И јас не познавам . Во Скопје можда толку и не се носи на доктор, ама во внатрешноста сите носат бе. На кој што му се наоѓа по дома. Битно да не се со празни раце.
Од поклон има мм однесено до сега два пати и здравје трет пат исто и на ГАК и кај гинеколог што ми водеше бременоста само бонбоњера , вино и роза , ништо повеќе ,а и не сметам дека треба нешто повеќе бидејќи гинеколог не ме части мене гратис прегледи за да се лупам јас толку и да купувам подароци , исто и на ГАК тоа го дава при искачање од болница , а пред тоа ништо
Штотуку дознав... после 12 и кусур години, дека мм и неговите, му дале на гинекологот некое виски, а на бабицата бомбоњера. На две сум за тоа како се чувствувам за тоа. Од една страна, и ова може да се рачуна како мито, а од друга страна, и мило ми е што ги почастиле, бидејќи на луѓево им сум многу благодарна. Муабетот не е за во Скопје.
Денеска на клиника во амбуланта влага трудница со две украсни ќеси и им вика на двете докторки ова е за вас,они заблагодарни дури и викаат многу труд вложивме да се чуваш. Заради трудот што го вложиле мора ли да зимаат поклони.
Мноогу ми е глупо ова со подароците..друго е да почастиш бонбончиња и сокче друго е поклон да купуваш..многу невкусно..луѓето си се платени за тоа, ако не па и на заболекарката да и поклонам нешто за добро завршена работа..па после друг ни е крив што докторите барале мито, сами така ги учиме..
Mito e koga doktorot ili nekoj drug ti bara za da ti zavrshi nekoja rabota. Podarok e toa sto ti smetas deka treba da podaris. Doktorite ne baraat mito zasto gi ucat pacientite. Mitoto e kaznivo delo I treba da se prijavi. A ti mozes da mu dades podarok na doktorot no ne mozes da kazes deka si mu dala mito..
Знам што е подарок што мито..ако не се лажам и кај нас е забрането подарување во кругот на болницата што и да било за докторите..уште одамна со дедо ми бевме во Скопје на контрола и тој имаше понесено ориз и нешто др.и докторот му рече леле немој такви работи овде ќе ме казнат и не ги зеде..ама се познаваа одамна па дедо ми му ги прати по пријател дома..сакав да кажам докторите си чекаат да им се даде нешто па дали е мито или поклон сеедно..
Zavisi ne site jas sto imam Dr znaes Kako znaat da me iskaraat ako Im dadam I eden sok ama tie se retki za zal
Јас чув и "подмачкување" на доктори, и тоа матичен кога му кажував каде ќе се пораѓам ми вика, аааа ќе сака тој подмачкување едно 200-300евра?!?!?! Разбирам ниски плати, долги работни саати, ама да си бараат отворено за пораѓај... ете им ги приватните, таму нека оперираат. А мислам дека само кај нас на Балканов има носење виски, бонбоњери и цвеќе на доктор после завршена работа. Уште пред 30 години мајка ми ми има кажувано дека затоа што брат ми прво машко у фамилија очекувале сестрите и докторите татко ми да почасти,а тој млад , не знаел и ништо не им однел. Налутену го облекле брат ми во болнички искинати шпилхозни наместо новото везено комплетче мајка ми што му го спремила и и рекле дека немало никакво комплетче дека не знаат за што зборува. Си го земале како компензација.
Вакви работи само на ГАК, во приватните болници нема. Само ако ти е кеиф сам да си го почастиш докторот, инаку не бараат (тоа е моето искуство). А дека земаат мали плати во државно, не е баш така. Стигнуваат до добри суми, не се баш за жалење, па тоа “подмачкување” треба да се пријави. Баш така, ако им е малку нека одат на приватно да работат. Ама таму душа ќе им излезе, не е лабаво како на државно.
Sosema sprotivno iskustvo imam na Gak.Ne mi pobaraa nisto.Denar ne dadovme.Mm donese sampanj i bombonjera.Nigde ja nemase doktorkata.Kesata stoese do denot koga me pustija.Pa ja dadov na bolnicarkata.Vikam ako ja vidis daj i ja ako ne neka si ostane na tebe.Samite nie si go pravime toaso davanjeto.Poznavam mnogu so nudat samite.Posle doktorite se krivi Ne zaebavaj.Kakvo zlato kakvi bakraci.Zlato tebe maz ti neka ti pokloni.Dr si zimaat plata
За трудот што го вложиле?? Ако е така, јас треба да им уплатам одмор некаде на цел персонал Шала на страна, овде (Италија) не смееш ни да помислиш. Ма каков поклон, не смеат да земаат ништо. Јас бев во болница 33 дена. Бев третирана како во хотел, со мени, вц, туш и ти даваат и фен за косата да ја сушеш Ми правеа ехо и после полнок, па на пороѓајот присуствуваше и кардиолог... Одкако се породив сите поминаа да ме видат како сум и тогаш тој одговорниот на одделението ми рече: Среќа голема си имала што не се наоѓаш во твојата држава. Ми рече сум бил знам какво е, ниту ти ќе беше жива ниту детето. И ден денес ми одѕвонуваат неговите зборови. И така сите радосни ме испратија дека се' се заврши во најдобар ред, поклон никој не доби