Кога се породив мм ѝ однесе на докторката една голема мерси бонбониера. Сметам дека е доволно тоа во знак на благодарност ете. Часовници и накити ми се голема глупост. Ако толку веќе сакате да дадете некој поклон од срце, јас би дала некоја плоча дрвена изгравирана нешто да пишува на пример За најдобриот доктор или некоја малечка слика за во ординација.
Со здравје да си ги троши. И не ја кривам докторката,и се може,те кривам тебе.Ги кривам сите што преќутуваат такви работи.За тоа сме и дојдени до ова. Кај те вреѓала, па уште си и платила. И џабе што се жалиш на форум. Ако тоа е вистина пријави во полиција и изјасни се јавно гласно и јасно сите да слушнат....
Со алал да си троши за навредите , заслужено. да! Ама да , не се они криви. И што ќе се случеше ако не и ги дадеш? Ќе те пријави? Ќе и речев на тие навреди пари ми бараш , ќе те пријавам во полиција. Пред да ги дадеш требало да пријавиш, сега џабе
Ама велиш си одела кај неа и отворено ти рекла дека секој преглед ќе те чини 2000. Значи со тоа сознание си одела со месеци таму. Што храброст кога знаејќи дека ќе треба да дадеш пари, упорно си одела кај неа и со спремни пари си отишла на породување. Не ти било ништо од апансас, од старт си се согласила да те следи таа и да си платиш за да те породи таа.
I sto ako ja prijavi vo policija sto ke I napravat nisto oni megu sebe si vrsat uslugi I ne prevzemaat nisto
Немој бе. Дури сега собра храброст мислиш фамилија ти е. 21ви век ,интернет ,мрежи. Доволно е статус да пишеш одма сите ке знаат.
И тоа што викаш.. ама ако нека бидат пријавени. И нека се каже јавно што се дешава во државното здравство. Да им се оцрни образот преку телевизија и медиуми. На никој да не му текне да ги бара после за пораѓај. Без разлика колку се стручни или не. Не се единствени и незаменливи.
Исто мислев. Баш со мм зборевме за ова. Требаше да одам Ремедика ама не одам зашто е прескапо...и му викам ако искочи дека у Чаир треба да платам т.е ми побара некој пари...сите телевизии ке им ги соберам
Ќе ти побараат и таму ако сакаш баш тој и тој доктор да те породи. И за таму си има ред, не може сеа ти да поминеш без плаќање Ако си одиш без договорено и не ти е битно кој ќе се погоди на смена, тогаш пеки, беспари ќе си поминеш.
Za zal zdrastvoto ni e haos jas sega koga me operiraa od priklestena kila dobiv sepsa I duri ne im dadea moite rodnini mito ne sakaa ni lekovi ni infuzii nisto e koga go dadea mitoto uslugata bese kako vo privatna bolnica
Не знаев дека постои пракса да се дава подарок искрено, мислев за плата работат како и сите ние. Не за друго ама има многу значајни професии кои во текот на својот работен век не добиле едно кафе од некого за добро сработената работа. Се едните исти се форсираат како доктори, професори, судии... Со други зборови оние кои и без тоа се едни од најдобро платените. Лошо ги има народот навикнато, по автоматизам чекаат нешто да добијат како тоа кое го направиле да им е по нивна добра воља а не работна обврска.