Така е за жал... Во помалите градови, точно се знае кои доктори се "најдобри" за породување и јавна тајна е кој од нив бара парички и колку. И не се правете како прв пат да слушате за вакви работи, затоа што тоа е реалноста во која живееме, не само во болниците, митото, корупцијата и непотизмот се присутни во секоја сфера на нашето живеење, дотолку што тоа за нас веќе е "нормално". И не барајте правда, оти и она е корумпирана... Затоа неколку постови горе напишав дека фино лепо плата си земаат. Работата на гинеколозите е да не пораѓаат и да се грижат за нашето здравје. За некого почастувањето на докторот може да биде едно кафе, но за друг тоа може да бидат скапи шишиња алкохол или пари... Не се сите доктори такви, ама ги има и тоа во голем број...
И во Скопје се знае кои се. Истите та истите. И да се надоврзам на муабетот дека нема да ги остават непородени. Не, ќе ги породат. Ама за да ги погледнат совреме, ќе треба да потплатат. Ко да не знаеме за еден куп случаи кај шо ги држат со ненормални болки и компликации, затоа што отишле со празни раце. Знам каков е третманот со врски и без. Знам како докторот на ГАК се понашаше со мене која бев со врски (настрана што си изгубив време), и како се понашаше со "обичната" пациентка. А не треба да биде така. Ама ај ќе се правиме наудрени. А може не живееме и во иста земја.
Јас мојот го почастив во плик и една бајадера. Гледам другиве носат виски и нешто плус. Кој колку може и сака
Јас сум породена поодамна де Ама тогаш не се видов со др и сакам нешто да го почестам. Малку ми е безвезе пликче. Ама ај ќе смислам нешто
Озбилно помладиве доктори не се алапачи. Ама овој мерак да тие да го почастиш живот ми спаси,секој ден доаѓаше кај мене. Царски бев. Пајтим Асани ме породи.
Edna bonboniera i kafe I dovolno im e nim toa im e rab da gi lekuvaat i da gi spasuvaat zivotite na lugeto
И јас сум во дилема што да земам за докторот, здравје боже кога ќе си дојде моментот. Искрено јас би го почастила убаво, не во плик тоа не ми личи некако. Ако е докторка можеш накит, пијалок, ако е доктор манжетни, саат, пијалок, за доктор исто можеш виски со убави чаши. Зависи и колкав буџет планирате. Како и да е плик јас лично не би. Како мито ми е.
Па поклон е тоа барем јас така го толкувам. И истите што ги наброја се со различна цена не мора да е саат или накит од 100-200 евра, сепак се посимболични одколку плик со 100 евра. Барем моето размислување е така.
Реално сите тие се мито, за сите ако сакат можат да казнуваат, ама не казнуваат и затоа така сме научени. Симболични е на пример да донесеш торта и цел персонал да јаде или мафини, а врачување личен поклон на доктор, во некои држави во договорите за работа им стои дека не смеат да примаат, ама тука кај нас како и за се друго така и за ова.
Не сум сигурна ама мислам дека до 500 денари кај нас се смета за поклон, ама не ме држиј за збор. Инаку реално нив тоа им е работа и за тоа се платени, дали доволно или не тоа е веќе друга работа. И кај нас малку и менталитетот е таков дека треба нешто да се даде на докторот, особено по државните болници. Како и да е, да не сме офф топик, секој како смета дека треба така ќе прави не е наше да судиме.