1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подарок за гинекологот после пораѓај

Дискусија во 'Бременост' започната од Duomna, 19 април 2017.

  1. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.150
    Допаѓања:
    168.740
    Пол:
    Женски
    Последно нешто што треба е да ги жалиме државниве др за ниските плати и така да го оправдаме криминалот кој реално постои. Но, не да ја бараме сета вина во докторите, не сите доктори да ги ставаме во исти кош.
    Еве Еден секојдневен случај. Имаш закажано преглед а редот пред тебе ти укажува чекање 2,3 ч. И бутнуваш на сестрата благце и завршуваш работа. Докторот е крив?
    А гужвата е ради тоа што докторот тој ден има 30 пациенти на мој термин(пошто им ги закажуваат на 15 мин). У меѓувреме имало итен случај и редот се изреметил.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Да се реагира, нема да е џабе. Кај секој од нас на работа, ако не работиме се знае што следи. Нема никакво оправдување за однесувањето кое се зема за нормално и земање мито со оправдание ниски плати.
     
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.790
    Втор пост веќе ги спомнуваш корисниците на бесплатно здравство. Тоа онака или алудираш на нешто друго?
     
    На ph.orhideja, SuperGirl24, ilyan и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    @Cka Кој не плаќа здравство? На невработените мислиш? Може треба кога се оди во болница да отворат компјутер и да видат кој колку работел т.е кој колку платил досега па во зависност од тоа да ги сместуваат во разни соби со поинакви услуги за секој посебно...спрема заслуга нели. Срамота е ова што го збориш.
     
    На ph.orhideja, naturally, simonka93 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    Во трите бремености лежев во Гак а од два пораѓаја никој не ми побарал пари.
    Дека се било добро да не се лажеме.Како што кажаа погоре докторите се подобри од сестрите,колку опнати сестри има мислеш Господ за к.. го фатиле,ама има и исклучоци.
    Доколку сакаш да те породи одреден доктор кој тогаш не е на смена или матична (го има тоа во мојот град а знам и за помалите) ќе си платеш.Јас не гледам лошо во тоа.
    Го викаш од дома и сигурно одвреме сте договорени за цената никој не те пресилува.
    Ако не ти одговара ќе те пораѓа кој доктор ти се паднал.
    Не знам што толку се чудете и се правете како првпат да слушате за ова кога не е од сега,дозволено или не,легално или нелегално не се мешам.
    За приватните клиники се плаќа каде-каде повеќе па така да плати си и во гак приватна соба или во било која друга болница и пак ќе имаш добри услови.
    За мене нормално е кога ќе се породеш да однесеш благо,кафе па и цвеќе или алкохол,парфем.
    Секој според можностите.
    Кога секаде по институциите па и кај мене за едни обични документи носат сокови и кафиња па за сестра или доктор што ми помогнал да родам дете не правам проблем.
     
    На Meckicja, simonka93 и Bubce38 им се допаѓа ова.
  6. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.150
    Допаѓања:
    168.740
    Пол:
    Женски
    Ниската плата во никој случај не ја споменав за да оправдам земање мито од НЕКОИ доктори.
    А каде да се реагира. Министерот за здравство, конкретно за болницата во мојот град се има изјаснето дека е повеќе од солидна.
    Докторите дежураат во соба во која има само еден кревет од 70-те. Купатило користат заедно со пациентите
     
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Болницата има директор. Тој е надлжен за тековно функционирање на болницата - дали се иде на работа кога не треба, зошто гинеколог дошол кога не треба, дали се чисти ко што треба. Ако некој доаѓа и пораѓа ван работно време, јас како директор одма би испитала зошто иде и би се сомневала на мито.
    Не гледам ништо страшно во заедничкото вц.
    Има и екстра доктори во јавното здравство кои ги генерализираме ради другите. И искрено, по мене, сестрите се побезобразни од докторите. Ова и во јавно и во приватно здравство :)
     
    На darcy и Bubce38 им се допаѓа ова.
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.329
    Јас не знам колку им е основната плата на специјалистите, претпоставувам 30.000. Плус дневници, дежурства, трудови кои им се платени на професори, асистенти.
    Во приватно сумата сигурно е 3 пати повеќе, ама да се разгледат и другите страни. Во приватните ако ти се јават ќе трчаш одма, сведок бев кога наш пријател специјалист во Систина го викнаа од свадба (патем во друг град) и отиде. Во државно одма нема.
    Може државата ќе речеме е крива зошто не им ги зголеми платите. Јас сметам дека треба да им се солидни, со оглед на тоа дека учат доста и одговараат за човечки живот. Ама ова, оправдување ли е? Ако ти одговара работи, ако не не. Имаат ли грижа на совест, се прашувам.
    Имав операција и во гинекологија Чаир и Ремедика.Од Чаир си отидов со плачење и на маж ми му реков од кај знае пари наоѓај јас следната ја правам приватно. Таму друга песна.

