега ова ? Доколку работаше на гинекологија , сакав да те прашам за частењето колку е тоа присутно , и дали сите частат , но бидејки не работаш ништо од прашањето
Ве замолувам дискусијата да продолжи со својот тек без навреди, провокации или преписки на лична основа.
Директно од законот за здравствено осигурување. Став 9. Ова од закон за вработени во јавен сектор. Кој важи и за учителки и за доктори.
Значи не било мито да се почастат со мекици, благо и сок. Ајде сега правниците нека коментираат. А што ќе коментираат кога и тие не го знаат законот.
Ете така Значи сепак нашиот сок, кафе и бомбоњера од кеиф не се казниви. Боже еј, не направија и подмитувачи со тоа што од радост и кеиф сакаме да почастиме, па и дека така го расипуваме здравството. Се надевам со ова расчистена е дилемата, може да се части
@mariz, културно и сосема соодветно за пригодата И јас би постапила исто како тебе. Благо и сокче, не како благодарница, туку поради мој мерак да почастам за бескрајната среќа што ми се случила (пак ќе нагласам, ако се однесувале како што треба)
@Justicija дали е мито кога се раздава за душа на покојниот? Дали е мито од ќеиф кога частам за било што што ме радува? Д-р, сестра, чистач, обезбедување итн. може слободно во канта да фрли што сум дала нели? Мое е дал ќе дадам или не. А рака што дава не се суши-народна поговорка.
@Justicija Се измачив од телефон, ама нема врска.. Повели и сними ме, имам термин на клиника во петок во 13часот
Блиска личност се оперираше во странство. Од благодарност,на докторот,странец,му беше дадено шише македонска ракија и замислете ја прими. Го протолкува како знак за благодарност и не го одби подарокот. Фала значи фала,на кој и јазик да го кажеш,па макар и да го покажеш тоа со симболичен подарок,кој начин е многу карактеристичен за нашето поднебје и менталитет.
Покажување култура и благодарност е универзален јазик. Тој кој нема култура и осет-почит ќе вреѓа исти особи насекаде. Зошто? Зошто пишуваме какви се реалните животни случувања. Таков е животот. Некој го живее и дава со полно срце. А некој мисли дека многу прави со поттикнување криминогени активности. Ама да ми е жива и здрава @Dust .
Чекајте сега, не ми е јасно... Јас што на никого ништо не сум дала сум некултурна? Не знам да изразам радост? Благодарност? А и зошто благодарност на некој кој си ја врши работата Оф, леле...
А зошто ти смета ако некој му остави виски, чинија мекици и парче сирење на докторот и персоналот? Или чоколатца, торта..сеедно Не е дека извадиле пари од џеб и им рекле, еве почастете се.. Од твои пари секако не носат мекици за да се потресуваш за нешто што во рок од 20 мин ќе се изеде.. Тие противправно не стекнале никаква корист ниту финансии за да ги казнат.. мекицата и сирењето не се такви добра а богами ниту услуги .. Кој те нарече тебе тука некултурна, што на секое второ тоа го пишуваш? Пишал некој, Ана срам да ти е што не си почастила?
Види, пред да фатиш врски за да те породат, си требала на друг начин да влијаеш врз здравството. Кога ти било тебе арно си фатила врски, а сега велиш дека нема потреба луѓето да честат кога се среќни? Можеш до утре да верглаш, ти си фатила врски, и можеби директно не си дала пари или подарок, таа врска е заслужена со нешто, или личноста која ти помогнала да најдеш врски ти должи услуга, пари, итн. Да не вртам, услуга за услуга, освен ако врската не ти е родена сестра или брат, сето останато е мито, ама во некоја завиена форма. Да не заборавам, не си отишла крајниците да ти ги извадат, тоа е веќе вршење на работа. Овде збориме за доктор или бабица, кои ти помогнале да донесеш живот на овој свет , и ако тоа не е причина за среќа, тогаш, навистина не знам што друго е. Во врска со снимањето, доколку објект е под видео-надзор, тоа мора да биде јасно нагласено со табла на која пишува дека се снима 24-часа, во спротивно снимката е наважечка на суд. Погоре Даст ставила слика од закон, прецизно е објаснето дека НЕ СМЕЕ неовластено да снимаш некого и снимката да ја покажеш на трети лица, вклучувајќи го и судот како орган.
Ама ана, самата рече дека си имала врски. Зошто ако си ја вршат работата да фаќаш врски? Значи не ја вршат. Тоа е жалното во нашето здравство.
И вo твoјoт и вo мoјoт случaј рaбoтaтa се зaвршилa тaкa? Мoе е дaли јaс сaкaм дa дaдaм чaстење нa зaвршенa рaбoтa (и не збoрaм тукa сaмo зa др. туку и зa хaусмaјстoр грaдинaр и сл.) притoa дa не се чуствувaм кaкo криминaлец, a твoе е штo не сaкaш дa дaдеш и не си некултурнa туку ете тaкa сaкaш личнo ти,дa не дaвaш ништo.