Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подарок за свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од maca99, 7 април 2011.

  1. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    67.711
    Бидејќи ви се блиски, да си ги прашате што сакаат?
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  2. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    327
    И јас сум за пари. Што и да им купиш, ако веќе станот им е опремен, колку и да е убаво ризикуваш да немаат каде да го стават заради пренатрупаност. Парите можат да си ги искористат за меден месец, или можда имаат намера да инвестираат во нешто ( пример давам автомобил, не мора да е тоа) па ќе им бидат добредојдени.
    Е сега ако не сакаш да се пари, прашај ги лично што им треба, велиш дека се доста блиски со дечко ти. Или па купи им нешто луксузно (гледам велиш да не е над 1000евра, па претпоставувам планирате да е во секој случај позначајна сума): вереникот мој е дегустатор на вино, па гледајќи низ продавници налетавме на кристални чаши за црно вино, околу 200 евра чинеа а богами имаше и доста поскапи.Да ти застане здивот беа. Луѓе тој искрено се надева дека на свадбата некој ќе му ги донесе :lol: :D .
    Сет чинии од чист порцелан: и тие се околу 200евра. Сребрен комплет лажици вилушки ножеви: околу 250/300 евра. Тоа ми падна напамет за твојов случај.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    најдобар поклон е поклонот во плик барем според мене, ние на нашата свадба добивме и неколку подароци од кои повеќето беа убави, некои се повторуваа но имавме и еден сервис и една електрична скара од први братучеди на маж ми кои им останале од нивните свадби пред 20години(буквално од нивните свадби бидејќи беа во стари картони пакувани со прашина и залепени со онаа кафената трака, срамота) па ни ги тупнаа на нас. Ако немаат финансии (а имаат и двете фамилии зафатени се) поарно без поклон да дошле. Свекрвата многу се изнервира бидејќи она на нив им носела по 100е па сега ми рече да ги чувам ќе ми се најдат во некоја прилика да им ги вратам (ама не сум таква) На сите млади им требаат пари па така и гостите ќе се спасат од непотребни нервози да шетаат по продавници и да се мислат што да им купат. Ние од свадбата бевме на одмор, си го реновиравме купатилото и ставивме парно (нема веза се заебавме што го ставивме парното доле па сега свекрвата го пали само по нивна потреба т.е кога ќе се врати од работа а ние пак си плаќаме огромни сметки за струја за да се стоплиме иако купивме и 15метра дрва ама тоа е друга прича да не забегувам од темата) сепак сакам да кажам дека ќе им се најдат и парите и поклоните на младите ако знаат како да ги искористат
     
  4. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.450
    Допаѓања:
    34.593
    Пол:
    Женски
    Истото мислев да го посочам, но видов дека веќе се дал ваков предлог. Лично мене, кристалните чаши се одличен избор. Имам комплет од мојата свадба и искрено ми се омилени. Не мора да бидат само за вино, можеш да направиш комплет пример а сок, за црвено и бело вино за пиво и сл. Доколку не сакате да има дадете пари, вакво нешто е одличен избор.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Rubiii јас би ти предложила или уметничка слика или голема икона (ако младите се верници). Можете да им уплатите и викенд, не мора да е во Банско. Еве Венеција, Верона, Париз на пример. Секако, доколку сакаат да патуваат.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Фала ви многу за помошта и одговорите! :)
    Слика отпаѓа, зошто станот архитект им го уредуваше, се е под конец наместено и купено и поставено, а икона уште потешко, зошто не се од оние кои би се воодушевиле и бендисале таков подарок.
    Кристалниве чаши ме замисливте, ама па ако е 200€ тоа ни е некако малку... А повеќе сетови да носиме неиде... А многу ми се допадна идеава.
    Патување е чест подарок кога се во прашање другарите на дечко ми, и традиција е кумот да уплаќа патувања, и овој пат ќе е така, им уплатија за меден месец на Куба, ама бидејќи ќе одат во мај, ние можеме да им уплатиме за некоја друга дестинација за летен одмор, зошто младенците се мераклии за плажи и журки.
    И веројатно тоа ќе ни биде конечната одлука и поклон.

