Леле слична ситуација имавме и ние. Големата беше дојдена на посета додека бев во болница и шеткаа со баба и низ зградата. Иде бабицата која ме породи со првото и ми вика да не е и првата ќерка тука. Дека видела и задрала некое детенце по ходниците.
Во ред е да се почастат акушерките и докторите со мекици и нешто уз нив, благо нешто, кафенце, сокче. Ама, подмитување на докторите, поклони од типот плико со пари, украсни кеси со пијалок,парфем и не знам што, не оправдувам. Се знае дека се платени за таа работа, па уште и да просат од обичниот народ, бог да чува.
Затоа она една куќа, друга купува, празници и делници работи. Ние мислиме Острелија, земја на соништата
Никакви. И цвеќе ако ми дадат го оставам кај станицата за сестри што ни е, што убаво да бев во Мк, секојден полна дома ќе си одев.
Сериозни сте, се надевам одговориве се иронични, подарок бела техника, парфеми, облека за гинекологот, па дури и пари? Ова само во Македонија го има, и народот си е крив, сами си го бараме. Друго е една бомбониера, друго е пари! Платени си се тие за работата што ја вршат не им се секирајте. На келнер што работи за минимална плата и што трча цел ден не би му оставиле 10 ден. бакшиш, а на докторите ( од кои повеќето нема ни да ги видите на пораѓај, или ке се појават некоја минута ), за што се и повеќе од платени поклони купувате. Да, има огромна разлика во работата што ја вршат, но затоа е и разликата во платата. Се породив во друга земја, докторите не сакаа ни едно чоколадо да прифатат, со зборовите дека само си ја вршат својата работа, задоволство им е и само едно благодарам од страна на пациентот им значи. Тоа е професионалност.
Какви поклони, какви пари... луѓе, да знаете само какво е чувството кога го држиш во раце бебенцето и кога ќе ја видиш мајката со солзи од среќа кај што се поткрева да си го баци чедото а во исто време ти се заблагодарува и благословува. Во тие моменти не се гледа ни вера ни нација. Во тие моменти има премногу љубов и сите се расположени... Па прашуваш како ќе се вика, па сестрата кажува колку е тешко колку високо..и следните денови, на визита, продолжува заблагодарувањето... И си одат, и доаѓаат други, се раѓаат нови животи и ти се среќен кога се убаво ќе се заврши а уште посреќен кога по пат ќе те застанат и ќе ти кажат како си бил со нив кога мислеле дека не можат, кога се дереле до таван ) И се смеете со мајките гушкајќи ги сега пораснатите дечиња кои некогаш сте ги држеле во рака...ахх колку е само бесценето сето тоа. Навистина... зборот многу значи!
Нај глупо нешто. Муж ми ако се прашува за овие работи, останав ја непородена. Не би дал ни чоколатце, у вис ќе.ги крене. За диплопска ги почасти по едно атлантис бонбонче и си ја зема назад кутијата хахахаха. Него, мене повеќе ме иритира што сами си бараат. И уште мртви ладни апла зима пликот, не вика ни нема потреба ни ништо, лично сум била сведок. Да одглуми бре дека не сака. Слушам тарифи имале еј тарифи. Во чаир 200 евра, а на гак и до 500. Е сеа не знам колку е точно. Ако знае некој нека потврди, или демантира. Срамота, во какви мизерии се раѓаат децава. Добро а ако фатиш дебела врска пак ли ќе бараат мито?
Јас за ГАК има чуено и дека портирите што се дежурни си имале своја шема. Демек, се пораѓаш покасно, овие јавуваат на татко, фамилија кој и да се затекнал таму и кажуваат дека докторот побарал толку и толку пари. Тие си ги земаат парите, а докторот го оцрнуваат.
Ма јас мислам дека сите се вмешани...апла се гледа. Сите знеме дека има мито, јавна тајна. И пак бе ништо не се менува.
Секаде земаат пари ти од своја душа им викаш што да ве почестам за пиење , а они дирекно у очи ти викаат тоа што мислиш дека треба да частеш дај што ќе даеш во кеш.Мене лично ми се случило ужас е секаде во цела држава
Добро што е со оние што немаат да си дозволат бе да им стават пари во плик? Од детето ли да двои, нивниот апетит да го задоволи. Се им е малце. Уште сме затуцани ние. Ама кој има повеќе, се му е малку.
