Не знам кога си се породила и кога бил докторот во Македонија, но овде и не е толку трагично. Може е тешко да се споредуваме со поразвиените земји, но сето ова што го напиша веќе го има и во Македонија подолго време. Не само мени, туку доаѓа и нутриционист за консултација, а фен не мора да се бара, туку има постојано во соба. И кај мене поминаа сите доктори да ме посетат, особено двајцата кои ме породуваа. За подароци никој не ни спомна, на излегување од болница ништо не почестивме и бевме најљубезно испратени. И да сакавме да почестиме, немаше да ни биде дозволено, бидејќи во болницата е забрането внесување на храна и пијалоци.
Го има во приватните за во државно немам ниту видено ниту слушнато , еве сега прв пат од тебе читам дека здравството ни е на завидно ниво
Да, во приватните е така, за тие кажував, така е како што пишав (од лично искуство), (никаде во постот не пишува за државно за да може да се прочита). Породените во тие услови можат да потврдат.
Zburuvate deka Dr baraa skapi pijaloci, pa Od tolku pacienti ke sledi deka site Dr se notorni pijanici. Koga Odis na Dr treba da mu veruvas I da go pocituvas. Vo sprotivno jas ne bi odela Na lekar koj ne go cenam I ne mu veruvam. Sega e lesno , sakas privatno. sakas drzavno. Vakvi gnasotii mita, podmachkuvanje I drugi raboti ako ne sakam da dadam ne davam. Koj so sila ke te natera? No ako mislam losho za doktorot ne idam kaj nego. Ispagja site samo viski nosite I bajaderi.
Monella била во државна болница во Италија ако не се лажам , од таму произлегол коментарот на докторот(у вези нашето државно здравство) Не се разбравме јас помислив за државно зборуваш
Да за државно зборувам. Кај нас може ги има овие услови во приватните, ама разликата е во цената. Замисли кај нас колку би платила во овие услови за еден месец. Би било убаво да се смени нешто и во државните болници.
И другарите на мм земаат плата ама кога се породив ги частевме. Частиш ако сакаш да частиш на излегување од болницата и тоа не е воопшто исто со давање пари под рака за подобар третман.
Да, тоа во ред. Напишаното ми се однесува за она : срамота е што ќе речат- треба да ги почастиме, сите частат - мораме и ние, почасти ги за подобар третман и слично. Од вакви, кај нас докторите се научени да си зимаат од народот за извршената работа. Моја другарка кога се породуваше во државна, не влегоа да ја породат се додека маж и не им однесе пари...
Ова е најпопуларен муабет кој врска нема. Се некоја трета не пораѓаат дека не почастиле. Секако, ќе те остават да умреш оти не си им дал едно кафе.
Мажот на другарка еми зашто не викна инспекција полиција нешто? Кажете кој доктор го направил тоа јавно а не после дај пари па криви биле докторите.
Знам сигурно дека може да ги почастиш и овде ако имаш желба, треба да оставиш ако имаш желба во сестринска соба. И овде старите оставаат благо, кафе итн. Али јас тоа не би го правела ни во лудило. Мене на работа никој не ми дава поклонче од кога ќе завршам работа. А овие земаат доволно пари да си купат сами. Не им оставај!
Абе ај. Инспекции кај нас знаеш како добро си ја работат работата, беспрекорно. Еве види, и загадувањето го решија инспекторите за животна средина. А инаку па дека не се знае јавно кој доктор зема пари. Да сакаа, досега на сите ќе им беа одземени лиценците. Тоа за посериозни случаи не ги казнија, не па за "частовка".
Не знам дали има адет некој. За првото уште, мм сакаше да однесе нешто, ама тешка бременост не стасавме ништо да зедеме, тежок пораѓај па не ни имав желба . За второто, додека нев болница купил една корпа од тие дуќаните за чоколадни работи. Внатре со пралини, мали рачно подготвени чоколадца во разни вкусови, чоколада на стапче за правење топло чоколадо и такви слични производи. Кога не зимаше од билница со малата ја оставил во собата на сестрите, каде се зема мајчината книшка пред одење дома, каде зимаат податоци при прием. На листот стоеше благодарност од фамилија XXX и името на малата. Му рекле фала. Препоставувам на помини замини за сите мало облажување. За третото бевме во хаос со двете дома и неарноќи, па не купивме ништо.
Тоа е добра идеја,можеби ќе направиме и ние така нешто. Секако мислев и јас на некоја ситница така пралини,чоколатца,други подароци не доаѓаат во обзир.