Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подарок за гинекологот после пораѓај

Дискусија во 'Бременост' започната од Duomna, 19 април 2017.

  1. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.901
    Допаѓања:
    13.526
    Не, туку ќе си одиш на дежурен ко што кажа, не мора да отвораш паричник. Мојата општа лекарка не е достапна по работно време, ниту сум ја молела, ниту сум ја частела.
     
    На Isabel и nena2010 им се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.710
    Допаѓања:
    116.440
    Пол:
    Женски
    Да не ве цититрам сите по ред, ако сакате станови купувајте им, плацеви за викендици, свадби на деца правете им.. само напред. Бомбониера, пијалок за радост за тоа да ок е...
     
    На Fenix05 и VDT2906 им се допаѓа ова.
  3. Ivana 8

    Ivana 8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2021
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    773
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш да ти е некој доктор на лагар и да ти се тресе ќе си платиш, тоа ми е муабетот. Мене сеа со температура матичниот гинеколог не ме прими ( и разбирам потполно неќе да ги изложува на опасност од вирус другите пациенти) си отидов во чаир со болки во стомак, за 10 мин ја бев прегледана. Јас стално викам убавиот начин на комуникација и однесување железни врати отвара.
     
  4. Ivana 8

    Ivana 8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2021
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    773
    Пол:
    Женски
    Јас лично не зборам за купување, јас зборам за ДОЛЖНОСТА! Зошто пијалак е ок а 50 евра во плик не е ? Исто е. Ма да ни тоа ни тоа не оправдувам. Денес кај што буши парата ни бургија не буши ама нема везе.
     
  5. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.901
    Допаѓања:
    13.526
    Не се разбираме. Зошто да му платам ако самиот ми рекол да му пишам во кое било време? Самиот се понудил, број ми дал. Ако ми рече дека не е достапен, не замарам. Педијатарот на помалото дете е достапен, му праќам резултат од кс, се консултирам по Вибер. Ниту кафе не му давам.
     
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.227
    Допаѓања:
    136.375
    Замисли твојата најјголема болка, физичка или психичка, ти поминува, после 10 години одење по доктори. На пример, мој близок со болку беше со години, и викаа, тоа е, од времето, од напор, од тренинг... и оди кај доктор што го прими на Ургентно, а не мораше, можеше да му рече ти не си итен, човекот со два потега го застана и сега трча со месеци без проблем!!! и мислишдека на таа радост, не би частела? не би се радувала? Јас кога сфатив дека една година сум без лекови за дересија и анкс, дека докторот со години се трудеше да ме среди и сфатив дека средено е се, не ми идеше да го частам? За жал тогаш не успеав, ама сега ако е се океј, да сме здрави и живи, нема да однесам најстарата ракија од дома и да частам? Животот ми го врети. А можеше само да ме клука лекови до крај.

    Има. Има деца свои, и партнер. У среде секс не е должен да ти пишува ништо оти може има секс 4 саати. Може неговото дете е болно и може сака да му се посвети него. не е роб, доктор е со работно време.

    Има дежурни доктори, кога ти е итно одиш на итен доктор, не праѓаш смс по матичен. Ако имаш време да чекаш смс, не е итно.

    Ова не е доктор, ова е роб. Замисли маж ти да ти е доктор и среде ноќ, вади таквото и вика, морам да одам, ке доебам после, некоја жена ми пиша смс ја болело кичма. И замисли сакаш со маж и дете да одиш на одмор, ама он не смее, оти некоја таму ќе раѓала. Доктор е човек, не роб.
     
    На Anyshka, lia22, *Milicka* и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Ivana 8

    Ivana 8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2021
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    773
    Пол:
    Женски
    Јас ќе бидам многу искрена. Случајно на смена ми се погоди ана марија шпишиќ имам читано дека била врв за скрининг во чаир. Не успеав за првиот да фатам термин кај неа сега за вториов сама ми даде број ( ни ме знае ни па преку некој одев ) да и пишам за да ми го направи. Мене ми е многу непријатно така. Илиевски ме оперираше пред три години имам и негов број никогаш ама никогаш не сум пишала колку и да била итна ситуацијата. Кировски ми е врска му се имам јавено ( иако знаев дека е на смена си чекав ред а можев да завршам работа за 5 мин ) зошто после три саати чекање еден доктор неќам да го именувам некеше клексани да ми препише. И му се имам јавено т.е. татко ми кога имав спонтан и ме оставија цела ноќ со ненормално крвање да дојде порано еден саат зошто животот на конец ми висеше. И не не го почастив. Иако животот му го должам. И кога ја пораѓал мајка ми ме спасил и сега пред 10 месеци.
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.663
    Допаѓања:
    202.212
    Пол:
    Женски
    Дај ми линк од законот кај што пишува дека доктор нема работно време, ќе може?

    Зошто постојат ургентни и дежурни служби воопшто, по вашава логика?
     
    На Anyshka, lia22, Brpbrp и 3 други им се допаѓа ова.
  9. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.806
    Допаѓања:
    6.753
    Не е должен никој надвор од работно време да одговара на повици. Ниту да оди специално за тебе доколку не е на работа. Без разлика дали е лекар или некој друг.
    Секој надвор од работа има свој живот.
     