    Фала ви уште еднаш девојки. :)
     
  7. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    327
    ^ Руби, само да ти кажам дека чашите, се од 200 евра нагоре, зависи од кристалот имаш и за 600/700 евра.
    Сепак супер ви е идејата за летен одмор. За тие пари има да им уплатите топ одморче ;)
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ја добарав темата за Подарок пари во плик, ама никако да ја најдам... :?:

    **

    Едно време ги разбирав оние кои пишуваат дека сакаат пари во плик, да ја исплатат свадбата, ама сега го сменав мислењето, откако ме затекна една случка.
    Другарка од нашето старо друштво ми прати покана за свадба и со пенкало напишала да носам пари, а јассум невработена, и мислам дека малку требало да има осет.
    Секако дека сум свесна како парите се најдобар поклон, но со оглед на мојата ситуација (која таа многу добро ја познава) мислам дека не морала да ми пишува така.
    Телефонски ми кажа низ муабет дека порцијата била 17 евра во тој хотел, па да сме носеле минимум 20 евра. :call:
    Значи, поглупаво од тоа да бараш минимум - нема. :o
    Девојчево отсекогаш беше алчно, а скржаво, така да ова ништо чудно не е за неа, ама веќе цело друштво наголемо ја оговараат, па дури и велат да не и одиме.

    Нејзината поверна другарка од друштвото веќе и кажала (пред да добие покана) дека ќе и даде пари. И замислете на нејзината покана не пишувало: пари во плик. :tmi: :devil:

    Со парите сакала да ја исплати свадбата, да си го плателе медениот месец, да направеле шопинг и да си ја купеле спалната.
    Па, извини девојко, ама си претерала малку. И јас многу работи сакам, ама нема.

    Свадбата е за 2 викенди, па навистина се мислиме дали да одиме. Дотичнава се постави многу арогантно кон нас, со х барања, без нималку осет и срам, и повеќе од јасно е дека целта не и е свадба од љубов со нас до неа, туку само за парите. :swear:
     
  9. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034

    Јас кога би била на твое место не ми одела. ;( кратко и јасно
     
    На Silver.E, Glasna и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  10. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Секоја чест да младите кога организираат свадба, јас знам дека има многу трошоци, а броен буџет. НО и тие треба да имаат во предвид дека сите сме со броен буџет. Можеш да кажеш или напишеш што преферираш за поклон, конкретно пари, ама неможеш да ги тортурираш луѓето. Имав и јас некое вакво слично искуство. И не отидов на свадбата. Срам не срам не се најдовме на пола пат. Они апла во лице кажуваа пари, јас немав и не отидов.
     
    На Silver.E и Doozy им се допаѓа ова.
  11. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    јас пак се чудам ,ваквите што воопшто прават свадба...на ти го,дај ми го :emo: .Aко си сакаат свадба да си прават нека си ги испружат нозете колку им е долга чергата.
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sexymama

    sexymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    84
    nikogas nema da mi stane jasno ova pokana so tekst "Poklon vo plik"
    mnogu nevkusno mi deluva , kolku i da e prakticno za mladite
    e sega ima i slucai koga mora poklonot da e pari , eve primer sledniot mesec edni prijateli ke pravat svadba za kerkata koja ne zivee vo Mk , na takvi na primer nemozes da mu odneses vazna pa da ja seta po avioni , mora pari
    Parite kako pari ke se potrosat , a poklonite i den denes si gi pametam koj od kogo mi e
     
  13. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.324
    Допаѓања:
    17.883
    Пол:
    Женски
    Јас кога ќе правам свадба не би пишала поклон во плик, а и сега и да не е пишано, мислам дека сите носат пари.
     
  14. D-a-n-i

    D-a-n-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    32
    Да, ама може и многу паметно да се искористат, да речеме еве на пр. за мебел, све онаа што ми фали ќе си го купам. :)
     
  15. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со Векичка, денес и да не напишиш пак гостите си носат пари, иако има и такви што купуваат, сепак поголем дел е поклонот во плик.
    И да парите можат на многу корисен начин да се искористат, поготово ако младиот брачен пар почнува од нула па им треба се..

    Инаку и јас не би пишала поклон во плик..
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    "Поклон во плик", попросто нешто амин. Типично просење пари. Секогаш кога ќе ни стигне покана со ваква најава татко ми ме прашува: "Што може да собере во плик? :?: "
     
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    На свадба сум кај другарка и ќе одам уште попладне, кога ќе доаѓаат да ја зимаат...се носи ли тогаш нешто или вечерта во кафана се дава само букет и поклон? :?:
     
  18. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Парите се најчестиот избор за подарок за свадба.
    На секој млад брачен пар му се потребни,само зависи колку умеат рационално да ги искористат.За некои,и тоа што е малку е доволно,ама пак за други и кога се многу,пак не стигнуваат.
     
  19. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Не се носи ништо,ќе си го дадеш вечерта поклонот во ресторан.
     
  20. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Можеш да однесеш само цвеќе, а во ресторанот ќе и го дадеш подарокот :)