А тоа нелегалното го оправдуваш? Дека си повеќе за државно гледам па затоа прашувам. И тие се да им пукнеш во лице.
Цитирај ме каде оправдувам? Јас дали сум за државно или приватно тебе не треба да те засега,затоа што тоа не е темата И нема потреба да те боли толку кога некој ја напага фамозната ти Систина.Релакс малце ок?
Не ме боли, ми е гајле да ти кажам право. И тебе гледам те боли кога некој е задоволен приватно. И друга членка ти кажа. Поздрав
Мислам дека ако сам не се подадеш никој не ти бара... од кај знае од кого бара, ако го наклеветиш и за 50е изгуби работно место? Од мојот град доста време се збореше за еден доктор дека зема 150е за царски, 50 за природно. 3-4 познајнички породи на никоја денар не и побара, 5та кажа дека побарал. Океј како побара?Директно? Дај (1)50е или...? Не бе вика ми објаснуваше дека сестри ке ме породеле, он ке дошол ако има потреба, па прашав колку да си платам за и он да дојде и ми кажа толку. Епа сеа кој е крив?
Како можеш да кажеш дека се исти оние кои легално и оние кои нелегално земаат пари? Кога некој се одлучил да учи медицина, точно знаел кои ќе му бидат примањата. По завршување на факултет/специјализација најголема веројатност има дека ќе работат во државно здраватво и извесно е колкава е платата таму. На некои ќе им се посреќи и ќе заминат од земјава, а дел ќе работат во приватно здравство. Процентот на вторите во однос на првите е многу мал. Значи кога знаел за колку учи, што сега се жали и малку му е? За повеќе требал да одбере друга професија. За приватниве. Може имаат повисоки плати, ама имаат и далеку пофлексибилни работни часови. Сабота/недела, ниедно време во ноќта да си достапен и не е баш пријатно. Ќе си речеш, налет парите. Цената не ја формира само платата на докторот, туку и условите, хигиената, персоналот. Нема споредба во хигиената помеѓу јавното и приватното. Неморалот на докторите од државното здравство и барањето мито никако не може да се оправда. И ако вагаме колку плаќаме годишно во јавно здравство во однос на приватно, па таму треба да сме третирани како кинески кралици.
Џои сакаше да ви каже дека истите луѓе работеа државно и беа идиоти. За повисока плата се фини. Не се фини од што се такви ко личности. Истите фаци се. Ама у државно не ги бркаат ако се идиоти у приватно ќе летаат.
Треба да казнуваат и да кренат глас пациентките. Ама у државно се е роднини. Доктор нема да стане ако тате не е доктор.
Не е само до пациентите и до менаџментот и правилата на функционирање е. Башибозук е. Чистачките се толку силни што кога сакаат чистат кога не, не. Како инаку да се објасни фактот дека е грозно на сите клиники, без исклучок. Докторите/директорите не гледаат како е?
^ Стaрo е се' нa држaвнo, и тoa е тoa штo oдбивa. Кoгa сум билa не билo тoлку вaлкaнo, некoјa oснoвнa хигиенa имaлo aмa кoгa гледaш врaти, прoзoри изгризaни oд времетo, метaлни кревети излупени, плoчки и сaнитaријa бoјa смениле oд стoење...нoрмaлнo декa изгледa кo некoј сo рaкa дa немa фaтенo кoјзнaе oд кoгa.
Новата гинекологија не е таква. Таа што ја срушија била крш. Докторите не се толку лоши колку сестрите и чистачките. Баш за парите размислував. 10 год плаќам здравство ама тие пари се и за гинеколог и за општ и за матичен и за хирургија и за дерматолохија и за се. 90 % не ги користиме и не дај боже да ги користиме. У систина плаќаш 1000 еу за 1 пораѓај. Не за се. Ако сакаш кардио 1000 еу.
