Тоа е прекувремена работа која се плаќа плус. Зависи од доктор. Ако има потреба и ако сака ќе остане. Ама не е должен.
Не е должен доколку не е на работа да ти биде достапен било кое време. Стави се на нивно место. Со фамилијата си на ручек. Би одговорила ли на телефон? Јас не би. Кога сум слободна сакам квалитетно време да минам со моите без да мислам на работа.
Значи кој сака и кој има може да части. Мито е да ти каже плати 50 евра па ќе те бутнам преку ред. Друга работа бомбоњера од 1000 денари и пијалок пд 3-5000 денари е во ред, а 100евра ако му ги дадеш не е во ред, ова е едно исто парите се дадени на овој или оној начин. Друга работа златници накити итн премногу е, не е зошто имаш обетки и од 2000 денари и пијалок исто така, саат имаш и од 50 евра но и пијалок исто така. Преувеличивте за сите пари кога ќе се спомне некаков подарок одма се мисли на поклон од 1000евра за саат или било што друго но не е така ама тој што не видел малце подалеку не може ни да разбере ни да знае. Докторите си имаат работно време они можат да останат прекувремено ете хитна операција се паднала кај него и мора да остане, а дека после работа е должен да одговарА не е, можеби на колегите но на пациентите и не баш.
Кардиохирургот и директор на Клиниката Сашко Јовев во 2022 дежурал повеќе во болницата, а некогаш за тоа и без да добие дозвола од тогашниот министер за здравство. Ова е причината наведека во решението за неговото разрешување од страна на актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити. Но Јовев се сомнева дека причината е само суетата на министерот. Директорката на Клиниката за детски болести Аспазија Софијанова и директорот на Клиниката за Радиотерапија и Онкологија Нино Васев си поднесоа оставки од позициите. Тие си заминуваат од директорските функции по барање на министерот за здравство. Детали зошто е побарано тие да си заминат од позиците засега нема, но оставките доаѓаат непсредно по информациите за неправилности поврзани со дежурствата и платите на Детската клиника, како и за немањето терапии за рак на Клиниката за онкологија. И да има потреба без дозвола не смее. На Јовев една трансплантација му е 12 саати, не смее да пречекори. На Аспазија ако некое дете и е со тешка болест, а она го водела бидејќи е на најтешките случаи, ако не и дозволи министер, не смее повеќе сааати да има. Исто е и со гинеколозите. Ако сакате да дојдат повеќе саати кога ви е пораѓајот, без дозвола не смеат, освен ако не им се ризикува како на овие двајцата. Ама ете, викате морале дење и ноќе да бидат достапни, не смееле живот да имаат.
Значи да му дадеш пијачка од 3 -5000 ланци тракатанци е мито. Ако е за офкање чекај ќе му се јавам на докторот, не треба да сваќате буквално дека и за офкање треба да те тинтари. За се друго имаш хитна, ако ти е матичен или се бави со твојот здравствен проблем не го викаш ти туку болницата го вика за хитна( ако е надвор од работно време а може да дојде, ќе дојде. ако не, си има лична замена со твои податоци за здравствениот проблем) И не сте благодарни ако им купувате скапи подароци, него дебили (се извинувам на изразот)
Еххх кума, не е поентата у трошок да ја стават, треба да ја наградат/подмитат како и секој еден поединец у секоја факинг институција, традицијата на ,,фала докторе/професоре/началниче" мора да продолжи, нема врска што тоа им е работа и за тоа се платени. Така настанале и пликцата со пари за пораѓај, за подобар третман итн. Мој предлог: Бајадера, Мерси, Линдор, Рафаело, Моцарт топки, торта, виски, шампањ, златен ланец, алка, часовник, ваучер за патување/спа/бања/шопинг, уплата за одмор, препишување на стан... Истото она што се дава на наставнички/професори/директори/инспектори.
Само кај нас оваа традиција нема никогаш да изумре. Нивна должност е секој еден пациент исто внимание да добие, а не кој ќе донесе повеќе тој златниот третман да го добие. Мене не ми е јасно како си ги зимаат така слободно пликцата, ја да сум совеста има да ме изеде. Или како беше онаа: 'првиот пат е најтешко, после се навикнуваш'...
Не прашав за да ме осудувате, туку затоа што сакав да покажам благодарност на човек кој навистина ја заслужил. Во денешно време, искрената посветеност, човечноста и добрината од страна на доктор се реткост. Не станува збор за скап подарок, туку за мал знак на благодарност од срце. Жал ми е што и една искрена намера денес се толкува на погрешен начин.
Тогаш искрено испочитувај го законот и подарокот нека ти биде во рамки на дозволените максимални 20 евра. Сè над тоа се смета за мито, не ја ставај докторката и себе во криминал.
Некој интересен пијалак, пр. Просеко вино или некој ликер (има голем избор на ликери: Бејлис, Бајадера......) + блакца.
Ма каков подарок бе. Тоа му е работа, плата зема за тоа. Арно и на мене некој да ми даваше плус награда за завршената работа ама не е така. Сами си ги учиме и доктори и судии дека треба да им се даде нешто, затоа сме најкорумпирана држава на цел свет.
Te razbiram...jas na mojot maticen mu napraviv karikatura od nego so bebence i kosnicka so vino i blago. Ne moras da naracuvas karikatura od kojznae kade jas na chatgpt staviv slika od doktorot i mi napravi predobra karikatura samo ja ispecativ slikata i ja staviv vo ramka. Mislam deka e ubav gest od zadovolen pacient.