Јас лани од дечко ми за матура си добив Сваровски ланче од OUXI со приврзок детелинка него, баш го износев. Еве го. Види го прикачениот фајл 589379 Нема потреба од комплети и толку по 3-4000. Мене дури и тоа ми беше многу искрено зашо се трошел толку. Сега не знам колку сте заедно и што сте навикнати ко подароци да си давате ама сепак.
Фала, ќе разгледам и на ouxi.. Ете конкретно како твоето неможам да најдам а ми се свиѓа.. Заедно сме скоро 1 година меѓутоа скоро се немаме навикнато на подароци, едино за роденден ташничка и за 14 февруари цвеќе
Здраво, дали може да ми дадете идеја за подарок за дипломска за другарка до 1000 ден. Часовник има, лани за друга пригода и подарив ланче.
Види на мај тајм имаше убави алки бест френдс, околу 1200 мислам беа. Утре секако ќе имаат некој попуст.
Можеш убави менѓушки некои што би одговарале со ланчето што си и го дала лани, од овие шо продаваат со кристали сваровски, таман до кај 1000 ќе те фати.
Nina box има убави алки за секоја пригода. Не мора да сте баш блиски за да и подариш нешто ептен специјално и стриктно за френдс.
Паричник, алкохол нешто, колекција, парфем, има и доста handmade креативни персонализирани работи привезоци, чаши, кутија за часовници
Кој може да ми каже што се купува за матура? Никогаш не сум била на матура и не знам какви поклони се купуваат досега а дечко ми ќе ја прославува во кафана и ќе ме вика со семејството и неговите најблиски. Обожава теретана, трчање, кучиња, патувања... Многу сака животни ама не знам дали таков поклон се вклопува за матура. Заедно сме една година и неколку месеци, сакам да му купам нешто уникатно што ќе остане во сеќавање дали имате некои идеи?
Па на машки најчесто им купуваат саати, роднини им даваат пари, некој носи парфем/колекција можеби... Можеш да подариш што сакаш секако, вие најдобро си се познавате. Но, јас лично би му земала некој саат, ем ќе си го носи често, ќе го потсеќа на тебе и ќе му остане ко спомен.
Пример може да му подариш патување-викенд некаде низ Македонија. Така двајцата ќе си поминете убаво и сигурно е подобар подарок од било каков саат и сл.
Внуката на мм оваа година е матурантка и би сакала да и пратам некаков подарок , она затоа што сака многу шминки би и купила некоја убава колекција , дали е тоа доволно или треба нешто повеќе ? Слободно кажете и друг предлог но имајте на ум дека подарокот ќе го праќам по пошта па ми е страв да не се оштети при транспорт.
Зависи колку сте блиски и до тоа до која сума планирате подарок. Макар ако земеш убава колекција нема потреба од друго, бар според мене.
До колку пари би потрошила? Колекција некоја можеш, океј поклон за не толку блиска особа е. За полуматура се сеќавам доста добив колекции парфеми, лосиони и такви ствари.