Разгледав и нема ваква тема Воеднo имам и едно прашање:Во недела сум на свадба кај прва братучедка на дечко ми.Секогаш кога сме оделе со негова фамилија на свадба неговите не ми дозволуваа да дадам пари ниту за цвеќе,-а обично поклон во плик даваат,демек ми велеа ти само дојди поклонот е наша работа,пари од мене не прифаќаа иако нудев.Е сега несакам така да биде,а и од други причини-ме на**рчи мајка му ептен и сакам сама да си однесам поклон.Братучедка му велеше дека на поканата ќе пишува поклон во плик,но поканата е кај нив а несакам да се јавувам и да прашувам дали навистина така е напишано.Значи што мислите-дали да купам поклон-гледав машини за филтер кафе нео во техномаркет 800ден,или за нескафе,или да ставам 1000ден во плик?малку ли е не сум ептен блиска со братучедка му па да и се јавувам и да ја прашам,ја гледам еднаш двапати годишно и онака само на обичен муабет ...... навистина немам искуство
^^^ Според мене, ако дадеш сама поклон, а сите заедно доаѓате, ќе изгледа помалку, па и повеќе лошо Ќе даде слика и пред останатите дека нешто не е во ред, според мене... Најдобро тие да си однесат поклон, а ти кажи им дека ти ќе го земеш цвеќето, да не земаат тие, или па старите нека си однесат поклон од нив, а ти и дечко ти од вас... Јас и маж ми, додека бевме во врска, на две свадби кај што бевме 4-та поканети вака направивме, заедно отидовме, први тие влегоа, одма и ние, дадоа поклон тие, дадовме и ние, посебно се сликавме...чиста работа... А вака сите одите, даваат тие поклон, а ти даваш уште еден сама не оди некако... Според мене, ти земи еден убав букет, или од оние цвеќиња од убаво платно, во сева има многу убави и големи, а има и кај пластичарите, и една голема вазна за цвеќе, оние за во ќош, има во Тинех по 600 денари, и се многу убави, вазната завиткај ја како поклон, а цвеќето одозгора врз поклонот нека го наместат, и дајте го тоа ти и дечко ти...
Знам дека ќе изгледа глупо така,ама нешто мора да направам,баш ми се допаѓа твојот предлог :up: Инаку и на дечко ми сестра му доаѓа со дечко и ,ама тие даваат со нив заедно поклон,-последен пат се изнервирав оти отидовме трите-мајка му,јас, сестра му,да купуваме цвеќе-реков јас ќе го купам таа ми рече не не,јас ќе платам,потоа во цвеќарата слушнав како ќерка и и рече овие пари ги даде дечко ми за цвеќето,а оваа скришно ги зеде ,ама се направив дека не чув и не видов ова ме повреди,затоа што ме омаловажи на некој начин,оти откако почина татко ми во полоша финансиска ситуација сме,иако еве сега имам и јас работа-иако не е којзнае што,па и мајка ми најде,не е дека сме катастрофа,се средуваме,ама помислив дека испадна демек немам татко немам пари,и они ќе плаќаат можеби и свесно прави така,за да ме повредиможе не,навистина незнам што да мислам Затоа овојпат,од таа причина се одлучив на тоа,па и ним нека им биде глупо,јас како се осеќав?Или ќе отидам со дечко ми покасно,важно мора нешо да сторам,ќе размислам уште малку време има
^^^ Истото беше и кај мене, и јас немам татко, мада фала богу не бевме во лоша финансиска ситуација, ама она ,,демек,, сожалување, го чуствував и јас, а го чуствував и онаму каде го има и каде го нема ...и онаму каде не е сожалување туку само добра намера... Не ги познавам луѓето и неможам да ти кажам дали така прават ради тоа што мислат дека немате, или едноставно жената мисли дека уште не си официјална снаа и стварно смета дека не треба да даваш...значи не ги анализирај, можеби се со намера да те омаловажат, а можеби ни на крај памет не им е, но ти не се замарај со тоа воопшто... Мене повеќе ми сметаше тоа што за свадбата, свекрвица моја кога бараше 100 бовчи, не помисли дека немам татко, редовен доток на приходи дома, а си бараше... Значи, за среќа имаме финансии добри, но кои се оставени готови и брзо се трошат, меѓутоа таа тоа не го знае, а бараше, додека син и не ја собра, па незнаеше кај да се сврти, меѓутоа јас си дадов тоа што бараше, за мир на сите, но не и заборавив што не помисли и праша имам ли од каде да дадам ?? Од сега направете ред, заедно одете сите, ама вие од вас нешто мало симболично до 1000 денари, и мирна глава...што понавреме ги расчистиш работите, се поставиш на одредена дистанца, и колку помалку се зближиш. ..толку подобро ќе поминеш
