1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подарок за гинекологот после пораѓај

Дискусија во 'Бременост' започната од Duomna, 19 април 2017.

  1. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Веројатно е до мене, ама јас и не знам како да давам вакви подароци без мене да ми е непријатно. И не зборам за скапи работи или мито, туку еве и за пијалок или бомбоњера или слично во ситуација кога тоа не ми е природна работа. Не знам во кој момент, што да кажам, како да кажам - повеќе време во мислење ќе ми помине :D Исто важи за менторот и комисијата на дипломирање/магистрирање, исто во болница. Среќа што во Систина знаев дека сум го преплатила пороѓајот, а знаев и дека докторите имаат многу поголеми плати од мојата, плус не беше дозволено храна/пиење од надвор да се внесува, проверуваа, па никому ништо и не дадов.
    Благодарна сум им на тие луѓе, ама на крај на краиштата само си ја вршат работата, не сме блиски, ниту посебно се познаваме, и кога ќе им заврши смената не се ни сеќаваат на мене. И бомбоњера нема ова да го смени. Колку и да се фини, сепак односот е професионален. Ги частев блиските - оние луѓе кои навистина ја осеќаа мојата радост и на кои им значеше настанот.
     
    На kjukli, Dadusicka, do-re-mi и 4 други им се допаѓа ова.
  2. karibian

    karibian Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.246
    Допаѓања:
    3.423
    Пол:
    Женски
    Ова со частењето ги навикнаа самите луѓе. Сепак кој си е човечен и си ја врши професионално работата без разлика дали ќе му дадеш нешто или не тој ќе заврши се како треба. Пред 20 години бев на операција моиве за да биде како што треба се и дадоа на докторката еден куп пари на сестри и пак таа не заврши ништо само не моташе дека е се во ред додека не отидовме на второ мислење. Имам уплав од државна болница во целост не само на гак ама заради финансиски причини мислам таму да се пораѓам ама не би дала ништо освен од радост да почастам нешто благо. ТИЕ ЗА ТОА СИ СЕ ПЛАТЕНИ немам потрева да плаќам за нешто што им е должност
     
    На cresa-jagoda, eli25, Sesil и 2 други им се допаѓа ова.
  3. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.108
    Допаѓања:
    40.311
    Во Систина докторот е присутен на пораѓањето, а сум слушала дека исто и во државните
     
  4. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Во Систина плаќаш за да те пораѓа доктор, колку што знам сумата е околу 1500-2000 евра? Епа за таа сума и треба доктор да те пораѓа.
    Јас за државните болници сум слушнала дека акушерките пораѓаат, доктор доаѓа само за специфични ситуации.
     
  5. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.108
    Допаѓања:
    40.311
    70000mkd.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    Мое искуство.во.чаир, двајца доктори беа присутни и акушерка. Без никакви врски.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Абе како може пораѓај без доктор. Мора да има доктор. А кој ве шие доле ако има потреба, се знае докторот. Може акушерката врши поголем дел од работата, но мора да биде присутен доктор. А на царски мора да има два доктора, плус инструментарка, плус сестра и анестезиолог. А ако сакаш одреден доктор да те породи и го викаш од дома тогаш се знае дека ќе треба некој денар плус да се даде.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Забрането е на доктори да доаѓаат ако не се на смена.
     
  9. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Може, тоа не знаев.
     
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Они којзнае какви шеми прават за пари. Сугурно има начин да се "пробие" правилото. Не е дека впечатокот ти е далеку од реалноста.
     
    На iki26 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    Забрането е да. На братучетка ми врската-доктор не и дојде зашто не билна смена. И што? За џабе ургирале кај него. Ама тоа е.
     
    На fina erika и kukla21 им се допаѓа ова.
  12. Duomna

    Duomna Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2016
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Zelba nasa e
     
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.524

    Јас на ГАК се породив доктор беше присутен специјализантка акушерка и сестра за бебето.

    Подароци не дадов. Свекрва ми купила бајадери ама не ги дадов. Со ништо си поминав.
     
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.789
    И јас мислам дека докторот е за специфични случаеви и неговото присуство не е задолжителни за вееме на пораѓајот. Ако дојде до таму работата, да се искомолицира нешто, обврска му е да присуствува, независно дали некој планира да му дава мито или не, во спротивно мислам дека не мора.
    Првиот пораѓај ме пораѓаа две докторки и две акушерки. Вториот само акушерка, сама. Докторот влезе само еднаш на една минута за да види колку сум отворена и толку, не го видов веќе.
    Јас не би дала никаков поткуп само да дојде да ме пораѓа. Ако не дај боже ми треба он, секако ќе каже алушерката дека и треба помош, зависи од пораѓајот. Со акушерка многу полесно минав, полесен пораѓај па и сама се справи не викна никого( едно девојче, стажантка, само гледаше и учеше. Акушерката збореше она слушаше).

    Ако има ред и секој си ја знае и добро си ја врши работата и без доктор ќе бидне пораѓај. А тоа што некои се алчни и користат позиција па бараат мито за извршување на истата е друго.
     
    На Bozica1980 и Mari* им се допаѓа ова.
  15. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Ако е ваша желбата како што реков убаво спакуван пијалок со бомбоњера, мислам доволно е. Ако е жена може плус цвеќе.
     
  16. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Тоа не важи за болницата Чаир каде што одредени доктори доаќаат и од дома а ти ги прашуваш а тоа легално е а они ти викаат да,да тоа е дозволено да ме повикате од дома и да го платите моето екстра доаќање
     
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    A на кого да го платиме? Ако се плаќа во клиниката е ок, ама на него ако се плаќа тоа е веќе поткуп.
     
    На kikin и Antebellum им се допаѓа ова.
  18. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    На него лично каква клиника божем клиниката и дозволува а што би било друго ако не поткуп од искуство ти кажувам и што оти докторот се нафати заврши катасрофално
     
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Чим на него плаќаш тоа веќе не е дозволено и е класичен поткуп. Ко што пишав погоре, никој не смее да иде кога ќе му текне на пораѓај, ама најверојатно наоѓаат некои дупки, се покриваат докторите еден со друг и доаѓаат. Легално е тогаш кога за доаѓањето ќе платиш на клиниката.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Точно се слагам со тебе абе си имаат тие разработено шема на крај краева ако треба на некој да платам нареден пат да забременам би одела на некоја од приватниве клиники
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.