    Кога бев на скрининг пред 2 недели, ај не ја именувам која др. гинеколог од клиника, сега веќе во Систина , пее песна со пациентите. Добар ден, добри сте, како сте, повелете..... Јас не верував што гледам, зошто кај истата имав искуство со баба ми.! Што ти прават парите значи.

    И најтрагично е што ова е јавно и ако ти смета докторот ќе го наместиш и елиминираш (Стојовски ли беше од клиника) а другиве нека си земаат легално.

    Џој е во право дека едните земаат легално, другите нелегално.
    Нормално дека ги оправдувам првите.

    Сума сумарум нема идеално.
    Јас велам Господ да те чува само.
     
    На Meckicja, fina erika, karibian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Esmeralda-MD

    Esmeralda-MD Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2015
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    42.432
    Пол:
    Женски
    Со втората бременост до последен миг мојот матичен гинеколог беше фин,сите прегледи контроли си ги плаќав(приватна пракса) за кога влегов во деветти месец отидов да се договориме што и како,дали природно ќе чекам или пак царски(со првото дете бев царски).
    Детето било големо и најарно ќе било пак царски и без срам ми рече оти тоа ќе ме чини 300е.
    Без разлика што цела бременост си плаќав за секој преглед испитување кај него,ми побара пари.
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Бoлничaри, сестри, дoктoри..се сетив нa еднa случкa кoгa oтидoв нa пoрaѓaње.
    Вo хoлoт дoле нa ГАК гo чекaв дoктoрoт дa дoјде, бил нa предaвaње. Немaв бoлки, пa не ми сметaше чекaњетo.
    Сo трчaње се симнa еднa сестрa и му викa нa бoлничaрoт - трчaј oдмa нa трaнсфузиoлoгијa пo крв, ни требa вo сaлa. Тoј..дa, дoбрo. Сестрaтa се кaчи гoре, oвoј aбер немa. Се шуткa нештo, врти нa телефoн, збoрувa сo некoи луѓе нa пултoт, нервoзнo гледa вo сaaтoт, пa вo луѓетo сo блaженa нaсмевкa.
    Времетo си пoминувa. Мoждa 10 мин. aмa мене кaкo вечнoст ми се видoa.
    Зaѕвoне телефoнoт, бoлничaрoт се стoпи, пa oди кaј луѓетo - имaте син (стoпен кaкo невестa пред мaжење)...и гледa кaкo теле. Извaди чoвекoт пaри и му пoдaде, кaкo муштулук зa добра вест.
    Вo истиoт мoмент се симнувa пaк сестрaтa...му се рaзвикa декa уште не дoнел крв...oвoј мртoв лaден и викa..сегa деее, се јaвив дa спремaт.
    Вo тoa време некoјa мaјкa лежеше нa oперaциoнa мaсa...
     
    На ph.orhideja, simonka93, Bubce38 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Немојте да мислите дека на приватно се ружи цветаат. Од доктор од позната приватна болница имам слушнато дека жените кои може да имаат тежок пораѓај и нешто да загусте или не дај Боже може да почине одма ги праќаат во државно, за да не се оцрни клиниката. Луѓето им даваат толку пари и не смеат да си дозволат такво нешто.
    Докторите кои некогаш работеле државно сега се приватно, земаат многу повеќе плата и подобро работат. И во државно и во приватно ја работат истата работа, исто знаење имаат и исто толку стручни се. Но платата е таа која ја диктира нивната работа, така. И самата политика на приватните клиники не дозволува да земаат мито или да дозволат пациентите да ги чекаат со саати, оти знаат дека може да летаат од работа ако тоа се случи. Во државно не е така, никој не ги контролира, а и луѓето многу ретко ќе се осудат да ги пријават. Болницата може да си дозволи секакви пропусти, оти најголем број од луѓето таму одат, сакале или нејќеле, оти да имаат сите пари за приватно, ќе одат таму каде што ќе добијат подобар третман и услови.
     
    На simonka93, karibian и Gosh им се допаѓа ова.
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.329
    @forumce jас многу пати сум го слушала тој муабет дека од приватно ги праќаат државно,ама искрено не сум слушнала за ниту еден од мојава околина (имав две колешки, критични на царски пример во Систина) да се препратат државно. Изгледа ова е некој муабет, или се случил кај 2,3-ца , па ајде.
    И тие доктори сите до еден се од клиника, имаат и они опрема за се.На клиника не ни остана кадар. Конкретно гинекологија, јас познавам само едно име таму.
    Страшно.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.543
    Не не. Лошо сте ме сфатиле. Не викам да немаат здравство тие кои не плаќаат. Ама не можеме да ги рамниме клиниките кои ако не даваш пари ќе те избркаат одма и клиниките каде што не плаќаат најголемиот дел а мораш да им дадеш здравство. Многу е различно.

