Кога ме фатија болки мојата докторка не беше на смена. Едвај чекав да се раздени и да дојде. Многу ми значеше тоа што беше присутна. И ако на 1 минута излезеше од сала ми фалеше. Цело време додека лежеб во болница доаѓаше и ме проверуваше. На пораѓај, покрај неа во сала беа 2 акушерки, 1 болничарка, анестезиолог, а при крај дојде и педијатар и остана до крај. На крак почастив само бајадера и искрено криво ми е, требаше нешто да ја почестам докторката за нејзината посветеност, жената при крај на 9-ти месец еднаш на неколку дена ме бараше на мобилен да види како сум.
Jas na dvete doktorki im dadov po 50 evra, a MM na akusetkite ( smenata) im odnese pola kilo kafe,koka kola i atlantis. Znaci vkupno pominav so okolu 7000 den. Site bea zadovolni i bas se vrtkaa da vidat kako sum.
Не биле криви дoктoрите,криви се пaциентите зoштo сaмите си гo пикaaт нoсoт кaј штo не им е местo,a дoктoрите си земaст зaмaв,им се мoже. Дa пoчaстишблaгo и кaфе дo некaде е вo ред,нo дa се рaсфрлa сo пaри никaкo не гo oпрaвдувaм,aмa бaш никaкo! Тaa штo немa пaри зaднa рупa свирaлo a? И ке ми се жaлеле немaле дoбри плaти,a седaт врaбoтени вo држaвнoтo здрaвствo,зoштo? Зoштo сo митo и кoрупцијa зимaaт пoвеќе oд дoктoрите вo Систинa. Ќе плaќaм дa ме гледaaт,мoре дa не им се прoгледa зoштo пoлaгaaт зaклетвa aкo ги третирaaт пaциентите вo зaциснoст oд тoa кoј кoлку им "фрлил" кеш?.
Не знам за другите приватни болници но кога гледам на фб страната на Плодност (а и од искуство на блиски кои се таму поредени) навистина не ми е јасно покрај огромната сума која ја плаќаат носат и торти да го почастат персоналот.
Па не би рекла дека ке додадеш 500 евра за приватно.Јас поминав вкупно со 3000 ден без да ми бара некој.Дадов затоа што викнав лекар во 2 по полноќ. Ако од 70000 приватен порагај одземеш 3000 ти доагаат уште добри 1000 евра и кусур да доплатиш.А не дека во Систина мн сакаат да те гледаат Да збориме реално и таму се е за пари ама ЛЕГАЛНИ .Овде дека е државно па е нелегално и се нарекува мито.Врти сучи на крај им плаќаш и на едните и на другите .
Таа година кога бев бремена, а воедно се распрашував по болници, во Санте плус 800е природен пораѓај, царски нешто поскапо, но далеку од 3000 евра, затоа како пример дадов дека 500 е плус.
Првиот пат се породував во соседниот град, нашата болница се реновираше и како прворотка одев на недоговорено, начекав непознат лекарски тим и одев на природно. Ме примија во 2 по полноќ и до утрото до наредна лекарска смена немав абер од раѓање. Ме превзедоа новите лекари и увидоа огромен ризик и закажаа итен царски, при што на сопругот му наведоа да оди да се снаоѓа да бара и донеси крв за трансфузија, јас бев премачена, бебето загрозено... после операцијата мм ги почасти сите симболично и со пари и пијалок и благо. Наредните две раѓања ми беа во мој град и закажани со моја докторка и која ја почастив пијалок и бомбониера, симболично внимание. Плус на прељубезните сестри ситници како бомбониера, кафе, сок..сепак радосен момент е, за убаво,мерак ти е да почастиш нешто во граници на пристојност и знак на внимание. Па и во која и да д друга институција некоја ситница да се подари не го гледам како лошо или мито. Јас работев во салон на еден мобилен оператор и имало корисници кои ме почастиле со чоколадо, сок, ми пратиле кафе од соседниот кафич,дури и цвет за осми март.
Мислам дека е нелогично тие што не раѓале приватно да тврдат дека таму скоро сите се со царски, исто не се обрнува внимание и слично. Како што јас не зборувам како е на државно. Дека повеќето се царски не е точно, не би да пишувам на долго и широко оти тоа не е тема. Дека исто или слично ќе поминеш на двете места не би рекла, почнувајки од хигиена па се нагоре до грижа доктори и слично. 6 часа ми бесе пораѓајот од кои докторот нон стоп доаѓаше, проверуваше цтг, притисок, колку сум отворена и слично. На бокс во сала бев со акушерка и болничар а докторот дпаѓаше за истите проверки плус ми даваше совети што да напрвам да се спушти бебето. Кога дојде време, акушерката беше доле, докторот даваше инструкции, ми помагаше, ме сецна и шиеше. Да напоменам бев без проблеми и бев на дежурство.