Не е се до толку дотраено. Незнам кога си била последен пат. Добар дел од клиниките се нови. Не знам за каква основна хигиена зборуваме, ама чистачката со иста крпа да чисти во тоалет и во ходник и ординација не е нормално. Во тоалет не дај Боже да треба да влезеш. Муабетот ми беше дека тоа го гледаат тие што треба и не реагираат. Системот, процесите, органиацијата не чини. Исто и митото, сите знаат, а го дозволуваат. Не чини, ама нели државно, па треба да го прифатиме сето тоа како "дадено" и "нормално" и секако "бесплатно". @Cka за 10 години имам платено 17к еур во јавно здравство. Сакаш да ми кажеш дека сум го искористила тоа? Еднаш годишно крвна слика, урина и посета на мат.лекар ги оправдува овие трошоци? За овис пари во приватно ееееее - топ ќе минам, а не некој уште да очекува да му дадам мито.
Е ти не, ама тир што не плаќаат користат од твоите и моите пари. Сите работат на црно пријавени невработени и со 5 деца. Денар не дале ама се користат. Тоа е бесплатното здравство за сите.
Факт е дека не сите доктори во државното здравство се корумпирани. Не сите бараат. Но , не се слагам дека докторите на државно имаат повеќе слобода, помалку работни саати, дека сабота и недела се слободни ,или ноќеска не се "викани" на работа. Имам близок во фамилијата,доктор специјалист. Е вака да кажам : месечно има од 220-230 работни часови( пошто на секој 6-ти ден е дежурен по 24 ч) . 15 дена во месецот е на повик( тоа значи дека мора да е доатапен 24 ч тие 15 дена) и не смее да го напишти градот. Ако има повик во среде ноќ тоа му е платено 290 ден/час. Овој специјалист со 5-6 24 часовни дежурства и 8-10 повици месечно зема 42.000-45.000 плата. Исти доктор со таква специјализација во систина на пример зема 150.000 плата,а има не повеќе од 160 часа месечно. Збор два за темата. Три пати сум лежела на Гак,сум имала интервенции кај 5,6 др ,никој ми нема побарано денар. Сум дала на одење виски,благо,ручек. Кога ќе дојде ден за породување би отишла на приватно (највеќе ради хигиената) и исто и таму би почастила исто
Читам и не можам да се начудам во која насока оди дискусијава. Јас мислев и врапчињата на гранките знаат дека на приватно мора да бидат исполнети некои екстра услови од повеќе сфери, вклучувајќи флексибилност, брзина на обработка на податоци, удобност... па и држење за рака во текот на еден пораѓај ако треба за да ги оправдаат парите кои го бараат. Си знаеш цена, си знаеш услови, имаш/немаш, одговара/ не одговара и готово. Црно на бело и легално. Ама тоа не го менува и не треба да влијае на минимумот кој едно државно здравство треба да го исполнува. Ај да ги жалиме докториве на државно оти земаат помали плати или да наоѓаме изговори во истото па на некаков начин да оправдуваме криминал. Изговори од овој или друг тип ми се веќе проѕирни. И да, истите доктори се, ама е друга управа и друга команда кај приватњак па не им држи изгледа. А иронија во сето ова дека баш на државно најчесто му иде распуштена команда.
Гледаат,реагираат ,ама џабе. Мањак персонал скоро секаде. Државната каса е празна за дополнителни вработувања. Пари за здравството НЕМА. Ама за реклами за бесплатно ивф за 4 -то дете и ред такви по малку нелогични и небулозни промовирања и олеснувања ИМА . Државното здравство ни станува катастрофа,за скоро може да се остане и без тие малку доктори што ги имаме.
Па јас лежев 24 саати по пораѓај. Една сестра на цело одделение беше. Сите си одат за поголеми плати. Чистачките се најјјзаникаде. Ужас. А истата сестра е за мене што 10 год плаќам здравство и некоја што денар не дала. Ама избегавме од темава.