    Иди у Систина и речи не давам денар невработена сум види дали ќе те породат. У државно мораат.

    За тоа дека јас лично сум незадоволна од услугите и гинеколошки и педијатарски во Систина е друг муабет. Ми земаа пари а односот и грешната дијагноза останаа. За жал. Само. Пак друга тема.

    Иако цврсто стојам на ставот дека однесувањето се учи дома. Ако за пари плус стануваат подобри луѓе за мене не се добри. И нормално од 2 до 13 пораѓаи у една ноќ по доктор има разлика. Со тоа што оној со 2 ќе земе дупла плата.
     
    На Meckicja, simonka93, karibian и 2 други им се допаѓа ова.
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    @eli25 И мене да ми е кажувал некој, не би му верувала, меѓутоа слушнав од самиот доктор. Ама пак мислам дека тоа се случило некогаш и е мноогу ретко, она кога ептен не можат да спасат некој.
    Бегаат во приватно, поголема плата имаат, подобри услови, повеќе привилегии. Секој си гледа на подобро да оде.
    Во мојот град, до скоро имаа кревети по собите од втората светска војна, застарена опрема, апарати, лоша хигиена. Тоа не зависи од докторите, никој не би сакал да работи во такви услови.
    Реално, во секоја државна установа, без разлика дали е болница или не, е башибозук, оти никој не се замара. Директорите само гледаат да стават некој денар повеќе во џебот, нема никакви санкции, казни и затоа така прават.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.790
    Докторот работи за плата и ја зема истата, независно приватно или државно.
    Дали е под државна капа или приватњак не треба да има влијание на неговиот однос кон пациентот, неговата посветеност и највеќе на неговата (не)корумпираност.

    Дали пациентот дава пари на здравствената каса или на шалтерот него му нема ама ич влијание. Него му стасува чекчето секој месец.
    Пак ќе речам, изговори за корумпираност нема. А каков е по карактер или понашање во приватен живот воопшто не ем интересира. Професионалноста се учи или доучува на работното место.
     
    На simonka93, Gosh, Bozica1980 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Кое црно бесплатно здравство?! Освен преглед кај матичен, се друго се плаќа! Се! Бесплатно здравство! Да, да!
     
    Последна измена: 22 април 2017
    На ph.orhideja, Gosh, manja666 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.543
    Бремените се 0 денари за секој преглед. 0.
     
    На karibian му/ѝ се допаѓа ова.
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.643
    Пол:
    Женски
    Ама јас не оправдувам бе луѓе.Упорно ми ги извртувате зборовите.Кажа и @Cka подоле под твојот пост што ми беше намерата.
    Иститите ама баш истите криминалци што работеа под државна капа отидоа низ Ремедика,Санте или Систина.Во Санте работи докторка која мене ме породи со првото.За чииј пропусти можам до утре да зборувам оти и лично ја познавам.Ама ете сега веќе е во Личното Санте па нејзе како лекар рејтингот и скокна.А до вчера кога работеше во Гв се фалеше како купува кондури од 8000 ден од парите кои и ги пикаат во џеб.Сакаш да кажеш сега е поразлична личност,по морална е,по вредна е ?Абе ајде..

    И вакви како неа ги има со лопата да ги ринеш.Не заслужуваат ни на едните ни на другите да им се пика.Мислам дека и самиот народ со хорор приказните од типот Никој не те гледа ако не дадеш пари ,дојде до ова дереџе.Еве не дај да видам дали некоја ке остане не породена
     
    На Meckicja, SuperGirl24, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Ако упорно повторуваш некоја лага, мислиш ли дека така ќе стане вистина?
    Престани со ширење владеачка пропаганда како се ни е прекрасно и бајковито, срамота е.

    Се сеќавам на случај каде што жената се породи во ходник во ГАК, бидејќи немаше здравствено осигурување. Ете колку “мораа” да ја породат. А да дојдеш до здравствено осигурување ако си невработен е научна фантастика.
     
    На ilyan и manja666 им се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.790
    Точно, никој не заслужува да му се пика.
    Разликата е што кај едните пациентите често се принудени да пикаат а кај другите не мора. Свесно си оди на шалтер и си плаќа за пакет услуги.
    Легално-Нелегално.
    Разликата е огромна.

    Стварно тррудниците плаќаат 0?
    Јас оти ни сам одавде па си прашам. Ама по темине за трудници и бременост женичкине друго како да кажуваат.
    Како е и како треба да биде се две различни работи со суштинска разлика.
    Ова како надоврзување на корумпираноста.
     
    На Bozica1980, LivingGlam и manja666 им се допаѓа ова.