Маца по ова што го кажа, мислам дека жената воопшто немала намера да те омаловажи, а ако го направила тоа, сигурно било несвесно, веројатно мислела на тебе и имала најдобра намера. Зошто да тргаш вакви кусури од сега? Ако инсистираш сега ти да даваш поклон сама, можеби ќе ја навредиш неа. Понуди се повторно да дадеш пари, кажи дека сега имаш работа и не ти е проблем, туку напротив, поубаво ќе се чувствуваш ако учествуваш во подарокот. Но мислам дека не треба да носиш посебен подарок или да го тераш дечко ти да се одделите, непотребна тензија ќе создадеш.
Aбе знаеш како,јас и да немам-значи не е ептен да немам,несакам да чекам некој да ми плаќа,барем и моите така ме научија,несакам да испаднам -грев,или другите така да ме гледаат...секогаш сум прашувала за свадби и дипломски-што ќе правиме ,што ќе купиме,ако сте купила колку да ви дадам?и по автоматизам мислам следи-кој нема еден родител-нема пари,жално е,ние ќе дадеме. ..а тоа што сум му девојка не сум од вчера ,и она добро го знае,особено што планираме да средуваме веќе нешто со дечко ми-и им кажал тој,па може слободно да и станам снаа годинава а инаку ЕНЦА гледам дека комплетно се сфаќаме Отидов малку оф,извинете многу,ама некако сум за поклон во плик,дали 1000ден е малку или 20 евра,30 навистина незнам,ќе си купам букет и во кутивче да ставам пари
Епа незнам ни јас како да го сфатам,едноставно несакам да ме гледаат со сожалување и мајка ми вели да не стварам тензии, ама тоа уште ме држи едноставно ме жегна во срце несакам цело време да испаднам добра и да им попуштам,а јас да и нудам пари нема шанса-може само да му дадам на дечко ми да и даде,ама проблемот е што несакам да прашувам колку...незнам навистина,само јас ли да правам компромис? не е работата за поклонот колку за целата ситуација фала сепак,може ќе почекам таа да се јави и да ме праша-ако се јави
1000 денари не се малку од тебе, па уште и цвеќе, јас имав 3-4 пликоа со по 1000 денари, од возрасни нели, по двајца... Ама според мене, сепак е подобро некој украс и цвеќе, или како што ти реков вазна и цвеќе, отколку да пружиш плико таму пред сите, вака поклонот нека го даде дечко ти, домаќините ќе сватат дека еве вие како млади сте сакале од вас нешто да им остане, а свекрва ти ќе знае дека ти си го купила тоа, и според мене, сите моменти кои ти се битни тебе во ситуацијава ќе бидат задоволени... А посебно немој да одите, одете заедно, заедно влезете, ама еве веќе како пар кој се спрема за осамостојување, и нели плаќаат 2 порции и за вас, сакате и од вас да има поклон...покрај главниот, фамилијарен, нели... Дајбоже да си се земете годинава, и да бидете среќни, ама не се зафаќај за ситници, не ги анализирај работите толку...ќе си направиш проблеми непотребни...дистанца само... Коректен однос, пријатен, но во исто време и воздржан...проверен рецепт
Маца јас мислам дека жената не мислела ништо лошо. И јас сум само со мајка и искрено ретко има такви ЛУЃЕ. Таа сигурно не мисли ништо лошо, туку едноставно те прифатила како некој од нивното семејство и нема зошто ти да даваш кога поклонот е од цело семејство. Друго е дечкото на сестра му, затоа што сестра му и тој ќе бидат друго семејство, а ти ќе одиш во нивното. Купи само цвеќе Ете ти пример од Енца нејзината свекрва каква е. Не сакам и јас сожалување ама па треба некои луѓе да имаат осет. Како ќе бара се и сешто кога треба да сфати дека ние имаме една потпора не две.
