Не знам за гинеколозите, ама моиве доктори не бараат ништо, ако сега некој по своја волја им донесе океј.. За мито не сум чула ни видела, така што ќе останам воздржана, не можам да тврдам дека не земаат, ама јас не сум чула и не сум видела. Лично сметам дека е во ред како благодарност ПОСЛЕ преглед/интервенција да се подари нешто симболично, кафе, благо, АЛКОХОЛ СМЕТАМ - НЕ, мислам дека е крајно нелогично алкохол да се подарува на доктор Инаку, вака на зезање, бидејќи имаме по неколку кг кафе едновремено, се смееме дека на никој не му текнува шеќер да купи Јас на доктори, сестри итн. никогаш не подарувам ништо повеќе од нешто најсимболично што може, нас ни се случува да ни подарат некоја марама и слично. Скапи поклони ни нуделе и сме одбивале. Пари ни нуделе и сме одбивале. И мислам дека така треба да биде. Ако ви бараат пари, не давајте, одете кај друг доктор. Јас така би направила.
Се пoрoдив вo ГАК Сaмo нa еднa сестрa мм и дaде Атлaнтис,кaфе,сoк зoштo немaше кoј дa ми пoкaже кaкo се дoи ,oти ти гo тупнувaaт и ти викa "нa дoј гo мaјкa" ,a никoј не зaстaнувa дa пoкaже и дa им речеш ти oдгoвaрaaт декa ќе дoјдaт,a уствaри никaде ги немa. Прaшaв кaкo се oдмoлзувa,викa стискaј јa брaдaвицaтa (тaa тaкa некa се oдмoлзувa квaчкa oскубaнa),темперaтурa кaчив зoштo ми се нaсoбирaше млекo,a не смеев 3 денa дa дoјaм, стрaшнo! Требaлo блaгичкo,сoкче и кaфенце дa се aктивирaaт,кaкo не им е срaм дa се цигaнчaт зa 200 ден? Дoдекa вo Тетoвo,дo неoдaмнa,зa сегa не сумсигурнa чекaaт пaри oд чистaчкa,чувaр дo сестри,aкушерки,дoктoри,кoј ќе стигне...... Дa ти се плукнaм у здрaвствoтo!
Мислиш дека ако одиш кај друг доктор дека и тој нема да ти бара пари абе сите бараат директно или индиректно
Реков не знам со сигурност, ама мајки со кои сум правела муабет сите до сега кажале дека докторот или влегол да провери како стојат работите или воопшто не се ни појавил. Сите ги пораѓала акушерка и супер поминале.
Акo е дoјденo дa плaтaм 500 еврa вo oнaa кoњушницa oд бoлницa (не збoрaм зa услoвите,негo персoнaлoт јa прaви тaквa) ,пoдoбрo ќе идaм вo привaтнa клиникa,бaрем знaм зoштo плaќaм! Мoре денaр не им дaвaм,oд тaкви митaрoши луѓевo бегaaт oд држaвнoтo здрaвствo!
Во право си, така е. Може доктор и да не се појави ако пораѓајот тече добро, или се појаве на почеток, им даде инструкции на акушерките и си замине. Сум била на акушерско во мојот град, знам како прават.
Реално, пораѓајот го води акушерката, ама мора да е таму докторот. Он повеќе стои до апаратите за притисок, цтг, и слично, а на крај ме шиеше специјализантката. Докторот пред да му заврши смената само дојде да ме види и да види крвна слика после пораѓај. Иначе, сестра ме проверуваше колу прста сум отворена, кога забележа проблем го викна докторот, он реагираше и кога се среди се, акушерката ме породи со доктор кој стоеше до мене и ми кажуваше кога да напнам а кога не. Мислам дека така е по правило.
Значи сепак докторот го викнале кога акушерката забележала некој проблем. Тоа го кажав и јас на почетокот. Сестра на другарка со две деца се породила само со акушерка, целиот процес бил како од учебник. Мајка ми со брат ми исто поминала без проблем, за нецели два часа само со акушерка. Денес ради икс-причини жените имаат икс-проблеми со породување. Некогаш породувањето било сосема природен процес и бабиците го воделе породувањето. Денес и покрај целата технологија, жени умираат на пораѓај а мајки губат бебиња во 9ти месец.
