Луѓе ме очекува свадба на која ќе бидам старосватица,поканети се и моите родители бидејќи сме блиски фамилијарно,е сега планирам јас сама да дадам како поклон 6000 ден.плус нели букет итн,што мислите дали е доволно или да додадам плус?
Се зависи од можностите што ги имаш,јас мислам дека околу 100 до 150 евра е доволно и букетот таман...убаво и весело да си поминете,мислам дека честа дека си прифатила да и бидеш старосватица и значи најмногу
100-150 евра 2 свеќи ти треба за во црква ќе си однесеш да ти ги укрсат торта цвеќе платно(ќе ја прашаш невестата каква боја и материјал сака) Во црквата се плаќа еден дел ти едел ден кумовите Еве ова се оние работи што ги знам некако... ее сега во секој град има различни обичаи...
Ке ве молам за одговор, итно ми е!! Викендов сум на свадба кај другарка, не многу блиска, онака од кај мене е, и заедно учевне основно, не се имаме неш претерано дружено, последниве години само на здраво. Сега се омажи и ме кани на свадба, онака, повеке ко од чест, да не речам ко "ради реда". Kанета е и братучетка ми, учеа заедно средно. Цело време си велев, поклон во плик.... ама незз што се предомислив сабајлево и запнав ке купувам поклон, па сега со оглед на тоа што сум студент, брат ми исто и тоа во др град, скратени ми се нозете дз купувм скап поклон. Ке Ве молам, дајте ми предлог за некој интересен па и корисен поклон до кај 1200-1300 денари. Само не вазни и столни ламби!!! Ви благодарамм однапред!!!!!!
Ако си канета ради реда,во тој случај не мора да се заморуваш толку. И јас така бев канета на неколку свадби ради реда-не знам и по која основа бев поканета воопшто,па носев поклон во плик-1000ден. и букет цвеќе. Инаку пред некое време моја другарка исто така беше поканета кај далечна другарка,и иако на поканата пишувало поклон во плик,другарка ми и купи миксер.Дека поголем дел од гостите носеле поклон во плик,невестата немала миксер,што значи дека погодила практичен поклон
Тинкербел бидејки веќе правев свадба и после тоа уште на неколку бев гостинка, мислам дека имам “искуство“ да те советувам За таа цена можеш да најдеш доста поклони, пример: * убав бокал за вино со чаши за вино, ги купив за една свадба летоска и ме кошташе се вкупно 1 200 * мал блендер, без пасатор, повеќе како сецко, во Нептун го имаш за 1 100, на МАХ, јас го купив за една свадба * соковник за агруми, односно електрична цедалка за лимон, зимово многу се наоѓа, а можеш да ја купиш од 500 денари до 1 000 * вага за мерење, од оние дигиталните, ги имаш до кај 1 200 * убав сет тањири и шољи за 12 души, или популарно сет за торта, имаш и за 1 000 * есцајг за 12 души, видов еден од 1 200-1 400, дали да биде во куферче или во кутија е разликата во цената * и до оваа цена можеш да најдеш исто така и огноотпорни садови за печење, за салата, оние за месо пригревање, сет од малечки садови за крем салати... Како тазе домакинка се ова ми требаше и го добив на свадба, нема мака од вишок
Јас добив од статичните машнки за матење нескафе со два убави филџани. И ова треба да е тука некаде со цената, а мене да речеме ми беше еден од омилените поклони. Душа му извадив на машинчето. Јас исто така од едни не многу блиски добив стаклен сад за салаа со дрвена подлога и дрвени лажица и вилушка и бокалчиња за оцет и масло, со дрвено капаче. И ова беше многу симпатично, иако не го употребував садот многу бидејќи е малку поголем од она шт ми треба.
Ви Благодарам Многу на сите што одвоивте време и ми пишавте, инаку се одлучив за пасатор-сецко, всушност 2 во едно. 1200 ден во Техно Маркет. И една гранка со пет цвета, вештачки Гербер. Мислам дека е солидно.