И јас сум само со мајка ми и ме нервира многу кога некој ме сожалува.Да не бидам оф,јас на твое место само би инсистирала да го купам букетот,а поклон нема смисла да се двоиш.
Јас мислам дека нема потреба сама да купуваш поклон навистина неубава слика остава тоа,ако ти смета таквиот коментар пробај да разговараш со свекрвата или почекај на уште некоја нејзина реакција можеби навистина не го мислела тоа така.Убаво од тебе што се гледа дека имаш култура,си понудила пари за поклонот,и што имаш став но сепак не треба да бидеш толку строга. Конкретно за тоа што праша 1000 ден. и цвеќе мислам дека се сосема доволни ако сепак се одлучиш за сама
Гледам одговори дале оние што се нашле на место на маца,т.е. без татко-ко и јас а другите зошто не дале незнам,иако прашањето е сосем ок и темава,само што маца дополнително има спомнато дека починал татко и... Мој совет ти е да не се замараш,доволна болка имаме од загубата на родител па и уште за ова седи и уживај!сакаат да плаќаат -нека плаќаат,купи си еден букет и помини си убаво...ич да не се секираш ако и одлучиш сама да си дадеш поклон,и сама да си отидеш-не се замарај што ќе кажат другите-секако и без тоа кој сака да оговара ќе оговара....не е во ред што мајка му ги прифатила парите од дечкото на сестрата а од тебе не...не сакам сожалувања ни јас а колку и некој да не те сожалува,ти осеќаш дека по дифолт е така,нели?се осеќаш сожалуван и го мразиш тоа тие 1000 дендај ги на нив а ако не ја земаат-речи им-зашо од мене не се зимаат пари,јас нели се сметам?па нека размислат а тоа дали свесно или несвесно го направила мајка му ќе видиш со тек на време....иако има и добри луѓе,сигурно си приметила како никој не сочувствува со твојата болка и не ја дели со тебе,сите те оставаат во најтешкото,така да не би ме чудело таа и намерно да направила така,но не ја познавам за да судам ќе видиш по ситуацијата,иако сега веќе ќе навлеземе во темата снаи и свекрви Инаку,општо ако зборуваме за поклон на свадба-преферирам да носам поклон во плик-во рамки на можности...сигурно им е преку глава на младоженците од сервиси за јадење,за пиење аи јас тоа не би сакала само двајца другари ги прашав, едниот сакаше-машинка за нес-бидејќи пиеше кај нас дома секогаш матено и многу му се допадна па си побара а другиот сакаше слика со богородица-икона,па доби убава од целото друштво...другите си беа за пари,што е и разбирливо
и јас мислам дека не ти треба да купуваш подарок самата, еден убав букет и доволно е!или ако сакаш можеш и бомбоњера, иако и букетот е ок. Жената сигурно немала лоша намера, најдобро е да зборуваш со дечкоти и убаво да се разберете
Во никој случај не купувај сама поклон, особено зашто жената ќе ја навредиш. Мене баш ми се допаѓа што е обзирна за твојата финансиска ситуација и тоа не е срамота. Немаше да се навредиш сто пати повеќе ако знејќи како стојат работите очекуваше да купиш сама поклон? Да не е без ич, купи цвеќе ете некое убаво, поголемо и готово.
