Исто со првото цимерката и платила на докторката за да ја пораѓа она. И докторкава буквално пред мене и уште една цимерка и кажа нека ми се јави сопругот за тоа што се договоривме, женава после само ни потврди дека ја платила.
Дадов еден сет со виски и чаши за докторот, кога заврши цела работа. Немав позитивно искуство само сепак дека се заврши цела работа, сакав да му се заблагодарам.
Ок, тежината си стои. Ама тоа му е работа бре луѓе. Господ е голем знае дека си благодарна и со чоколадни бомбони.
I jas sum ZA deka ginekologot po poragjaj treba da se pochasti (ne e zadolzitelno). Ne mi beshe pobarano ama bash nishto, no toj CHOVEK - d-r cela bremenost ne samo doktor, tuku i golema poddrshka mi beshe (toa ne mu e rabota i dolznost)...Pominav niza doktori, bolnici, ispituvanja, operacii, placki, nervozi i sto uste ne i ete nekoj me pogledna i pomogna, zoshto jas da ne go pochastam od blagodarnost koja ke ja imam sprema nego dodeka postojam
Мене другар келнер ми има кажано дека луѓе даваат по 300 денари на келнери на прослави за да ги служат повеќе На секое можно ниво има корупција. Јас имам еднаш земено со мене бомбоњера и виски да дадам на ортопедот што ми ја оперираше раката, и зошо не знаев како да дадам, си вратив дома работите
Ne se zezam, nadvor od rabotnoto vreme ne mu e rabota da bide poddrshka. @nena2010 Ne go daruvav, znak na blagodarnost.
Доктор нема работни време. Должност му е да те води и да ти одговара на повици макар и да те препрати на колега на должност ако не е во градот и не е на работа. Не ги величете нормалните работи.
Pa ne bi rekla i vo praznik koga mozebi i ne e vo drzavava mu e dolznost. Imam pochit i ogrooomna blagodarnost, ne velicham voopshto.
Нема за нив празник делник, само нашиве така се научени, ај за празник до Грција на продолжен виќенд. Ама дежурен што го оправдува мора да има
Е добро де, и следната така ќе очекува да му искаже благодарност. Само учете ги така. Само така па после корупција имало. @Malesia на кој им објаснуваш. Менталитетот е таков кај нас, секоја врата 100Гр кафе ја отвара.
Znachi profesijata doktor nema praznik, nema odmor i sl.samo rabota? @nena2010 ne navlagam jas za slednata sto da ocekuva, sekoj so svoite viduvanja i svakjanja.
Да. Имам доктори во околина, телефонот им звони на одмор, на празник на се. Ако не е во можност да оди во ординација/клиника го препраќа кај докторот кој е на дежуство и во ординација и му се јавува на докторот дека ќе дојде тој и тој со таков и таков проблем. Оној кој сака да има одмор, празник, и слично не е кадаренз доктор. Особено специјалист!! Особено Гинеколог кој води бремености!
Како да не. Доктор ако сака, ќе ти одговори во секое време. Има некои не сакаат така, не се достапни. А ако не сака, треба предвреме ќе ти каже. А не уште да го величиш.
E bash radi toa shto mi bil dostapen SEKOGASH go pochastiv Ne go velicham, dokazan e i IZVELICHAN dovolno.
Јас се согласувам дека нив најмногу им треба одмор и заслужуваат но не се согласувам дека во итна ситуација не може да вратат на порака 30секунди Јас прва си го бранам докторот кој ме водеше пола бременост дека нема должност спрема мене но не ми е сеедно дека пред одмор ми рече ако има компликација пиши смс ќе те насочам каде да одиш и кога пишав ме изигнорира (во сред бел ден со 20"извинете" во пораката), иако сам ми го кажа тоа. Но не замерувам, здравје да се породам би однела мал знак на внимание благо кафе од радост што ќе фатам бебче во раце само поради неговата стручност и точна терапија пред тоа. А докторот кој ќе ме породи би го почастила со исто ситно бидејќи да не бил тој стручен па ќе сум го изгубела бебето во 5ти месец. Инаку и јас сум против тоа дарување и плаќање суми,злато за извршување на нивната работа ама во бомбоњера што сум го дочекала бебето, не гледам проблем.
Нормално е да му се јавам во 2 по полноќ зошто сум имала проблем некој? А дежурен доктор има во секое време на било која клиника и приватно и државно. Мене не ми е нормално. Како нема работно време? Нема тој фамилија, не треба да се одмори, олабави или треба на " дугме да ни е " Искрено имам доктор во Чаир кога и да сум имала проблем сум одела и не сум го барала. ИМА ДЕЖУРЕН ДОКТОР! И не, не му должност кога не е на работно место да ти крева, или препраќа кај колега. Должност му е дур е на смена да се грижи за сите пациенти еднакво. А ако сакаш да те води и да ти биде на " дугме" тогаш ќе си го отвориш новчаникот.