Читам на темава дека во приватните здраствени установи во земјава, за породување се плаќа 1500-2000 евра?! Сериозно ова??? Ако да, кој денес има толку пари за да си го дозволи ова, побогу? Јас се мислев дека не е повеќе од 15-20 илјади денари, уф колку сум била мутава. За овие трошоци со извинење подобро дома да се породиш оти на државно не може да се верува на лекарите, додека приватно кошта ѓавол ипол...
Со 20 илјади верувај ми ни во државно не можеш да поминеш. Зборам за оние кои немале среќа да поминат лесно без врски. Плати му на докторот, плати да најдеш врски, некој да те гледа после порaѓај, почести пола персонал, кога да видиш пресметката е таа. Точно дека не секој има средства за да плати на приватно, кога ќе дојде време јас да раѓам деца мислам дека кредит ќе подигнам ако треба ама на државно не одам.
Секој за себе си кажува. А некогаш кога ќе слушнам дека за веридби, венчаници се даваат по 1000 евра, па за здравје не е многу тогаш.
Пораѓајот ми траеше 6 саати, нормално дека нема да биде таму доктор. Самиот чин на излегување на бебето, мора да е таму доктор. Од порано со мајка ти и сега има огромна разлика. И мене мајка ми кога ме раѓала докторот побарал бунда за жена му ако сакала да роди, па додека дојде татко ми да му каже, докторот излегол надвор од болницата, а бабаицата и рекла јас така ќе те породам. Ама тоа било на времето. Сега мислам дека не смее сама да е бабицата. Едит - 1000 евра е природен пораѓај, 1500 царски плус за лежење се плаќа. И 90 % на приватно се со царски. На државно јас ви пишав, со бајадера недадена поминав.
Аууу да, за свадба да нахраниш и угостиш 300 луѓе се земаат кредити, свадбата еднаш била. Е сум чула и дека парите се враќале. Последно што ме згрози на државно тоа што носеле вода од дома за да се избања родилката. Јас знаев дека е лошо, ама не очекував до толку. Ама знам и за случаи во Систина што ме фрапираа. Да не ширам негативна енергија, и таму никој не гарантира дека се ќе помине во најдобар ред. Не знам дали смее, не можам да кажам со сигурност. Сум слушнала дека докторите се врткаат во салата, тоа што велиш ти, проверуваат притисок ама не пораѓаат. Ете кај некои жени кои се породени пред некоја година доктор воопшто немало.
И со двете деца се породив во државни болници. Со првото, однесов поклон на 3ца доктори, т.е. двајца кои ме пораѓаа и третата беше практикантка, на пракса беше и мојот пораѓај и беше прв природен пораѓај што ќе го види во живо, девојчето 18 часа не се оддели од мене, секоја и чест и во знак на благодарност и нејзе и дадов поклон. Купи мм од Vicko многу убави слики и тоа баш големи за на ѕид и на сите тројца по една слика. Презадоволна бев од сите општо кои се грижеа цело време за мене. Додека за второто други доктори ме пораѓаа, задоволна бев и од нив, само мм заборави да им купи кога си одевме и рековме ќе дојдеме еден ден да им донесеме и толку беше. Заборавивме, помина време и толку.
Маж ми частел овојпат бомбоњера од сестри до обезбедување. Изгледа го дрмала еуфорија што на некој и по двапати им носел инаку не е митаџија. На докторот му однесе симболично колку за фала пијачка со бомбоњера а тој одби, не му било пракса да зема. Најверојатно се уплашил да не има плус друго во кесата, мојс претпоставка, а може човечето си е разумен.Како и да е профи од негова страна. а претходниот со двете ме оперираше и доби ист третман како овој, а за узврат добивме реакција што сте ми донеле пијалок јас пари сакам
Ме породи доктор, доктор ме шиеше, доктор проверуваше колку прста сум отворена, докторот беше цело време до мене , акушерката помагаше ама главната улога ја имаше докторот. Пo порагајот го почастивме една бонбониера и толку.
Докторот ме породи во 3ч по. полноќ го викнаа телефонски ме породи лично он царски го почастивме Виски така сакаше маж ми Со второто ме породи исто Докторката, лично она, на закажано ја почастив Сваровски ланче јас сакав, зашто многу ме тинтраше