Девојки и на мене ми треба помош. И ТОА ИТНО јас сум на златна свадба кај дедото и бабата на дечко ми , ама не знам што да купам. Они ке си купуваат заеднички поклон ( татко му, мајка му на дечко ми ) ама јас не знам што да земам. Дечко ми вика не требало ништо, во нивниот поклон да учествувам ама пошто мене ми е непријатно да идам така, сакам да земам некој поклон, (btw не знам ни што се купува за златна свадба) . Нешто слатко, интересно да не биде скапо, пошто немам пари за расфрлање
Прашај го дечко ти што им треба за по дома. Пензионери како пензионери, сигурно им фали нешто за во домаќинството. Мое мислење е да купиш нешто мало, а рационално, што ќе го користат. Пензионериве не сакаат многу сувенири и слични некорисни работи. Можеби некој поефтин апарат за домаќинство, чаршафче за маса, некое саксиско дрвце или цвеќе поголемко, украсни перничиња, два пара папучи за по дома , некој сет од две шолји убавки или слично. Само гледај да е поефтин поклон, сепак си му девојка.
Јас не сум тип кој оди на вакви дружења со семејството на дечкото, па колку и да долга врската, од причина што би се чувствувала непријатно. Но бидејќи ти сакаш да одиш, јас би ти предложила да не носиш некој кој знае каков поклон, сепак си само девојка, а и пензионери, тешко дека ќе им погодиш. Однеси им некој убав буќет цвеќе е бонбоњера- симболичен поклон, но според мене доволно. Или пак ако си решила да земаш нешто, нека биде што ќе го користат, како пример сервис за кафе(ако пијат) или чај. За скромна сума можеш да земеш некои убави, кои ќе ги користат.
Ако може да ми помогните, на свадба сум кај мојата најдобра другарка, инаку мажена сум. Што мислите да и купам? плиииис, за веридбата и купивме со мм преубава вазна, ме фати околу 600 денари. Сега за свадбава планираме да дадеме најмногу до 1500 денари или 2000. Помош?
Според мене најубав поклон е пари во плик.Младите ќе си соберат парички и ќе си купат она што им е најпотребно,наместо да собираат по 3-4 исти сервиси,филџани,чаши..... bebeto93 најубаво тие 2000 ден да и ги ставиш во оние украсни за пари,па сега ти како си сакаш
Најдобро ти е поклон во плик. 2000 денари и да не те боли глава, а младоженците ќе си одберат што сакаат.
Освен во случај кога младоженците ти се блиски и сами ти кажат што сакаат, јас секогаш сум за поклон во плик. Подобро и за гостите и за младите
Пак заглавив со овие поклони! За 2 недели сме на свадба со дечко ми, кај негов близок другар, и бидејќи господинов толку знае, ми ја тупоса мене одлуката за подарок. Пари мислам не, зошто младите веќе имаат стан нов со се ново внатре( од бела техника, мебел, мали прибори за домаќинство, буквално се) и автоматски ниту пари иде, ниту некој типичен подарок за свадба. Си викав ќе добијам идеа ама јок. Сумата не сме ја збореле, знаеме дека му се блиски и нема да штедиме, али ипак да не е нешто над 1000€. Совет?
Пари никогаш не се на одмет, ќе се најдат за нешто тоа сигурно. Кога веќе имаат се купено тогаш многу подобро е да им се даде пари отколку да им се купи нешто кое веќе можеби го имаат
И јас исто мислам дека парите секогаш и секаде се најдобредојдени и никогаш не се на одмет.Јас ретко кога купувам подарок.Секогаш си носам пари па тие после нека си купуваат што си сакаат.
Па извидете ја ситуацијата, може да им уплатите некој викенд во Банско, веќе знаете како им е дома, некоја уметничка слика, Масин, Владимир Ѓеорѓиевски, Жарко Јакимовски.... Имаат навистина убав модерен израз, поготово Владо, прави преубави фрески во модерен израз. Но пари никогаш не се на одмет, тоа е јасно