Здраво феминки, на тема поклон моментално сум во дилема колкав износ да ставам во плик кај блиска другарка. После дискусии со другите другарки решив сама да давам затоа што сметам дека сум во подобра можност да дадам повеќе. Совет барам за износот на сумата, но и за вашето мислење на следновно: не ми е јасно колку луѓето се окупирани со својот изглед - за да отидеш на свадба, мора да идеш на шминка, фризер, нови алишта и цвеќе и отприлика фаќа и до 3000 ден за ова, но некои од другарките инсистираат многу пониска сума да се стави во пликот. #Дали е ова нормално? Фала однапред
Зависи колку можеш и сакаш. Мислам дека 3000 денари е сосем ок но сепак ти си ја знаеш математиката. Ние имаме договор за секоја да биде по 3000 оти тоа е некоја средна сума што на сите би ни одговарала, ем да биде добра сума ем да не се стиска никоја. Сите сме со различни финасиски можности па мора да се најде некоја компромисна сума. Што се однесува до шминки, фризури за свадби не правам, сум правела ама искрено мн пати ме утнуваат. А облека си купувам ново, ете од кеф да си направам комбинација и да се дотерам. Зошто се дотеруваат луѓето за свадба? Оти таков е поводот бе убав, сите дотерани и лични. Е лошо е кога ќе се претера и ќе премине во кич, инаку не гледам ништо лошо во тоа некој да се сака да се дотера за свадба. Лично на мојата свадба би сакала моите другарките да се најдотерани и највесели.
Јас кај ептен блиски другарки ставам по 100 евра во плик а кај подалечни или со оние кои не се дружам многу често по 50 . Среќа до сега сите со време ја најавувале свадбата па сум имала време да ги планирам финансиите и со време да почнам да тргам пари за поклон. И јас како Мими не идам по шминкери и фризури правење бидејки ете тие пари боље нив да им ги дадам,знам дека повеке ке бидат од корист така отколку јас да се перчам со посебна фризура или што ти ја знам каква шминка . За дотерување и јас сакам ново нешто да си купам па така оваа година ми се погоди со еден фустан кој го платив поприлично да истерам 2 свадби .
Незнам зошто ги гледате свадбите како церемонија со тарифи. Ќе си стави секој колку може да си дозволи, 500, 1000, 3000... Дури и некои од тие што ги прават свадбите незнам како можат да бидат толку неблагодарни и да коментираат "овој близок ми е, а ми ставил многу малце". Колку и да е близок, можеби тој некој баш во тој момент неможе да си дозволи повеќе. Ние имавме коверти од многу блиски со 1000, 1500, 3000, а и од не многу блиски по 6000 ден. Нај драго ми беше што дојдоа сите што ги поканив.
и кај нас беше исто,имавме блиски што ставиле по 1000-1500(на мм прва братучеда беа 5 души дојдени со 1500 денари,најискрено) а имавме и далечни што ни дадоја по 100 евра....кој колку сака нека носи,јас и мм си имаме одредена сум за кај сите ставаме по исто,плус цвеќе
На свадба кај далечна познаничка би било ли во ред со 2000, јас и другата поканета другарка, да се појавиме?
Zdravo feminki vi doagjam na kratko na gosti jas sum od temata trudnicki muabeti i imam potreba od pomos. So ogled na toa sto mi se blizi terminot za poragjaj sum preokupirana okolu toa i navistina nemam idea sto da kupam za poklon za nevesta. Stanuva zbor za moj prv bratuced koj mi e premnogu blizok mozam da recam deka go smetam za brat sega na 21 noemvri ke pravat veridba i se dogovorile za veridbava da se daruva nevestata, a zetot za svadbata. Ne mi pagja nisto posebno na pamet stvarno ne znam sto da i kupam na snaata, nemam idea a taa jasno si kaza deka ne saka poklon vo plik. Ve molam za sovet, i nekoj interesen predlog. Ako vi ide na pamet nesto ubavo, nesekojdnevno, specificno i sekako da bide na mesto zosto ne sakam da bidam usramena pomognete mi. Blagodaram unapred
па зависи што се носи во твојот крај по веридби.. јас правев веридба само со семејствотата на двајцата али сите блиски ми дојдоа одпосле, претежно пари, благо и букет ми даваа, а имав и едни преубави пиџами, бањарки за двајцата, парфеми. Јас коа одам некаде на веридба цвеке не носам пошто венее и џабе фрлени пари ми се, тие пари ги додавам на поклонот. Кај подалечни што не знам што им треба давам пари, кај поблиски ако нешто ептен знам дека им треба тоа им го купувам. Скоро бевме кај ептен блиски роднини на веридба, знам дека сакаа тостер да си купат па им купив јас. Украс исто не носам за поклон за било што да е, не знам дали ке им се бендиса, дали ке им се слага бојата итн... више сум по практични работи за поклон.
Можеш ташна, некое интересно парче накит Спојлер http://www.mkrubin.com/za_nas.html, тука има многу интересен накит. Можеш бањарка Свиланит за невестата сега, а за младоженецот подоцна. Спојлер Мислам дека ги има во Тетекс
Незнам дали овде е најсоодветно ама ми треба помош за подароци за свадба. Следната година ќе правам свадба ама незнам на кој треба да дадам поклон и што е соодветно. Досега не сум била на свадба кај некој близок и затоа незнам што и како се поклонува.
