Да имав за да платам немаше трауми да влечам цел живот. Ама очигледно паметна само се правев ќе сум се пораѓала без врски и така си добив најлошо, најужасно, најтрауматично искуство во мојот живот. Нешто што требаше да е најубавото, а не пораѓаи каде вработени се дерат, удираат шамар на родилка, не ти помагаат од кревет да станеш, викаат какви мајки се овие, не те погледнуваат итн. А да си плател немало вака да биде. А приказните со пријавете ги знаеме дека никогаш нема ништо да донесат ама ни во наредни милион животи нема ништо да се смени во нашата ни државичка. И д напоменеме дека најтрагичното е што жени се понашаат вака кон жени. Машките вработени беа ок, освен анестезиологот. И сега приказните што се пишуваат породилни како да нешто ќе помогнат или сменат. До сега ќе се сменеше нешто ама ништо.
Од секогаш се носи подарок на др кој ќе те породи, но нели скромно, барем за моето носев од јас што сакав не од некој што ми побарал. Но однесов нешто алкохол и некоја колекција и благо. Не беше прескапо, нормален подорок, прво да не биде еве јас можам д ти купам тоа и тоа оти дпоред мене е навредливо дадеш подарок од 100,200, 500еу, а и понижувачки е. Секој што носи, носи од срце и е дадено со љубов. Ако не однесиш не сметам дека е грев. Јас им дадов подарок и на акушерката и на сестрата. Мене никој ништо не ми побара.
Jas sum mnogu protiv mitoto ama sega koga morase da se dade mito za da me spasat dr od sepsa nemavme izbor I sto e najzalno vo seto ova sto nitu policijata nitu antikorupciskata komisija ne reagiraat na ova ne gi kaznuvaat dr sto barat mito tuku si vrsat uslugi so dr
Зависи колку ти е чергата и каков тип на човек е. Саат,обетки,нараквица,алкохол како сетови што ги прават со бомбоњера. Се зависи од тоа од која сум би сакала да биде поклонот и дали ти е за познаник што те пораѓа или рандом. Пари не би давала јас зошто за нив секогаш се малце ако дадеш 100ера може ќе се осеќаат понижувачки,а 1000евра нема секој реално.
Не докторите, зборам ако е познаник, ако е рандом докторка ништо битно во животот зошто би ја частела кога веќе сум фрлила 2000евра за прегледи.
Не е мито, него знак за благодарност што ти ја водел цела бременост, бил достапен секогаш кога требало и успешно те породил ти го дал детето во раце. Сите знаеме дека добри доктори на прсти се бројат, и ако си задоволен од однос и од се не гледам зашто да не го почастиш докторот
Па секако ти дала подарок ништо не наплатила, користела ресурси,те бутала преку ред итн итн што повеќе да направи. Јас би дала за свој човек и тоа како поклон успомен да остане, а не пари. Реално за о приватна болница цел процес да го водиш и денар да не дадеш е малце реткост, а на државно големи суми се фрлаат по доктори,сестри,бабици итн за услови 0 епа има разлика.
Молим? Па таа тетка ли ти е во приватна болница? Па да се врткаш тамо по прегледи а да не плаќаш? Па од што сите фрлаат и на државно и на приватно ќе немаме здравство како што треба. Да те подсетам одговараш на членка што треба да почести а не некаде каде фаќаш врски
Не сум за тоа да се даваат пари, па тоа е како да даваш мито а не подарок, бар јас така мислам, а за подарок колку ти е долга чергата реално, јас зедов обетки
Во знак за благодарност дајте му 5000$ ако не дајте му и нешто друго во знак за благодарност зш тој не земат плата за тоа
Јас однесов бајадера, кока кола и кафе кај тој што ме породи. Да не беше муслиман, ќе заменев кока кола со виски или вино.