Леле да се погоди така на некој мој да му напраат и да дознаам... Или кој и да е само да има храброст да му отиде на докторот или директорот и да каже што се случува. И да се расчуе, и да летаат портирите. На клоци јас би ги испратила. Е од такт ме вадат вакви работи...
Каква е оваа глупост ??? Поклон за??? Затоа што си ја завршил работата за која е платен извинете одбивам да поверувам дека и за ова се дава мито/поклон како сакате кажете (по некоја логика на нештата би требало најголем поклон да биде добар пораѓај родено живо здраво дете мајка во добра состојба или добро водена бременост ) извинете вас не ве разбирам што сами се нудите ....
Да, имав врски и не се гордеам со тоа Немој да мислиш дека заради врските поминав којзнае како убаво. Се изнамачив (впрочем какои и повеќето де, одиш да раѓаш, не на прошетка) немав некој посебен третман во соба, напротив мислам дека бев во најутепаната соба на ГАК , ама... јас сакав да ме пораѓа докторот кој ми беше врска. Имав (и сеуште имам) доверба во него. Ако беше во приватна болница, ќе платев за да тој ме пораѓа. Штета што кај нас, како во повеќето нормални држави, не можеш да си одбереш кој доктор сакаш да те пораѓа. Дури и да треба да платиш дополнително за тоа. Јас би платила.
Подарок за гинекологот после пораѓај Posle se zalite ne vi cini zdrastvoto navodno, Navodno vi barale pari, pokloni. Sami si pravite pa posle vie e krivo. Dolznost na sekoj doktor e da go napravi toa pa i na uluca da se sluci poragajot koga toj ne e na rabotno mesto. Kakov poklon, kakvi bakraci uste i ke go prijavam, Sami si gi ucite doktorite pa posle gavol vi e kriv. Sto e toa kako rece nekoja "Гинекoлoг кoј прв гo држел бебетo вo рaце, не е билo кoј." Toj e toj sto se nasol na smena, raboti za plata, ako ne mu odgovara moze da si zamine, ama Vie da mu plakate, pokloni da mu davate.... Ovde ne se znae koj e po zabegan Aj sega koj ke odgovoro "dali jajceto ili kokoskata e postara?" Ako ne prestanete so ova ludilo utre ke vi ja pobaraat i kukata vo koja ziveete. Pametni luge patat od ...... luge Ova jas da go napravam vo Kanada, prvo sto ke napravi doktorot ke mi vikne obezbeduvanje i gotova sum. Neznam koj ke bide po uplasen, Jas ili doktorot. Ke si go platam jas svoeto
Јас не однесов ништо, сакав ама ете така испадна, на сестрите што ги чуваа бебињата дента кога искачавме мајка ми им донесе чоколатца, на докторот сакав на првата контрола да му однесам нешто заедно со синко, ама таа контрола бидна дури после 5 ипол месеца бидејки мм не беше тука пред тоа и некако веќе ми беше касно за да давам нешто, искрено тој не се ни сеќаваше на многу работи од тој период така да сигурна сум дека не ни памти дали сум му дала нешто или не . Пред тоа додека идев кај него додека се лечев, многу пати и него и сестрата им носев нешто, кога правев свадбаа, за некој мој повод, се погодуваше баш кога ми е роденден да имам контрола кога мм одеше странство а он знаеше дека е отиден обавезно нешто од таму ќе му донесеше . Ама секогаш биле чоколада, бонбониери, слатки никогаш нешто друго.
Мажот ми Германец па сам рече нешто симболично да купи за тимот кој ме пораѓаше. Значи не е ни до менталитет ни до здравството, до индивидуата е. Во Германија не апсат.
А зошто подарок? Тоа нели му е работа? Може за частење пијалок благо нешто, ама бела техника, клима читам бараат, кешарица, оууу ноууу. Во мојот случај не му се ни јави некој на сопругот дека сум породена, дозна кога сам пошол во болница зашто му било сумљиво дека не кревам телефон. И кому да му дадам подарок? Ма ајде бре, нека си ја работат работата за која се платени. А реков, пијалок за частење, тоа може. Ова е само мое мислење Да се редактирам Не дадов ништо, двајца доктори и акушерка ме пораѓаа,...значи неѓа да не остаат непорпдени ако немаме врски и ако не дадеме кеш. На државно, во чаир.