    На Anyshka, Isabel, *Milicka* и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Алек***

    Алек*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    1.058
    Допаѓања:
    2.396
    Пол:
    Женски
    Како бе нема работно време?
    Тој доктор има свој приватен живот. Стави се ти на негово место, едвај чекаш да си појдеш дома. Еден ручек со фамилијата да изедеш, и во тој момент ти пишуваат и ти ѕвонат трудници. Сигурно ќе го оставиш ручекот, и ќе почнеш да им пишуваш. Како па да не.
     
    На Anyshka, lia22 и natash.a им се допаѓа ова.
  11. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.901
    Допаѓања:
    13.526
    Па ти нели си за частење? Зошто си частела ако не ти бил достапен, м? И зошто даваат број ако им пречи кога им врти пациент? Не реков да дојде специјално да те прегледа, иако има и такви.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Алек***

    Алек*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    1.058
    Допаѓања:
    2.396
    Пол:
    Женски
    Па сум за частење и ќе частам кога ќе дојде време. Од што ми е мерак на душата.
    Јас зборам за тоа дека и они имаат работно време. Па даваат број, ама ти знаеш какви жени има, за се едно му пишуваат на докторот. Епа треба да се има малку осет.
     
    На Anyshka, Malesia и natash.a им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.227
    Допаѓања:
    136.375
    Јовев го избркаа од директор оти имал повеќе саати на работа од законскиот. Истата причина и за Софијанова. Не смеат повеќе од законот. Ама веројатно треба да ризикуваат работно место за да се угоди на сите.
     
  14. natash.a

    natash.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    179
    Едно е кога даваат подароци или пари уште не породени, а друго е кога од кеф ќе и однесеш поздрав, јас кога отидов да ја земам отпусната листа и однесов поздрав, така од кеф од радост
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    13.427
    Пол:
    Женски
    Сами сме си криви што има мито и корупција до овој степен у државава.

    На што личи тоа лигавење со скапоцени поклони и чуда?
    Сами сте ги научиле вака и сеа бараат, епа ќе бараат.

    Не само за доктори, еве и наставниците и професорите не се ништо поарни.
    Уште од мали нозе всадена им е децата таа безвезна практика, па после се чудите што и тие истото ќе го праат.

    Работа им е на луѓево тоа, платени си се, не ги жалете.
    Знам дека викате дека од мерак давате, како еден вид благодарност ама стварно нема потреба, не преувеличувајте.

    Ради ова после господата си се преценуваат и отворено си бараат мито за да напраат операции "приватно", а лажат дека државно нема термини за само да земат некој еврич плус.

    Да не ги тинтравте и да ги разгалувате вака, може немаше до толку да си даваат за право да се занесуваат и да се сметаат себе сѝ за недопирливи.

    До кога вака ја не знам.
    Нели подобро би било да се прекине со ова?

    Си стојам на тоа дека сами сме виновни и сме ги научиле вака да се понашаат.
    Што мераци ќе имавте за улизување бре.
     
    На Malesia и VDT2906 им се допаѓа ова.
  16. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.901
    Допаѓања:
    13.526
    Ова твоево е подобро отколку моето - да му се јавам на лекар кога имам проблем? И тоа самиот дал број. Твоето е мито, драга моја, за пријавување сте и вие што давате и оние што земаат.
     
    На Malesia и Mrs. right им се допаѓа ова.
  17. Алек***

    Алек*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    1.058
    Допаѓања:
    2.396
    Пол:
    Женски
    Не е мито, мито е кога докторот сам си бара. Моево е од благодарност, од што ми е мерак на душата. Јас колку пари имам оставено, по болнициве колку еден нов автомобил, па за едно виски и бонбоњера ли. Мое право, моја одлука.
    Испадна само на докторите даваме, само колку случаеви знам, што на воспитачките им купуваат подароци за да им ги гледаат децата.
     
    На Anyshka, lia22 и Didajo им се допаѓа ова.
  18. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.901
    Допаѓања:
    13.526
    Учете ги само така. И доктори, воспитувачки, негователки, наставници...
    Срамота.
     
    На Malesia, Mrs. right, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.710
    Допаѓања:
    116.440
    Пол:
    Женски
    Не велам да оди на работа, ама треба да е достапен за своите пациенти.. Не бидите буквалисти и не извртувајте муабети. Јовев и Софијанова за друго ги тргнаа не е за повеќе саати верувај ми.
     
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.668
    Допаѓања:
    8.727
    Пол:
    Женски
    Многу измешавте баби и жаби..
    Докторите работат во смени ,како и сите нас ,а имаат и дежурства.
    Никој ,ама апсолутно никој не е должен да ти доаѓа од дома во 2 ноќе .
    Може доктор да ти води бременост и ЦТГ во 9ти ,ама кога одиш на пораѓај ако не ти е на смена ,нема должност да доаѓа,туку те пораѓа тој што е на дежурство .
    И не гледам тука кој е проблемот.
    Проблемот е во нас самите, па мислиме дека некој е должен да ни виси на дугме 24ч .