Кај блиски луѓе секогаш носам поклон во плик а кај онака подалечни било што би им можело да им се најде во домаќинството А и денес повеќето пишуваат поклон во плик,ама не секој го пичитува тоа и секако не секој може да си го дозволи,барем порцијата да си ја платиш е културно имам слушнато и дека луѓе давале празни пликови
Извини ама мислам дека нема врска тоа еве јас имам двајца родители но тоа не значи дека ако некој сака да ме омаловажува ќе му биде дозволено тоа.Со или без двајца родители сите сме доволно свесни правилно да пресудиме btw се извинувам што е одговоров малку надвор од темата
Маца јас мислам дека не сакала да те сожалува туку на сите им е полесно да земат пари од машко (дечко на сестра му) отколку на женско - тебе. Луѓето понекогаш од што сакаат да направат добро дело па изгледаат како да сожалуваат а не мора да е така. Јас би си купила само цвеќе, нема потреба од посебен поклон, сепак тие те водат како идна снаа . Вака ако купиш поклон а мајка му не мислела ништо лошо - само ќе кренеш тензија. Уживај, и убав провод на свадбата
Епа вака,фала на сите што ми одговоривте...Инаку во темата можете да пишувате и какви подароци најчесто носите или пак ако сте во дилема како јас што бев Инаку,му реков на дечко ми да се јави и ги праша демек колку пари ќе ставите во пликот и маца да знае колку да ви даде,она-ја слушнав рече-не не нема да дава,ама јас веќе ги ставив во пликото,ајде ајде-уживајте...он и рече епа тогаш да стави она у плико или на вас да ви ги даде,она пак не не,и он рече -ај да не ни се смеат она да носи,ја ќе ви ги дадм на вас-од мене и неа се тие и ќе земеме букет...таа рече дека братучедка му рекла оти не сака цвеќиња ниту свежи ниту вештачки шо ќе им правела,само поклончиња во плик сакала :geek: и така утре ќе ги даде он парите,и ако не ги земат ќе ги остави на маса,па ќе мора да ги земат....а еве сега и он се тегави да дал 500ден јас да не сум давала сама 1000,ама ќе видиме,позз на сите
Добро е што сепак сте средиле работа. Сестрата на дечко ми правеше свадба лани летото и кај нив ист она поканите имаше поклон во плик. Јас не добив официјална покана, пошо бев сметана како идна снаа со неговите . Како и да е, колку и да ми викаа да не купувам ништо, мене ми беше непријатно да отидам така со празни раце. Ја прашав дали сака пари или преса за коса да и купам, пошо имаше една скапана што откажуваше. Она ми рече дека повеќе е за преса. И фино лепо јас купив преса, ја завиткав и ја дадов кога отидов дома кај нив, уште немаше никој од гостите дојдено. Нема потреба да гледаат неговите роднини што сум донела па да зборат. Купив и цвеќе. Туку сакав да ти дадам друга идеја. Има во гтц една продавничка каде прават балони по нарачка (и за среќен брак има) и не се мн скапи. Отприлика колку еден букет. Само јас тогаш не купив, на годишен одмор биле и продавничето беше затворено. Баш ќе бид оригинално ако купиш, не верувам дека некој друг ќе однесе.
Би можело да ,баш е интересно...ама колку ќе цени таа незнам ете цвеќе не сакала,само парички да собере....таква е...може ќе си рече види ја балони носи,а идејата е супер ,ние на една другарка лани носевме младоженец и невеста од балони и во нив ги ставивме парите,во гтц ни ги направија,и сите ни честиатаа за идејата и нив многу им се допадна затоа ти велам на секој не се носи све,такви ти се луѓето