Јас правев операција во Систина. Чинеше 1500 Евра и знам како се грижеа за мене. На пет минути им звонев и беа нацртани. А кога бев на клиника за друго се дереше таа сестрата. И така што споредба нема смисла да се прави
Немаш гајле Во Систина и јас сум била на детско,гинекологија и урологија и знам какви кретени/ки и таму работат но тоа е веќе вон тема А нормално дека ке ти идат на секои пет мин кога толкава пара си им дала.Така да пак идеш на моето дека каде и да си за пари ке те титрат
се секавам дека и порано ја напагаше систина, а за чудо пак идеш таму, не одрекувај те имам прочитано многу пати дека ги носиш децата , мене ако некаде не ми се допага не идам ни државно да е , а не па приватно да плакам .
Идам кога е хитно И џабе идев кога чекав со фебрилно и дехидрирано дете 45 минути за да на крај ми кажат дека заборавиле да ме најават.Јас каде се лекувам не е темата нели? Зборуваме за тоа каде им се подаваат пари на лекарите.Така да држи се до темата Мојот став е дека им се пика во џеб и на едните и на другите
Па ти почнуваш прва против Систина. И ми пишуваш ко цинично дека немам гајле. Ти ако си задоволна од државно, некој не е. И јас не би пикала пари на државно. Подобро приватно ќе одам. А тоа дека за пари тинтарат не би рекла. Јас од РемедикА не сум задоволна иако е приватна и не одам таму веќе. Се зависи од лекарот А од Систина сум.
Се породив приватно, (не знам кај тоа форсираат царски приватно прв пат слушам) Но знам дека приватно може царски без дијагноза. Си имаш избор кога си плаќаш. Е сега можеби некои жени се осеќат загрозени кога ќе признаат дека одбрале царски без потреба па затоа велат морав, за да се поштедат од непотребни коментари кои нели во денешно време ги има многу. Почастив симболично. На оделение мекици, кафе,сок, бонбони а за докторот посебно си имав купено подарок кој од срце му го дадов. Не го сметам за мито тоа што сакав да почастам, да ја поделам мојата радост. Во кафана на мекици сигурно немаше да ми дојдат да ги почастам. Секој има право да е пораѓа каде сака и да почасти АКО сака. Нема ништо лошо ни да почастиш ни да не почастиш. Како си се осеќаат родителите така треба да прават.
@joy1 а државниве без пари ли се? А парите за здравствено што ги даваме секој месец? А лековите? А платите што ги земаат од каде се? Од буџетот кој ние им го полниме. Не знам зошто не би не тинтрале на државно. Оти им се може, затоа така се однесуваат. Да се најде некој јунак да прибере тоа распашаната команда да видиш каква песна ќе пеат и колку љубезни и фини ќе бидат.
Незнам дали некој воопшто ми го разбра постот.Мислам дека не Конкретно не одбранив државно ниту нападнав приватно.Кажав дека се исти и ендите и другите со таа разлика што едните легално земаат пошто работат на принцип приватно другите нелегално.Неможе никој да ме убеди дека на приватно се љубезни оти се родиле такви со култура или можеби се ројал фемили.Такви се оти дебело им се плаќа.Од мој аспект е така Од ваш можеби не е. Истите што до вчера на државно земаа и ставаа во џеб сега се на приватно
Ама џој на и едните и другите земаат плата а разликата е во тоа што еднове бараат мито шокрај платата а на другиве ти не им плаќаш туку на болницата Дете заспа па да се редактирам дур можам, збпрам општо ама да не пишам нов пост. Проблемот е во самиот систем, и таа у состина и таа у државна земаат плата, едната оди кога е повикана другата те игнорира (со чест на исклучоци), па јас не и плаќам на првава на рака да доаѓа, тоа го прави зш така и е цврсто наложено...ај да не разглабам. Јас не знам ни зашо се фативме за нашево е.ано здравство. Ќе се скараме а пропаѓа државчево
Затоа и реков едните легално другите нелегално земаат.Рака на срце на 100000 денари(за царски пример) уште да ти каже дај ми за в џеб треба да му плукнеш во лице.Од тие 100000 ден добива и он и газдата и самиот бренд на болницата