Мене ми коментираа што бил мм збунет, будејќи не дал пари, свекор ми само 1000 ден дал... И според нив уште скржави испаѓаме...
Па кога ќе видиш поарно приватно, штом треба да му даваш на овој во државно. Добро, а ова јавна тајна а сите спијат, ццццц..... Приватно сигурно не бараат.
Не треба ама гледам сите имаат пракса на давање за бебе.. Нели имаше некој закон да не е подарокот во вредност поголема од 1000 денари. И јас кога се породив маж ми однесе чоколатца и кока кола и толку. Мајка ми според некој обичај старински на акушерката ѝ даде пешкир и сапун - нејзината баба, мојата прабаба им помагала на жените у село да се породат, па веројатно од таму ѝ беше идејата. Мене ми е сето тоа нелогично. А брат ми мислам повеќе илјадарки му наброја на докторот, ем за ќерката, оти прво дете, ем за синот, нели машко
И после за жалење биле докторите, за само 400-500 евра плата работеле на толку учење. Кога ќе се искешираат сите коњаци, виски, бонбоњери и слично во продавница, кеш на рака башка, да, за жалење. Знам и јас за тоа дека ако не дадеш ништо сестрите сами те породуваат, ако сакаш доктор да е присутен треба да платиш, ама мислев дека зборат за еден или двајца а не дека општо прифатено им е скоро на сите.
Само во нашата ни државичка луѓето мислат дека ако ги погледне докторот или некој од медицинските лица е пристоен и се однесува човечки автоматски ко услуга да им прави и му се должни бомбоњери, пијалоци и по некое евро в џеб. Зошто да наградувам некој кој само си ја врши својата работа? И јас пуштам документи и пријави цел ден па никој не доаѓа да ми каже еее браво што се потруди еве ти 50 евра. Докторот само си ја врши својата професија за која е задолжен и платен. И ваквите што без врска даваат и купуваат подароци доведоа до тоа да сега докторите од сите го очекуваат истото и прават фаци ако не им се тутне нешто при некоја мала или поголема интервенција. После во друга некоја тема ќе се жалиме за корумпирано здравство, несвесни дека самите си го предизвикавме тоа.
Од вакви размислувања докторите се научија ни муабет да не праат ако не носиш ништо, секоја чест на исклучоци. А има и такви шо за хххх евра конзерва не отвараат, а не човек. ДОбро бе некој рандом човек ве лечи па ај од благодарност нешто или оној кој ве лечи му е тоа должност и е платен за тоа?
Докторот си ја вршел само својата работа нема што подарок да му даваш. Тоа се глупости само чекај на докторот да му земам нешто, на сестрата и ај на крај на цела болница. Ама и они се научија веќе сами си тражат. Безобразна работа.
За сработената работа си следува плата и според мене не би требало да им се даваат подароци. Особено не некој скап подарок, можеби една бомбоњера или пијалок најмногу. Лошо се навикнуваат со тие подароци, не се однесуваат исто кон оние кои дале и оние кои не дале. Што да прават оние кои немаат да дадат? Треба да се молат да им се падне некој фер доктор кој чесно работи инаку тешко нив...
Повеќето од мислењата се офф, па ај и јас да не бидам покуса Се породив без врски(врската се погоди да замине надвор од државава а малиша реши да излага скроз неочекувано). Цела тајфа ме породи.Така се погоди.Шознам,сум имала среќа изгледа... Ни чоколадо не однесовме,не па пари или парфеми,виски,клима.Не знаев на кого да се обратам
Ама си имала врски. Јас еве немам врски. А ако немаш никој, се случува да не те погледнат што се вика. Имам читано од породилните приказни и од други што ми кажувале. Ама јас и од други причини размислувам за приватна клиника.
Не си во право. Немав никој,па фино поминав. Ниту пак фатената врска, која ете во моментот не беше во државава, се јави на некој од колегите да ме „пазат“. Генерално,нема правило. Се е среќа.Зборам за државните клиники.
За првото ништо не однесов. Мм ми рече, ама му реков за таа мака што ја видов доста им се парите, не им давам. За второто полесно поминав па реков ќе почастам . Им однесовме една голема корпа со многу чоколадни работи во неа. Не беше за некој посебно, за сите, ситница да се заблажат уз кафето.
Мм кога дојде носеше од оние украсните кеси со винце, кафе и бомбоњера и тоа не завршува кај докторот туку кај сестрите кои го предаваат бебето на мм Некаде слушнал така дека носеле, јас врска немав се додека не видов таму дека и повеќето испуштени исто даваа нешто такво... Сестрата беше фина со сите, и со оние кои ништо не и дадоа и со оние кои и дадоа. Јас искрено незнам ни кој доктор ме породи, цел персонал на пораѓај ми беше
Па зборам дека некој ќе помине добро, некој не. Не можеш да тврдиш дека не сум во право. Јас бев во државна на ГАК. Лежев таму (не за пораѓај. За друго беше) и поминав ужасно. А една лежеше во истата соба и и се вртеа сестри и доктори. Па после самата си кажа дека главната Сестра и била блиска роднина. Секој со своето искуство.
Ти реплицирав на оваа изјава. За ова не си во право. Еве јас сум пример.Немав никој па фино поминав.Грев ќе ме фати ако се пожалам...
Гинекoлoг кoј прв гo држел бебетo вo рaце, не е билo кoј. Си имa знaчение, бaрем зa мене имa. Емoциите се тoгaш плaфoн, пa луѓетo "збеснувaaт" oд рaдoст кoјa јa изрaзувaaт преку пoклoн/че. Ние не се претргнaвме, кaкo штo пишaв блaгo, пијaлoк.... Пред некoе време гo сретнaвме дoктoрoт, прв пaт oд кaкo е рoденa МиуМиу. Тoј, вo мoментoт зaкaчaше еднo мaлo дете, велејќи му декa е првиoт чoвек кoј гo држел вo рaце. Му рекoв, дoктoре и oвa дете сте гo држеле прв...a дo мене целa девoјкa. Луѓе, кoгa јa гушнaaa. Без глумa, без интерес. Не декa пaмти, тaмaн рaбoтa, aмa и oд нив имa луѓе кoи си јa сaкaaт работата и кoи бебињaтa кoи ги држеле вo рaце ги нaрекувaaт - мoи децa
Мислам најпрактично е овие што бараат, да си направат список на подароци во некоја продавница (ко американците за свадби) и да те упати каде да купиш тоа што треба. Чиста сметка. Симболично да се почасти од радост ми е ок, ама купуванки, еура во коверт и сл ми е ту мач. Па на тој тоа работа му е.
Абе кај докториве како да е некое правило за пари да земаат бонбоњери,пијалок изгледа се запишуваат на медицина да бидат доктори само за профит па не биле добро платени затоа земале мито. Па тие свесно учат медицина за да помагаат на пациенти или да земаат поклони.Свашта