Што да однесам за полуматура, на блиска другарка? Се мислам да и земам нешто за тело, или парфем, ама знам дека сите тоа ќе и однесат... :geek: Помош малку
Лелее сите ова со саатот ги премислува, еве да ти кажам јас ан дечко ми му купив саат пред две години за дипломска и ништо страшно ни се нема случено, уште сме заедно
Јас се изнадобив облека, и парфеми мислам дека парфеми за извоз имав. Убаво е парфемче, јас и за во средното бидејќи бев стручно добив симболично поклонче. Каде ќе се запишува полу матурантот?
Најдобар подарок секако е пари Во секој случај, подарокот е симболика и каков и да е, добредојден е. Јас за мојата матура добив неколку парчиња накит кои уште си ги носам, парфеми, гардероба, кутија за накит, рамки за слики... сите подароци ми беа драги. За машко сум подарувала сребрена белегзија, парфем, часовник, сет мирис/део/гел за туширање.... Вака идеи - бањарка е практичен подарок или крпа за на плажа...
Јас кога бев матурантка со партнерот се договоривме ние да си избереме што сакаме и потоа јас го платив неговиот а тој мојот подарок затоа што подобро ти да си избереш што сакаш и по твој вкус отколку да ти купи нешто што нема да ти се допадне.. А инаку јас си избрав парфем а тој часовник...❤
Според мене најдобар подарок се или пари или парфем ама секако поскромно ако е матура 500, 1000 денари. Незнам зошто за матурите толку се расфрлаат.
За полуматура е океј пари, накит, колекција парфеми, па ако некој ти е ептен близок и сакаш и нешто повеќе, па да му купиш бело злато, злато или пак часовник, но сепак не мора толку. Ја за моја полуматура добив пари, сваровски и златен прстен и искрено се лутев што толку се трошеле, навистина немаше потреба... За матура добив пари претежно и тоа по 3000-4000 (сепак сите ми се ептен блиски што ги викав, баба, дедо и таков тип роднини, дури добив појше од што очекував) и океј ми е тоа зашо сепак си имав план и добро знам што сакав да си купам, мило ми е што не ми донесоа рандом подароци кои искрено и не се толку потребни и се ради реда. Од дечко ми и партнерот добив Сваровски, а од моите поклон часови за возачка. Сепак за матура од мој аспект може и нешто поскапо да се подари кога е во прашање блиска особа, но пари за таа возраст мислам се најдобар избор, баш тогаш се има трошоци, некој може сака да си уплати за возачка со тие (пола друштво така направија со парите од матура ). Сепак кој колку има можност и кој колку ти е близок, така и се одредува што ќе му се даде. @supergirlmb За дипломска убав часовник за машко е мислам убав поклон. А за женско Пандора, Сваровски
За поламатура некој поскромен подарок, на пр. за машко некоја убава колекција или кошулче, маица, според неговите перформанси, за женско може колекција, убави пижамчиња, или некое парфемче. За матура, и за машко и за женско, некој добар парфем, за машко часовник, а за женско може и некој накит.
Уште малку на женска ми и се ближи матурата, незнам што ќе биди со вирусов али тоа и нема врска.. Се мислев што да и купам па некако ми дојде идеја за сет обетки и ланче со нешто сваровски или незнам до кај 3/4000 денари.. Е сега јас сум од Гостивар па незнам тука каде би купил па ако има од некаде онлајн да се порача ? Гледав на wow.mk али незнам колку се квалитетни.. http://wow.mk/deals/swarovski-elements-set-heart-aurora-borealis_1110.html Можи и препорака за некој друг подарок ?
Тие немаат сертификат за оригиналност. Сто пати подобро едно поевтино парче од продавница на Сваровски, оригинал, отколку две парчиња имитација. За цена од 3-4.000 има обетки.