Јас и дечко ми кога сме оделе на свадби, родендени, крштевки, повојници секогаш сме носеле заеднички поклон. Така да мислам дека би можела да се договориш со дечко ти заеднички поклон да им однесете, секако доколку и тој се сложува.
Најдобро да си зборниш со дечкото. На нашата свадба, девојката на братот на мажот ми, донесе посебно подарок, исто како што тој претходно однел кај нејзината сестра. Се е ствар на договор.
@Slatkarka94 те молам немој да ми се лутиш, не мислам ништо лошо, и не знам поинаку како да ти го кажам освен, ти не си член на нивната фамилија - се уште. Според мене, треба да однесиш нешто, се разбира во договор со дечкото, но сепак, од тебе да биде. Тој и е брат, веројатно фамилијарен подарок ќе однесат. Јас општо не сум дечковци и девојки да се канат на фамилијарни веселби затоа што утре-други ден не знаеш што бива.
У право си и мене не ми се оди ама и неговите ме викаа и сестраму неколку пати ајде дојди ова она...настојуваа
Не те сфатив баш најдобро.. Но како и да е треба да си однесеш поклон, без разлика дали го даваш сама или заедно со дечко ти.
@Slatkarka94 Без оглед на нивното убедување да присуствуваш, треба да имаш свој став за ваквите фамилијарни веселби. Ако не сакаш, не мора да одиш. На тој начин нема потреба да размислуваш за подароци. Тоа се прослави кои остануваат овековечени засекогаш, а не знаеш дали некогаш ќе бидеш член на нивната фамилија.
Ве молам за совет што за поклон? Свадба и вселување на кука во исто време значи свадба во домашна атмосвера. (ЗА мојата свадба ми донесоја вилуски и нозеви а кумовци од моминска страна ми се). И сеа јас шо да земам?
Ве молам совет за подарок до 50€ ( дали некој мал уред за домаќинство, постелнина, чаши за вино, украс за дома)...
Погледни на страната на Карес, има доста штосни и уникатни ситници како за поклон: http://www.kares.mk/productcat/57/52/accessories.aspx
@Rubiii, најдобро би било да ги прашаш младенците што им треба, да не им купиш нешто што веќе го имаат. Кафемат е убав и практичен подарок, како и тостер на кој му се менуваат плочките, апарат за правење палачинки, електрична скара, соковник. Елегантен подарок е и сет квалитетни чаши за вино со декантер или кристално шише за жесток алкохол. * * * * * * @butterfly*, точно е дека поклон во плик е најпаметен подарок, сите сме свесни за тоа но не секогаш сите се во можност да повлечат 3-4000 во кеш (плус пари за цвеќе, бомбоњера, такси итн) па затоа понекогаш финансиски е мнооогу поподносливо да се купи нешто убаво на рати.
Мене пак поклоните ми се со посебна драж. Јас со ќеиф ги отварав нашите поклони и ми создаваа посебна возбуда отколку ковертите бидејќи знаеш што има внатре. Поклон- пари ми е повеќе за парови кои не ги познавам добро, а за поблиските многу повеќе сакам да одберам убав подарок кој ќе им остане во сеќавање. Баш идниов викенд сум на забава кај многу близок другар по повод регистрација (класична свадба нема) па планирам поклон. Исто така посебно ме радува кога е посебно убаво спакуван поклонот....кога се пази на ситниците многу ценам, па затоа и јас сум таква, за секој повод подарокот да е убаво спакуван, со машна и картичка
Се согласувам со @Kitten за вниманието кон подароците, и најмало бонбоњерче да е па сакам да е со машни, гранки и сл. Поклоните ги бирам со внимание и љубов, а исто и нивната декорација. Конкретно, сега сум на 3 свадби каде на двете ќе дадам пари ( на едната свадба зошто немам појма што и не сме мн блиски па цела екипа едногласни беа за пари, втората пак ми е мн блиска ама им требаат), а оваа третава имаат високи примања и веќе се наместени, ништо не би им значеле 50€, затоа сакам спомен преку подарок. Како се движат убавите чаши за вино? Дали ппстелнина (гледав во Тач) е глупав подарок?