Добро и? Тоа му е работа по стоти пат. Ти секаде редиш подароци? И во Катастар, УЈП ако ти завршат работа? Дај сфатете дека нема секој да дава. И затоа тој ќе си дреме сам во соба, а тебе ќе ти трчаат зашто си дала.
А колку му имаѓ платено редовна цена за тоа подарување? колку пари се имаш изнададено? ајде не ме заебавај , ве подарил. Тоа му е работа.
Затоа и ваква ни е државата каква што е од здравство, образование...Во школо петки добиваа тие со пари и родители на добри позиции, ако тој не знае да гугне ништо. Во болница исто имаш пари супер ќе пројдеш, немаш господ напомош нека ти е.
Коса ми се крева кога ќе прочитам Поколн на докторот саати чуда врагови. Однеси една бомбониера да се почастат и готово. Разбирам нешто како рачна изработка за во канцеларија да биде еве тешко поминале, па да пишува благодариме од тој и тој.. ама саати? Накит? Скапотии?? А бе ајде. Примитивизам.
Мене реплицирај ми за Вибер, не на членката. Не туку ги врти муабетите како тебе ти одговараат. Кога кажав јас, на секој вратен одговор, да носиш??? Ти се немаш изгорено во животот, па затоа тука многу си јака на зборови. И никој не те тера да носиш. Ми правиш споредби педијатар со гиниколог. Ај одмини ме.
Па имаше вест пред некоја година дека докторка барала накит за подарок и дека некој пациенти и давале, за мене тоа не е доктор нити човек да ги фаќаш луѓето на мака и да им бараш пари, накит. Ама па така ја " научиле" тие што сами даваат.
Ти се знаеш за мене? Како знаеш што имам поминато? Уште се дрзнуваш да ми коментираш. И педијатарот е лекар и гинекологот е лекар.
Ова е форум и може да ти реплицира секој се додека не те навредува лично. И доктор е доктор без разлика што е по специјализација. Гинеколог помага да се родат деца, педијатар за правилно да растат и развиваат и лекуваат.
Јас во приватна болница во Скопје, за друго бев не за гинеколог, однесов бајадера како благодарност кон докторката. Таму морав да ја отворам за да ги почастам не смееше да ми земе поклон. Еве не сум во странство, во Скопје сум.
Не се спорни кафето и бомбоњерата и јас дадов кога ме пуштија со децата од болница, дадов една да се почестат на оделение. Не давав посебно нити нагласував за кого е. Спорни се тие со парите и скапите подароци кој ги даваат за да добијат подобар третман кој треба сите да го имаат.
Тука одма казни за тоа. Пари да му дадеш? И ти си се зафркнал, а и докторот. Може во затвор да го пикнат или да го суспендираат.
Кај нас е секаде исто не само за породување. Од најпроста до посложена работа,се плаќа ,дава и тоа е така. Не знам што се чудите. Не е само кај гинеколози така. Еве има една мајка секоја недела ја гледам кога оставам дете и дава кафе и нешто плус на учителката 'да се почастела'. Не само по доктори,се дава на сите и секого. Таков е нашиов народ. И менталитетот. Не дека докторите им бараат,сами си даваат.
Кога разговарав со познаници германци се чудеа на тоа што им го кажав. Викаат - Вака нема овде. Они и за послужување на гости не спремаат софри како што ние знаеме да правиме. Кога се породив со децава маж ми однесе чоколадни бонбони и кафе.
Имам братучетка што работи на Хирургија. Ми кажуваше дека хирург и се жалел оти добивал само виски, вино од пациентите, никој не му давал пари под рака, немало да се бања со пијалаци. Ок е ова? Нека кажат оние членки што оправдуваат мито. Сепак има и доктори што си бараат.
Додека се пораѓав со помалиот бев сведок на два случаи во кои пациентки даваа пари на докторите, за да ги породат. Самите жени ми кажаа дале пари. Ова се случуваше на ГАК.