Докторот зема плата, ти не си должна да го плаќаш. Тоа што ти го опиша народски се нарекува мито и за истото се одговара. Од искуство на мои биски, до сега никој не се пожалил дека му било нешто побарано. Едно е да се распрашаш за некој познат таму да ти се најде за секој случај ако затреба а сосема друго е да пикаш пари некому. Докторот секако ќе те породи а дали ти потоа ќе го почестиш со нешто е твоја работа иако како последна опција тоа се пари, се мисли на подарок како на пример бомбоњера, пијалок и сл.
и јас тоа му викам на мм ке ги маркирам парите и ќе го пријавам, тој вика не се глупирај демек тоа е јавна тајна кај службиве, демек тие знаат што прават докториве. Сепак фала на одговорите
Заради тоа "не се глупирај", останува да се случува митото во пракса и докторите немаат никаков страв. Неколку пати имаше и низ порталиве за доктори дека ги имале пријавено за мито, поради што платиле казна од поголема сума. Нека се изгори, нека видат дека луѓето веќе не ќутат ко порано. Пс. Тука муабетов не е за бонбониери, сокови, туку за купчиња евричи
Ако бараат докторите пари се вика примање мито, а ако понудите вие пари се вика давање мито... и двете се кривични дела. И има случаи каде што докторите пријавиле дека им даваат пари свиткани во визит карти или пак во книшка, јас лично знам за 2 случаеви. Луѓето што дале се правдаат дека така сите прават, јас слушнав дека треба да дадам, дека он барал и на крај пак си лапнале пријава од полиција за давање мито.
Ова што го кажувате се однесува на ГАК, така? Јас планирам на мојот ИВФ доктор да му однесам подарок после вториот скрининг (виски и чок. бомбончиња). Навистина си заслужи докторот, го обожавам и од мерак сакам да го почестам.
Toa не е мито. Тој ништо не ти побарал, а нема закон кој забранува самоиницијативно частење. Никој не може да ти одреди ниту да ти забрани со кој и како ќе ја споделуваш твојата среќа (во конкретниот случај успешно инвитро). Со лесно бременоста
Незнам како е во другите градови ама кај нас во Прилеп јавна тајна е дека треба да платиш за да те гледаат како човек...и имаат тарифи како пр. 50евра природно 100 евра царски па секако и на сестрите и бабиците по некоја 1000ка ... ама тоа е од некои што сметаат дека 100 евра за докторот се поклон сега се соочуваме со вакви работи па дали имаме или немаме мора да дадеме..
Jas i dadov na Dr samo bombonjera i vino doneseno specijalno od maz mi od Ch.Negovo proizvodstvo.Ne dadov pari ni na Dr ni na sestri.A da bev vo Strumica kozata ke ni ja izlupea
Za poklon kako poklon, mnogu razmisluvav...zatoa sto sakam, ne deka nekoj pobaral. Celo vreme se korektni so mene, me primaat sekogas prva I da gori sto se vika nadvor... Mislev filigran slika... Sto mislite? Ili dajte mi idea nekoja....
Идејата ти е одлична! И јас ќе размислам за ова За доктор или докторка? Си мислам дали повеќе одговара за женско? А може и за машко, зошто да не .
Pa mene mi e I za masko I za zensko. Ima vo avers mnogu ubavi I vo biser vo sredinata ima prodavnica za umetnicki sliki I oni se prva raka pa poeftinki moze da se najdat...ako si od Sk mislam... Sakam da im.ostane uspomen nesto. Ke im napisam I posveta vo ime na beba
Да, да, и посвета обавезно . Ја знам продавничката во Бисер, имам купувано слики од таму. И мене ми е и за машко и за женско Но, бебушка доаѓа во мај, па тогаш уште нешто симблично . Размислував за кристално шише за виски. Има варијанти со чашки и без чаши....но ова да не е премногу лично?
Супер идеа ти е, ич не се мисли за нешто друго Имаш продавничка и кај Мајка Тереза на Рекорд и во Маџари некаде, истиот е само Маџари се поевтини. Во Рамстор исто имаш..
Jas vo megu vreme cokolatca Lindit im zemav demek eve za.nova godina. Am beba nasa krj na januari pocetok fevruari ke pristigne, pa blisku mi se za da kupuvam I drugi rab sega. So uslugi od kaj mene na rabota sum se otcestila E super fala na info
Здраво девојки за две недели мие првата контрола и би сакала да го почастам докторот успешно си ја заврши работата и си заслужи ми треба вашето мислење ако се одлучам за докторот би сакала една убава торта ..виски или вино и некоја бајадера .. за сестрата цвеќе и бајадера.. ако некој има некое мислење нека каже слободно прв пат мие и незнам како што треба.. ви благодарам однапред (се работи за систина )
Јас лично не би му дала ништо,сепак е приватна болница а и да е државна тоа му е работа на докторот.Но ако веќе сакаш да го почастиш доволно е бонбоњера или пијалок.За сестрата ми е глупаво цвеќе да се даде.