Jas letovo pravev svadba, a pokloni dadov na zakonitite se znae na kumot, deverot, starosvatot, svekorot i svekrvata i na zolvami. Im dadov na site pari vo plik po 100e, e sega toa ne e zadolzitelno koj kolku saka i sto e najbitno kolku mozes da dades ili pak kako ke si se dogovoris mozes i da im kupis nesto namesto da im davas pari. I uste nesto sto e isto taka bitno se e vo zavisnost kakvi adeti imate vo tvojot kraj oti sekade e razlicno kaj nas vo pp taka pravat site pa ne izostanav ni jas. Isto taka i dadov podarok i na taa sto mi bese glavna deverica.
Работата е што друг ден ќе правиме матично, а после свадбата. Е сега незнам кога да им дадам поклон и што. Друга работа е што венчаницата, накитот (бурмите) и се што ми треба плус украсувањето, бидермаерот и сите тие ситници ќе ги платам сама, од страна на мм ќе платат само за ресторанот за нивните гости и за дома кетеринг и оделото на мм.
Ami zosto ne se dogovorite trosokot da go podelite na pola. Kaj mene bese vaka znaci se dogovorivme so mm toj so majkamu, tatkomu, sestramu i zetmu da dojdi kaj mene doma za da se zapoznaat nasite roditeli toa mu bese prvo viduvanje a slucuvanjevo bese na 16 Maj. Koga dojdoa tie kaj nas svekrvami me daruvase mene so bovchalak znaci vo bovchata imase so od vesh do trenerki i eleganten komplet koj prethodno bevme zaedno izlezeni i se sama si birav a taa si plakase, mi dadoa ogromen buket i mm mi stavi prsten na rakata toa bese eden vid kako zaprosuvanje. Po ova i majkami imase isto taka spremano bovcha za nego mu ja dade istata vecher otkako se dade zborot i se dogovorija svatovive tatkomi se javi kaj moite najbliski i gi pokani da dojdat site kaj nas taka i se sluci i bese dogovoreno site gosti sto idat taa vecer da me daruvaat mene a na zetot nisto. Pa kako sto go teravme adetot imase veselba do kaj 23 i 30 casot pa me zedoa mene i zaminavme kaj mm vo mojot nov dom kade me precekaja site negovi najbliski i tamu me daruvaa mene po kratko vreme dojde celata moja familija vo domot na mm i tuka ostanaa do 5 casot sabajleto imase nevidena festa. I sega sleduva se dog okolu svadbata ja zakazavme na 19 Juli, pufki za dever, kitenki, korpa za pocestuvanje vo salata, pufki za deverusite, casi ukraseni, pernice za prstenite vencanica seto toa go plati tatkomi. Mm si go plati odeloto, za domasnite obvrski ne zboruvam posto se znae sekoj si gi plaka svoite doma. Svekrvata mi go plati bidermaerot a ukrasuvanjeto vo salata, nevestinskata torta, cokolatcata za pocestuvanje toa go delevme na pola. Site nasi najbliski rodnini koi bea prisutni na veridbata i me daruvaa mene, istite tie go daruvaa mm na denot na svadbata koga dojdoa po mene i otkako gi napravivme site adeti so deverot jas mu gi dadov plikata(poklonite) na tie sto prethodno ti gi nabroiv. Vaka bese kaj mene pak ke recam sekade e razlicno i koj kako ke si isplanira ili dogovori mozebi nesto sum propustila ako te interesira uste nesto slobodno prasaj kolku mozam ke pomognam.
Кај нас ќе нема толку многу адети. Само ќе дојдат кај мене со музика, без купување невести, пари во кондури и слично, и од таму идеме во црква, па во ресторан. Е сега кога ќе дојдат кај мене на кој се треба да му дадам поклон. А и се мислам до која сума бидејќи поголемиот дел од свадбата ќе си го платам сама.
Mila moj sovet ti e togas da mu dades na tie sto ti se glavnite a ti si znaes koi se tie pretpostavuvam kum sekako, dever, starosvat ako imas, svekorot, i ako sakas da dades na dever ili zolva ako gi imas i niv vo plik po 50e cim e takva rabotata ic ne e sramota. Zosto ako odlucis da kupuvas nesto na pr mikrobranova pecka sega toa mi padna prvo na pamet i tie se dvizat od 3500 pa nagore taka ke ti dojdi poskapo. Ne mu se sekiraj mnogu veruvaj mi ti kazuvam od licno iskustvo oti nikoj pokasno nema da ti kaze fala. Mozes samo ti otkako ke pomine seto da se kaes i za tie 50e sto si gi dala nekomu od kogo si ocekuvala poveke mozes da se razocaras. No sepak ti si znaes najdobro.
Секако нема микробранова да им купувам, ама морам да разгледам зошто пари да им дадам некако не ми иде. Најдобро да ги прашам што сакаат малку да ми го олеснат изборот или за кумот и кумата еден заеднички поклон, за старосватицата и нејзиниот вереник исто заеднички.
Da da najdobro ti e da davas zaednicki poklon, i vo pravo si nemora da davas pari, no isto bi te sovetuvala i da ne gi prasuvas zosto moze da ti pobaraat nesto za koe ti ne si vo moznost da im go dades pa ke se usramis pred niv. Pa kako sto kazuvas deka slednata godina ke pravis svadba, imas dovolno vreme da razmislis i da razgledas imas mnogu opcii sigurna sum deka ke go napravis vistinskiot izbor. Edna moja rodnina koga pravese svadba bitnive lugje gi daruvase so kufercinja komplet lazici, viljuski i nozevi, toa sekogas treba i e dobredojdeno na sekogo ete ova sega mi tekna ako ti se dopagja idejata.
Сакам да ве прашам дали сте биле некогаш на свадба со дечкото кај неговата сестра или брат и дали вие сами посебно сте купиле нешто јас утре сум и мама ми вика не правилна одлука била али ипак морам да одам јас кажав....